Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1714579 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
Одг: Цена на горива
« Одговори #12240 на: 19 Март 2026, 23:49:43 pm »
Секоја империја низ историјата што пропаднала ги следи истите чекори како по шаблон, на истиот пат е и Америка во моментот, само за разлика од другите низ историјата, оваа ќе не земи в гроб сите со неа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #12241 на: 20 Март 2026, 06:27:56 am »
Јас не познавам некој со 24 илјади плата во Македонија, кај мене во фамилија без факултет, освем мајка ми, платите им се од 40+, второ не познавам никој што плаќа данок на вулканизер, механичар, мајстор или било каков занаетчија..да не си прајме бајрам на умот, во Македонија не се плаќа ни 50% данок кој треба да оди во државата, за таа да ти врати. Затоа е 24 таму, а  94 тука.
Deka vo Germanija plakja mehanicarot, toj so donerot, berberot.... da ne se lazeme sekade se pravi toa

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk



Најди ми механичар или вулканизер кај што немора да платам уште 19% данок на целата сума, кај него ќе.одам..ама нема. И после најди механичар во Битола кој издава сметки, наплаќа данок и придонесва за повисоки плати и подобро општество. Не драпајте. Инаку одете Кромберг 30+ ви е почетна, со сменска работа 40+, ама многу се работело таму...
Имам работилница каде не треба да ми платиш данок. Монтажа и балансирање на гуми до 17ки (18ки потешко). Од ѓеханика буквално сѐ.

Да ми понуди некој плата од 50к со нормално работно време веднаш би се вратил од вукојебинава.
Кујзнае у вукојебина колку зимаш
Околу 2000€, колку може...
« Последно менување: 20 Март 2026, 06:33:10 am nestor04 »

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Цена на горива
« Одговори #12242 на: 20 Март 2026, 08:55:34 am »
Aко Иран продолжи да ги таргетира рафинериите, има да го јадеме со цениве за горива, масовно. Таа рафинеријата што ја погодија вчера во Саудиска Арабија, успеале околу 20% од капацитетите за природен гас да онеспособат, и веројатно ке има требаат околу 3-5 години да се вратат на 100%. Ова со Ормутскиот теснец прави уште поголем проблем. Како што гледам, Трамп е екстремно глуп човек, има класични морони околу него, и нема намера да сопре пред да се случи уште поголем економски колапс предизвикан од цената на горивата.   

 Не би се согласил дека ова стратешки не и одговара во моментот на сад. Да не заборавиме они се најголем производител на нафта во светот. Плус сега со нафтата од венецуела ова ќе им биде добро. Од друга страна на штета на Кина и пред се Европа. Не е толку глуп Трамп како што мислиме. Е тоа што ние сме директно засегнате од нивните интереси ништо ново така е 30тина години наназад.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15114
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #12243 на: 20 Март 2026, 09:20:47 am »
Па ионака цела работа е да и се укинат евтините извори на енергија на Кина.Венецуела и ја секнаа,сега и Иран ако и го секнат тогаш Кина е во не завидна позиција.Трамп е ретардиран кловн ама тој е само презентер на цел еден систем.
Ние ќе го папаме секако,ама со вакви елити и водачи ќе го папаме машки.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
Одг: Цена на горива
« Одговори #12244 на: 20 Март 2026, 14:44:34 pm »
Многу се расфрлате со цифрите за платите и пензиите во државава.

Просечна пензија е 20-25 илјади денари. Просечна плата е 30-35 илјади денари. Ама курчот е јак онлајн.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6861
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #12245 на: 20 Март 2026, 14:47:19 pm »
Баш...

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7362
Одг: Цена на горива
« Одговори #12246 на: 20 Март 2026, 16:42:44 pm »
Мерките за штедење на гориво што денес ги промовира Меѓународната агенција за енергија се одговор на новиот нафтен шок предизвикан од војната на Блискиот Исток, откако нарушувањата низ Ормутскиот Теснец силно ги стегнаа пазарите и ја турнаа цената на суровата нафта над 100 долари за барел. ИЕА соопшти дека низ теснецот вообичаено минува околу 20 проценти од глобалната потрошувачка на нафта, па сега, покрај рекордното ослободување 400 милиони барели од стратешките резерви, бара и итни мерки за намалување на побарувачката.

Во срцето на препораките се мерки што директно ги засегаат секојдневните навики: работа од дома каде што е можно, намалување на брзината на автопатите за најмалку 10 километри на час, посилно користење јавен превоз, ротирачки пристап на приватни автомобили во големите градови, поголемо споделување возење и поефикасно управување со возилата и доставата. ИЕА дополнително предлага и избегнување авионски патувања кога постои алтернатива, особено за службени патувања, бидејќи токму дизелот, авионското гориво и течниот нафтен гас се меѓу најпритиснатите сегменти на пазарот.

Агенцијата оди и подалеку од сообраќајот. Во новиот пакет се бара течниот нафтен гас, каде што е можно, да се тргне од транспортот и да се зачува за основни потреби како готвење, домаќинствата постепено да преминуваат на други модерни решенија за готвење, а индустријата привремено да користи алтернативни суровини и краткорочни мерки за ефикасност и одржување.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44955
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #12247 на: 20 Март 2026, 17:11:03 pm »
Види, ок, да... плин за готвење, лож за греење, бензин за возење. Ако се држиме до старите добри принципи - ќе нема проблем со горивото :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7776
Одг: Цена на горива
« Одговори #12248 на: 20 Март 2026, 18:31:58 pm »
Aко Иран продолжи да ги таргетира рафинериите, има да го јадеме со цениве за горива, масовно. Таа рафинеријата што ја погодија вчера во Саудиска Арабија, успеале околу 20% од капацитетите за природен гас да онеспособат, и веројатно ке има требаат околу 3-5 години да се вратат на 100%. Ова со Ормутскиот теснец прави уште поголем проблем. Како што гледам, Трамп е екстремно глуп човек, има класични морони околу него, и нема намера да сопре пред да се случи уште поголем економски колапс предизвикан од цената на горивата.   

 Не би се согласил дека ова стратешки не и одговара во моментот на сад. Да не заборавиме они се најголем производител на нафта во светот. Плус сега со нафтата од венецуела ова ќе им биде добро. Од друга страна на штета на Кина и пред се Европа. Не е толку глуп Трамп како што мислиме. Е тоа што ние сме директно засегнате од нивните интереси ништо ново така е 30тина години наназад.

Не сме само ние, тука на Балканот засегнати. Обичниот народ во Америка има да го јаде јако. Кога Трамп прв пат им воведе на Кина тарифи, најмногу го изедоа оние од најдолниот слој, што не можат да си приуштат нешто произведено во Америка, затоа што е прескапо. А ако немаш пари да купиш производ направен во Америка, идеш со Кинеско. Увозниците си ги качија набавните цени дури и повеќе од тарифите, а тоа преку финалната цена им беше додадено на обичниот Американски потрошувач.

Патем, тие цени никогаш не се вратија назад. Америве, што имаат домашно производство, за истиот производ, за да не им се руши угледот, и тие си качија цена за 30% минимум, затоа што ако е блиску до цената на кинескиот, го смета за devaluing of the brand, иако сите ресурси им се во државата, и не се афектирани од царините.

Нормално, Трамп е милионер, и уво не го боли за обичниот народ, никогаш нема да може да ја разбере нивната мака, ниту пак сфаќа каков eпски проблем прави во моментов. Отидовме оф топик, ама ова ич не е добро.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2515
Одг: Цена на горива
« Одговори #12249 на: 20 Март 2026, 19:10:53 pm »
Трамп е пред се идиот комплетно воден од его. Ко и 95% од планетата.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3633
Одг: Цена на горива
« Одговори #12250 на: 20 Март 2026, 19:18:48 pm »
Што може да очекуваш кога  кампања Маск му ја водеше беше еден од најбогатите луѓе во светот? Народот беше прелажан дека тој како еден од најбогатите ќе им помогне на најсиромашните. Всушност, тие го изгласаа со надеж дека ќе живеат подобро, а замисли – овие станаа уште побогати, додека народот остана по сиромашен.
Катастрофални геополитички потези! Овој не е вистински републиканец. Сè што кажа беше лага. Тој отвори најмногу конфликти во историјата на Америка без конкретни придобивки, освен за себе – слично на Муртински.
Го насмарија: како го затвори Авганистан? Америка фактички излезе од игра. Преку Авганистан, Кина, Пакистан, Иран ,Русија .Америка имаше контрола. Каква катастрофа од политика! Не треба да заборавиме дека сами Американците направија војна за да се инсталираат во Авганистан. Со затворањето на Авганистан, буквално ја ослабија Америка.
Колку и да не ги сакам Русите и Кинезите, сега тие се во многу подобра позиција. Светот допрва ќе сфати што направи овој „помаранџест“.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55236
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #12251 на: 20 Март 2026, 20:30:34 pm »
Имаше типци што се понашаат како Бајага.

Епа не може.

Или пиперевка или палантир. Ти си бираш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5390
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Цена на горива
« Одговори #12252 на: 22 Март 2026, 17:19:13 pm »
Во Словенија ограничуваат количини за сопствени граѓани, ние евтино продаваме и на странци за утре поскапо да купиме:  https://makfax.com.mk/makedonija/stranczi-tochat-do-150-000-litri-gorivo-sekoj-den-vo-makedonija-vladata-zasega-nema-da-vovede-ogranichuvana/

Очигледно имаме повеќе резерви од Словенија (или сме многу многу поглупи и нема кој да размислува ни еден единствен потег унапред).

Утре само ќе кажат еве ви бонови за 20 литри месечно за секој, толку има. :-/

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9177
  • Пичлеме
Одг: Цена на горива
« Одговори #12253 на: 23 Март 2026, 12:32:27 pm »
До кај ќе оди ова со цената, не се издржва...


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30607
    • CARclub.mk
Одг: Цена на горива
« Одговори #12254 на: 23 Март 2026, 15:28:44 pm »
Цените на бензините не се менуваат, дизелот надмина 95 денари за литар.

https://www.carclub.mk/2026/03/23/novi-ceni-na-gorivata-dizelot-dostigna-95-5-denari-za-litar/