M?
Ефтината тарифа е кога имаш соларна енергија, кога немаш соларна е најскапата.
Во овој пример, да...
Муабетот ми е за флексибилноста на тарифите/цената. Сега плаќам некои 30 центи по КВч, што не е малце. Секако дека кога има сонце, не зимам струја од снабдувачот, дури и голем дел го враќам у мрежа.
Арно ама, имам пријател што се одлучи за флексибилната варијанта, има и топлинска пумпа и електро ауто, и него ептен му направи разлика. Особено што ете, се дешава навечер цената да падне прописно, па да може чоек и ауто да пуни, и да не му се потресува кога пумпата ќе почне да работи.
Порано имало тука двојни тарифи, и во куќата кога ја купивме, имаше два саати - едниот за потрошња, другиот исклучиво за топлинската пумпа. Имало поента, кога саатот за пумпата бил на прописно поевтина тарифа. Арно ама, ја укинаа таа тарифа, ги направија исти, па затоа го тргнавме тој саат и оставивме само на еден, пошто не правеше разлика, тарифата беше иста, само ќе требаше да плаќаме дупли давачки за двата саати и да имаме двоен договор.
Кога ги ставивме соларите, го сменија постоечкиот саат, ставија двосмерен, за да може нели да се брои и што се враќа во мрежа.
Е сеа, ако со флексибилна тарифа имам можност на пример навечер, или во ситуации кога соларите не прават толку струја, да пунам кола, или да греам куќа без да ме чини фиксно 30ина центи по КВч, мислам дека е нешто што вреди да се размисли.