А шо можи да ти направи државата, кога во цел свет поскапи? Да е само таму, ќе те разберев.
Што да направи? Дали си сериозен? За почеток, си дунал од тука од тоа што ти било арно и пак ке кажам нема подобар Македонец и патриота од Европа,Америка,Канада Аустралија па и Азија одредени делови и не само ти, туку илјадници се насекаде.
За почеток, да не мизерува со 24 илјади. Не сме Сомалија 24 илјади факинг денари ти е плата. Како што ти имаш почетен саат во Германија од минимум загарантирани 14–15 евра на саат, така сакам и јас тука.Да се еднаш засекогаш утврди и крај на приказна тој со средно, тој со факс, тој со ова тој со она не сме 100 милиони факинг еден милион..
Сакам одговор зошто после 30 години, во 2026 година, на 19 март, платата е 26 илјади денари. Да, 26 илјади денари. Објасни ми зошто е така? И како човек – не фамилијарен, или во двојка, или пак со повеќе членови – па еве и самец, да излезе на крај? И крај на приказната.
Еве, ова е прво и основно: што може да се направи? Да се покачат платите. Не ме интересира – нека си ги намалат нивните плати на тие илјадници вработени во државна администрација, од кои немаме никаква бенефиција. После 30 години дојдовме до покачување од 3 „Нутели“ или 1.600 денари. Па ти прави математика и живеј со таа плата.
Не ме интересира како се вика – дали е Северна, Јужна, Горна, „Северистан“, „Македистан“, Македонија, Антика – дај плата како нормален човек што оди на работа во Касел, Бриж, Луцерн, Вадуц, Марибор,Пертх,Торонто,јужна каролин И крај на приказната.
Не ми сервирај никаква приказна за почетна плата од 26 илјади денари, односно 2–3 евра на саат. Сакам како во Германија – по закон утврдено – и крај на приказната. Па како ќе крпам со животот, ќе крпам. И ОБЈАСНИ КАКО Е МОЖНО ДА СЕ ЖИВЕЕ СО 26ИЛЈАДИ ДЕНАРИ И ДА ПЛАТИШ КИРИЈА ОД 15ИЛЈАДИ ДЕНАРИ НЕКА ИЗЛЕЗЕ НА ЈАВНА ДЕБАТА И НА НАРОД ДА ОБЈАСНИ МЕХАНИЗМИ СИТЕ ОНИ ЗИМААТ НАД 2ИЛЈАДИ ЕВРА ПЛАТА. Они прават есап со 2илјади евра ти правиш со 26илјади денари НЕКА ДАДАТ ОДГОВОР КАКО ДА СЕ ЖИВЕЕ ЗДРАВ ПРАВ ПРОДУКТИВЕН ЧОВЕК, зошто електричар од Влае зима 26илјади денари иста работа во Минхен и така натаму од горе наведени земји е 10кратно поплатен до кого е до работникот или до тие кои ги уредуваат системите имале 30 години да уредат пристојно нешто САКАМ ОДГОВОР!!!
И на сите тие на кои им е арно со 24 или 26 илјади денари – нека ви е најарно до крајот на вашиот живот и на вашите идни поколенија!