Долго време го следам форумов и не сум баш по автомобиливе
Освен ако има некоја мака автомобилот што не можам да ја решам и да најдам соодветен сервисер за тоа.
Станува збор за vw passat b7 1.6TDI 2012 год. Ми јавува грешка 01314 на VCDS дијагностиката во полето - Engine, Instruments.
Симптоми:
-Папучата за гас кога е во лер возилото не сака да крене над 2500 обртаи. Додека е во брзина ставено си возе нормално и крева над 3000 обртаи.
-Темпоматот односно Cruise Control не работе воопшто ниту дава некој знак.
Останатите функции си работат сосема нормално, возњата е нормална..
Дали овој проблем можам да го решам самиот или ако чита тука некој сервисер да се нафате да го среде?