]Не мешај баби и жаби. На компјутерот во секое време можеш да надградиш рам а на телефон неможеш. И друга работа, во денешно време да го купиш најслабиот ккомпјутер што се нуди на пазарав како така ке биде функционален, а најслабиот телефон ке ти остане само за украс.
Не мешам баби и жаби, али андроид телефонот функционира идентично како и компјутер. Не е точно дека во ниту еден момент нема да имаш онолку рам колку што е декларирано ?
Јас во моментот кога ке го упалам компјутерот, немам на располагање 8 гб рам како што пишува на плочите и во спецификацијата кога го купував, туку имам 6 гб. И со тие 6 гб ги работам останатите програми.
Така да ако на телефон со 4 гб рам, 2 му црпи андроидот (кој му е оперативен систем како и виндоусот) и велите дека тој телефон треба да биде деклариран со 2 гб, тогаш и компјутеров треба да ми биде деклариран со 6 гб рам, а не 8.
А тоа што некој сака андроид телефон со 1 гб рам и тој да му ги отвора одеднаш сите можни апликации, тоа е негов проблем.
И ја сакам со стариот компјутер (со 768 мб рам и амд атлон 2.0 процесор) да работам идентично како и на сегашниов, али неможам, уште на првиот таб отворен во хром се укочува. Кој е крив што не ми појаснил како функционира рамот и зошто е битно да имаш што е можно повеќе ? Продавницата сигурно не.
Денес е многу лесно во сферата на интернетот да дознаеме за се и сешто. На крај краева сигурно би имал пријател кој користи било каков паметен телефон, па би го прашал за мислење.
Али во денешно време народот повеќе знае да работи на фејсбук, да се чекира, да става слики, сечени, со стикери со чуда отколку да отвори гугл и да напише проста реченица зошто рам меморија му е битна на андроид телефон.
Не се решава бидејки на таа мемориска картица можеш да ставиш само слики и песни а не и апликации.
Јас на мемориска картица имам одредени апликации. Значи првично се инсталираат во меморијата на телефонот, па потоа ги преместувам во мемориска картица, нормално ако е возможно. Фејсбук и месенџер како најкористени апликации може да бидат преместени на картицата.