Го земав mate 10 lite.. Вака за 1 ден користење одличен е.. Батерија држи перфектно, камерите одлични, дизајнот екстра.. Презадоволен..
Мало ревју после 10тина дена користење..
Телефонот во глобала е одличен брз и стабилен, до сега се нема случено да закочи или блокира, батеријата му трае по 2 дена со по 6 часа screen.. Задната камера е одлична додека предната не е нешто WOW, незнам зошто али аголот на снимање е многу мал, како со зум да сликам, ваљда се подесува негде.. И многу нервира што на секакво сликање (освен снимање) одоздола има 3цм црно..
Интересно што фингерпринтот препознава мноогу брзо, не треба воопшто чекање и немаш потреба предходно да го вклучиш екранот.. Нели кај S5 треба да го вклучиш, па да го влечиш прстот кај хоум копчето...
Е сега да прашам некој што се разбира.. Телефонов има 4гб рам, кога ќе ги очистам апликациите ми пишува пример 200мб се ослободени и имате слободни 2гб за користење... Кај се останатите 2гб ?