Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61484 пати)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #180 на: 24 Февруари 2013, 19:41:14 pm »
Дарко сигурно знаеш дека некој луѓе се тенки со нерви така ??
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #181 на: 24 Февруари 2013, 19:45:16 pm »
Едо ај читај и седи си мирен, баш е интересна серијава! :) Секој ден по една епизода.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8726
  • Пичлеме
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #182 на: 24 Февруари 2013, 20:08:56 pm »
Дарко сигурно знаеш дека некој луѓе се тенки со нерви така ??
Во право си. Темава стана шпанска серија :)

Поздрав

Трајче Дрварчето

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #183 на: 24 Февруари 2013, 20:21:48 pm »
Ај не туку обесујте, супер си пишува човекот. :)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #184 на: 24 Февруари 2013, 20:22:49 pm »
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #185 на: 24 Февруари 2013, 21:13:29 pm »
Edonos, узмите пуканака ;D ;D


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #186 на: 24 Февруари 2013, 21:56:51 pm »
Бидејќи гледам големо нетрпение ќе напишам за импресии од тест на изненадувањето што го спомнав. Еве одма да кажам дека на крај од тестот станав горд сопственик (за да не ве држам во неизвесност цело време :) ).


Specialized Epic Marathon Carbon 2007 - . За да може да го истестирам во разни услови на возење, го добив на тест 10 дена без обврска за купување.Едвај чекав да го превземам, и да пробам што е поразличен во однос на Stumpjumper -от -што го возев до тогаш. Поготово што Stumpjumper -от беше надграден со custom Risse Racing дампер подесен за мојата тежина и со custom линк надграден со индустриски лагери.

Првата дестинација за тест (а и одлична за да наместам своја позиција на седење), беше од центар до Средно Водно по пешачките патеки (за да пробам каков е за качување на single track), па од Средно до Марково Крувче (за да видам како држи на побрз широк спуст , каде може да се прават и скокови), па од таму до Сопиште по технички спуст. Од Сопиште по задната страна до Бункерите па до Врв на Водно (за да го пробам како оди по камења). И од Врв на Водно пак до доле во комбинација од брз спуст по асфалт, технички спуст по пешачки патеки и максимална брзина на пешачки патеки... Epic -ot исто користи револуцинерен принцип на суспензија (Brain, реагира само на удари од подлогата, а не ја апсорбира енергијата од спринтање), и во комбинација со Fox RLC32 амортизерот едвај чекав да видам како ќе вози. Повозив неколку круга низ град за да се наместам, и го пробав каква е стабилноста со пар рипање на тротоар и од тротар (so Bunny Hop). Приметив дека е далеку постабилен од Stumpjumper -ot, поради пониското тежиште, а сепак доволен clearance. Ама правиот тест допрва почнуваше. Прво качување по пешачка патека.. Тој дел има екстремно стрм дел, и се зачудив колку полесно го искачив и тоа без да застанувам. Следеше дел со камења што се тркалаат, и за ова треба баш добра контрола за да не се застане. Интересно беше како работи BRAIN -от. Не е така меко и удобно возењето како Stumpjumer -oт, ама е поконтролирано. Неверојатно како се качува и како добро лепи за подлогата иако личи дека не работи суспензијата.Исто ме одушеви што секое шпринтање на педали нема губење на енергија од работата на суспензијата, туку како што и ветиле.. Суспензијата работи само на удари од подлога.. Понатаму следеше делот кај што се развива голема брзина, и пошто го осетив ултра стабилен го пробав да го возам странично по косината. НЕВЕРОЈАТНО.. Во ниеден момент не осетив дека губам контрола.. Исто самиот карбон во однос на алуминиум на Stumpjumper -от изгледа ко да е неверојатно по цврст и не осетив никакво виткање. Сакаш да одиш некаде, го насочуваш и оди без да се витка или буни (лошо е што прима ептен добро и тоа секој покрет, па ако направиш погрешен ќе платиш). Следеше технички спуст. Никогаш не сум бил добар на технички спуст, и искрено многу повеќе сакам да качувам такви патеки од колку да го спуштам. Често на тешки делови се симнувам и го изодувам тој дел. Меѓутоа со ЕПИК -ов се случи чудо.. БУКВАЛНО се извозев од прва, и неверојатно како  држи поготово во кривини на техничкиот спуст. Ова веројатно се должи и на појачаниот среден дел што е витален дел за цврстината и прецизноста во управувањето. Следеше уште еден тест на Brain -oт..Делот со асфалт.. Обично на ваков дел, кај сите full suspension е маана што кога ќе станеш да спринташ целиот рам плива.. НЕ кај BRAIN -системот.. Колку и да запнував немаше пливање и не ми земаше од енергијата, што допринесуваше да забрзува и качува неверојатно добро.. Следеше делот со крупни камења, каде што и те како знае да замара, ако не работи суспензијата добро.. Не работеше онака меко , ама сосема коректно и контролирано и буквално го мелеш тој дел качуајќи се нагоре.Исто на овој дел се уверив колку добро работи SRAM X.0 мењачот и иако е од карбон делува доста робусно направен, и дека нема лесно да го кршам како старите негови верзии. Конечно стигнав до врв. Надоле го пуштив по ептен стрм дел, и по ептен технички дел и на крај тестирав максимална брзина.Магура кочниците имаат неверојатна контрола и модулација и во ниеден момент не губев контрола. Неверојатно како вози ова чудо. Кај ваква racing машина обично маана е неудобната позиција за долго возење.. Јас имам среќа што неговата геометрија и позиција на седење ми одговара совршено на мојата градба на тело, и воопшто не осетив болка во кичма или трнење (поготово што имам повреда со која се зезав година и пол).. Дефинитивно решив да го задржам.Направив само upgrade на седиште со карбонска верзија на Selle Italia (заштедив 200 гм), и Shimano pedalite ги заменив со CrankBrothers Egg Beaters (заштедив уште 200гм), пошто сакам кога има одрен агол на float во колената. Исто кога се потрошија пакните ги заменив со Performance верзија (помалку траат ама кочат уште подобро). Единствен дефект што имав е средната осовина, што ја заменив за HOPE. Тука додуша се мислев за керамички лагери, ама сепак останав сток пошто немаше заштеда во тежина, а беа дупло поскапи.Единствена сериозна маана се покажа на тура на Мариово каде не фати невреме , дожд и блато. Ради страничната поставеност на БРАИН -от нема доволно clearance меѓу амортизерот и тркалото во услови на лепливо блато. На оваа тура скроз се укочи тркалото и морав задните 5 км да го носам во раце. За среќа не возам толку често по такви услови па ајде да кажеме дека можам да простам на тој пропуст (кој е поправен во новите верзии).

Исто тестирав потрошувачка од Маврово до центар на Скопје. 0 литри на 100 км. Дефинитивно многу помалку од сите бројки што ги читам на форумов што се постигнати.. Маана е што ти требаат адитиви, односно јас потрошив три Бонжити од кајсија на 100 км :). И маана е што трошиш многу вода. Јас на таа дестинација потрошив 3 литри вода на 100.

:)

Нареден тест: HONDA CR-V


Поздрав

Дарко
« Последно менување: 24 Февруари 2013, 22:07:28 pm krell »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #187 на: 24 Февруари 2013, 22:05:26 pm »
Турај по една слика од колата (макар од интернет) да не е само коцка текст. :) И те молам не мешај некои чудни направи за транспорт во темите за моторни возила.


Поздрав

Дени

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #188 на: 24 Февруари 2013, 22:07:07 pm »
Турај по една слика од колата (макар од интернет) да не е само коцка текст. :) И те молам не мешај некои чудни направи за транспорт во темите за моторни возила.


Поздрав

Дени


Не можев да одолеам :) И ете, оваа направа ја купив после тестот :)


Поздрав

Дарко


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8152
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #189 на: 24 Февруари 2013, 22:47:16 pm »
Ова како психо-трилер, не е ЦРВ значи  ;D

Другар, да не си писател???

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #190 на: 24 Февруари 2013, 22:59:23 pm »
Колку испадна цената на превозново средство што оди само на Бонжита и вода? :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #191 на: 24 Февруари 2013, 23:03:49 pm »
Колку испадна цената на превозново средство што оди само на Бонжита и вода? :D

So upgrade na sediste, pedali i sredna osovina ili bez? :)

pozdrav

Darko

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #192 на: 24 Февруари 2013, 23:11:54 pm »
Комплет се.

Поздрав

Филип :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #193 на: 24 Февруари 2013, 23:13:35 pm »
Комплет се.

Поздрав

Филип :)

Nejkes da znaes :-)  Sepak ke prekutam toa :-)

pozdrav

Darko

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #194 на: 25 Февруари 2013, 11:45:14 am »
Како што кажав еве ги импресиите од Хонда ЦР-В. Да спомнам дека ова беше една од ретките фирми што немаа тест возило на лагер и дека имав проблем со нивен дилер (дилер и на други марки) (прикаска што ќе ја рипнам и нема да го именувам, само што до крајот на живот јас и моите блиски ќе го заобиколуваме тој дилер во широк лак :) ).


Бидејќи немаа тест возило што би можел да го добијам на пар саати (за мене не е тест да свртам круг на булевар), ми направија голема услуга другар ми Фантом и уште една другарка што го има поодамна (пробав две возила бидејќи првата проба беше верзија од 2007 пред редизајнот, а другиов од 2011 година односно идентичен како што можеше да се купи.) Двете возила  беа бензинци, а ми се створи и можност да пробам дизел верзија ама со автоматски менувач па ќе спомнам кратко и за тоа.

За бензинците нема да зборам поединечно туку на кратко само ќе спомнам што осетив како некаква разлика меѓу нив.(Главната разлика покрај некои финеси и опрема беше во тркалата. Постарата верзија носеше 17 ки бандажи, поновата 18 ки). Да речеме дека верзијата со 17 ки ја осетив ко за нијанса постартна од поновата, и исто постарата верзија нешто помалку трошеше (ова е веројатно што поновата верзија беше стварно нова и сеуште неразработена (имаше поминато 5000-6000 км ако не се лажам).Све што ќе опишувам ќе се однесува на поновата верзија која што сеуште може да се купи (иако е веќе стар модел)..Едното возење беше од Скопје до Кичево, па од Кичево до Маврово, патот за Галичник и назад до Скопје (ова со постарата верзија), а поновата верзија ја пробав од Скопје до Тетово и назад.

Прво што ми се бендиса е опремата што се добива за парите. Ксенон светла со миење, Магленки, Паркинг Сензори напред и позади, двозонска автоматска клима, ЦД со шаржер за 6 цд -а, 6 звучници и вуфер под седиште, греачи на седишта, усб поврзување за IPOD/IPHONE и чита и усб стик (МП3, и WMA). Исто доаѓаше со седишта во Алкантара и кожа (повеќе ми личи на скај или еко кожа), што посебно ми се допаѓа бидејќи за мене е најдобар материјал за седиште.Исто не фалеа ни аирбег ови (6 поточно), ЕСП, АБС, затемнети прозори позади, Сензори за дожд, електрика на сите прозори, ретровизор со замозатемнување, 18 -ки алу бандажи што многу убаво изгледаат како и хромиран издув на пример.. Единствено нешто што можеби фали е лумбално подесување на седиштата (кај Јети -то и тигуан -от ми правеше ептен удобно искуство). Не знам за вас, ама ергномијата во кола ми е многу битна во поглед да седам релаксирано и удобно. Едно од неопходни нешта ми е подпирач за лакт, кој што сакам да ми прави да двете раце ми се рамномерно подпрени и да не сум искривен. Кај ЦР-В тоа тоа е дефинитивно постигнато бидејќи место среден подпирач за лакт овде е вграден во самото седиште па автоматски го следи нагибот на седиштетот како и напред/назад моментот (кај некои возила кога ќе го однесеш напред седиштето знае подпирачот за лакт да е премногу назад и да не може активно да се користи). Исто ме бендисува моментот што не се допираш со лакти со совозачот и баш допринесува за комфорно чуство. Исто целото возило е многу широко и комфорно со еден куп места за ставање ситници па и поголеми предмети. На задната клупа има неверојатно многу место и единствена маана што ја увидовме е што нема посебни отвори за вентилација за позади, туку се ослонува на предните отвори за ладење и знае да климата те мава директно во глава ако седиш позади (јас не верував на бунењето на девојка ми се дури не седнав позади :) ). Задната клупа се лизга (има неверојатно многу простор позади, можда најмногу од сите што ги пробав), се преклопуваат седиштата.. Исто има огромен багажник со многу права форма така да покрај литражата е екстремно искористлив поради формата. И детал што многу ме бендиса е полица во багажникот што го дели на два дела по висина која лесно се преклопува на пола или се сместува во подот без да фаќа простор од багажникот. Овде немаше потреба да мерам дали собира точаци, бидејќи како што спомнав има огроомен простор.

Да прејдам на возењето. Прво го возев малку низ Скопје за да видам каква е потрошувачката во режим на нормално возење (нели нешто што би требало да ме загрижува бидејќи имам принцип како си доаѓа возилото така да го возам без никаква модификација а поготово не плин и слично). Го возев од Козле до Ново Лисиче па низ гужвата назад према излез на Скопје за да тргнеме према Кичево. Низ град на борд компјутер ми покажа дека троши 10.5 (бидејќи борд компјутерот краде пола литар на ова возило рачунајте 11) што не ми се виде воопшто страшно. Исто и покрај големината (всушност е пократок од Акорд), многу лесно се маневрира, и е многу прегледно возило па и лесно за паркинг (сензорите помагаат :) ). Излеговме на автопат и ги увидов предностите и мааните. Станува збор за возило со удобно седење (иако прво направив грешка да го подигнам седиштето, а најудобна позиција се добива со скроз спуштено), и многу прегледно. Ми се бендисува што нема љуљање, и дефинитивно подобро и поудобно вози од Кашкаи -то или Оутлендер -от во поглед на управливост. Не е поуправливо од Тигуан на пример , ама не е воопшто лошо. Вози на друг начин, те тера да возиш завален во Фотеља, слушаш музика  и уживаш. На кривините кај стража и пресека да речеме дека вози како кола, односно го немаш чуството на нестабилност и љуљање од Кашкаи -то, или камионестото рипање на задниот дел од Оутлендер -от. Го нема да речеме спортското држење од Тигуан -от или дури и Јети, ама сепак не е лошо, само е поинаку. Главен проблем на бензинецот ми се виде што е прилично тром. Иако е 2.0 мотор со 150кс I-VTEC, е верзија SOHC што го прави многу потром од DOHC верзијата во Акорд. Меѓутоа не е така лош ко Кашкаи -то со 1.5 dCI. До 120 км/ч и не е така страшно ама тромоста се осеќа на поголема брзина. Исто и потрошувачката кога се вози до кај 120/130км/ч е некаде 7.5 л/100 додека над 130 веќе оди 9-10-11 л/100 (кога мерам потрошувачка никогаш не мерам само во една насока, туку земам во обзир угорница/удолница, така да овие потрошувачки се просек во два правци и тоа со возење без пазење, односно како си возам така).

Се на се , со сите предности маани и со оглед на цената ни се допадна како вози како еден фин компромис од сите нешта, поготово што во тој момент чинеше 22000 еур (поевтино од Јети -то , додуша во дизел варијанта 140кс, ама со помалку опрема (ЦР-В то има повеќе опрема и луксуз).


Имав прилика да пробам и дизел варијанта од ова возило и можам да кажам дека е далеку подобра варијанта. На Бензинецот му фали торк, кај дизелот тоа фино се компензира (тука исклучиво ради торкот не ради потрошувачата, пошот дизелот не ми трошеше кој знае колку помалку па да се фати човек за тоа). Дизелот што го возев беше со автоматски менувач (тоа веројатно качуваше едно литро во однос на мануелната верзија), и овој автоматски менувач е еден од најлошите што некогаш сум го возел :). Така да идеалната верзија би била мануелен со дизел мотор. Меѓутоа таквата верзија е 7500 еур поскап од бензинецот што воопшто не се исплаќа и покрај тоа што подобро вози.

Наредно возило: BMW X1


Поздрав

Дарко