Aко Иран продолжи да ги таргетира рафинериите, има да го јадеме со цениве за горива, масовно. Таа рафинеријата што ја погодија вчера во Саудиска Арабија, успеале околу 20% од капацитетите за природен гас да онеспособат, и веројатно ке има требаат околу 3-5 години да се вратат на 100%. Ова со Ормутскиот теснец прави уште поголем проблем. Како што гледам, Трамп е екстремно глуп човек, има класични морони околу него, и нема намера да сопре пред да се случи уште поголем економски колапс предизвикан од цената на горивата.
Не би се согласил дека ова стратешки не и одговара во моментот на сад. Да не заборавиме они се најголем производител на нафта во светот. Плус сега со нафтата од венецуела ова ќе им биде добро. Од друга страна на штета на Кина и пред се Европа. Не е толку глуп Трамп како што мислиме. Е тоа што ние сме директно засегнате од нивните интереси ништо ново така е 30тина години наназад.
Не сме само ние, тука на Балканот засегнати. Обичниот народ во Америка има да го јаде јако. Кога Трамп прв пат им воведе на Кина тарифи, најмногу го изедоа оние од најдолниот слој, што не можат да си приуштат нешто произведено во Америка, затоа што е прескапо. А ако немаш пари да купиш производ направен во Америка, идеш со Кинеско. Увозниците си ги качија набавните цени дури и повеќе од тарифите, а тоа преку финалната цена им беше додадено на обичниот Американски потрошувач.
Патем, тие цени никогаш не се вратија назад. Америве, што имаат домашно производство, за истиот производ, за да не им се руши угледот, и тие си качија цена за 30% минимум, затоа што ако е блиску до цената на кинескиот, го смета за devaluing of the brand, иако сите ресурси им се во државата, и не се афектирани од царините.
Нормално, Трамп е милионер, и уво не го боли за обичниот народ, никогаш нема да може да ја разбере нивната мака, ниту пак сфаќа каков eпски проблем прави во моментов. Отидовме оф топик, ама ова ич не е добро.