Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178635 пати)

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #45 на: 11 Јануари 2013, 17:17:07 pm »
Дизел..луд си мајке ми..иначе прекрасо ауто прекрасо претставено!! :D

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #46 на: 11 Јануари 2013, 17:36:03 pm »
Diesel друже назад Астрата е со дискови или добоши ?

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #47 на: 11 Јануари 2013, 18:00:43 pm »
@Diesel пак ке ти пишам за каишот ако не си прочитал, земи со сапун намачкај го убаво и види потоа дали ке свири.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #48 на: 11 Јануари 2013, 18:20:30 pm »
Фило каишот свири зошто пролизгува на некое од котурчињата. Со сапун МИСЛАМ дека само ќе направиш воопшто да не заврти.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #49 на: 11 Јануари 2013, 18:25:17 pm »
Не би требало, комшија кај нас одвреме навреме става сапун на југото негово, па нема мака до сеа

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #50 на: 11 Јануари 2013, 18:27:45 pm »
Може и со селотејп да ги умота гумите, да не му се трошат.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #51 на: 11 Јануари 2013, 18:31:16 pm »
Дали возилото ти е гаражирано?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #52 на: 11 Јануари 2013, 19:23:05 pm »
@ infected

Тоа ќе ми е и утеха - да се ситам други аута да крцкаат внатре :D Се шалам, веќе и се привикнувам изгледа, не ми смета толку како на почетокот, али сепак ми смета.

Tome-Colt е во право - не да се испостени возилава, катастрофа. Пред некој ден поминав низ ситни камчиња, кои поткрилата кога удираа, се слушаа како да удираа внатре, во колата.

@ ViksaSK

Хехе.. Знам дека сум луд, не си прв што ми кажал. Фала ти на убавите зборови.

@ Rakun4e

Напред дискови, назад добоши, односно барабани. :D

@ Filomkd

Не би правел такви работи. Побрзо би го заменил со нов, отколку да го шлапам со сапун. Како и да е, благодарам на предлогот.

@ ngocevski

Не, нажалост, не ми е гаражирано.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #53 на: 11 Јануари 2013, 19:23:34 pm »
Може и со селотејп да ги умота гумите, да не му се трошат.

Добар, легендарен предлог. :D

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #54 на: 11 Јануари 2013, 19:37:38 pm »
Може и со селотејп да ги умота гумите, да не му се трошат.

Добар, легендарен предлог. :D
Скупо е и салотејп веќе :D

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #55 на: 11 Јануари 2013, 20:08:11 pm »
Лоцирај ги местата каде крцка пластиката и испрскај ја со соодветен силиконски спреј.

Обично каде има контакт пластика со пластика ќе има крцкање, испрскај и таму. На крај испрскај низ цела пластика и втриј го силиконот.

Нема да има одма дејство, ама после 2-3 пати за неколку месеци пластиката ќе крцка значително помалку.

Стави од оние за сонце кога ја паркираш колата на улица и знаеш дека ќе се стопли многу.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #56 на: 11 Јануари 2013, 21:29:09 pm »
Пошто гледам се фативте за тоа колку е стара колата и дали би требало или не би требало да има дефекти, разгледајте го следново:

http://en.wikipedia.org/wiki/Bathtub_curve

Bathtub curve е инженерски принцип, и помалку или повеќе налага/предлага дека кај некој продукт (или серија продукти), на почетокот на „животот“ на тој продукт ќе има поголема шанса за дефекти. Со време, шансите за дефекти ќе се намалат (пошто работите ќе си „легнат“) и можностите за дефекти ќе бидат константни одреден период. По одредено време (кога продуктот веќе ќе се „истроши“ односно амортизира), шансите за дефекти пак ќе се зголемат.

Со други зборови, сосема е нормално, дури може да се каже очекувано е да се појават дефекти кај некој продукт, особено при старт на производство, или при старт на користење.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #57 на: 11 Јануари 2013, 21:49:30 pm »

Поентата ми е - повеќето од нас имаат впечаток дека дефект на нова кола е нормална работа. Луѓе, тоа не е нормално. Не, барем едно 10-тина години. Точка.
Другарче ти си во некоја заблуда изгледа или пак ова ти е прво ново возило.  Возилата веќе не се како што беа пред 30 години.  Иначе и на Мерцедес  с350 крцкаат пластиките нека не те изненадува.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #58 на: 11 Јануари 2013, 22:51:36 pm »
Па, и не би требало да сум во заблуда. Што имаат врска автомобилите пред 30 години? Според моите досегашни искуства, со многу други работи, нешто ако се чува и одржува, трае. Без разлика, дали е тоа некој познат бренд или проверена работа. Со исклучоци, кога производот едноставно не се погодил, од старт.

Плус, крцкањето на пластиките е еден од најмалите проблеми, ако се земат во предвид останатите, ако не си прочитал.

Кој овде купил ново возило, со очекување на било какви проблеми после четири години? Мислам, било какви. Кој овде на форумов има купено нов автомобил, и имал било какви дефекти после 4 години? Знам дека има исклучоци, се разбира, ама се во мал број.

Не велам дека имам сериозни проблеми со возилото, ама овие работи мене ми одат на живци. Таков сум, сакам се да е перфектно. И не велам дека Opel Astra Classic II e лош автомобил, само велам дека мојот не се погодил баш. И кога ќе се изгорам еднаш, веќе нема назад, или купување на иста работа од ист бренд. За мене, тоа е така.

А и што има врска дали ми е прво ново возило? For the record, да, прво ново возило ми е.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #59 на: 11 Јануари 2013, 23:07:45 pm »
Хаха па има врска.  Ете гледаш.  Ретко која нова кола проаѓа без крцкање.  Еве јас имам ново твинго од пред два месеца,  си крцкаат пластиките најнормално.  Ти биди среќен што ново возило не те оставило на пат како што нас не оставаа половците и туарезите.  И во право е Зеро што ти вика дека ново возило и до некаде е предвидено да појави дефект.  Олабави си ги живците  нека не те нервираат ситници.  Тек ќе ти се појавуваат заебанции,  макар возел и мерцедес.