Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 178622 пати)


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Re: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #61 на: 11 Јануари 2013, 23:15:21 pm »
Хаха добар си :-)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #62 на: 11 Јануари 2013, 23:24:35 pm »
Па, и не би требало да сум во заблуда. Што имаат врска автомобилите пред 30 години? Според моите досегашни искуства, со многу други работи, нешто ако се чува и одржува, трае. Без разлика, дали е тоа некој познат бренд или проверена работа. Со исклучоци, кога производот едноставно не се погодил, од старт.

Плус, крцкањето на пластиките е еден од најмалите проблеми, ако се земат во предвид останатите, ако не си прочитал.

Кој овде купил ново возило, со очекување на било какви проблеми после четири години? Мислам, било какви. Кој овде на форумов има купено нов автомобил, и имал било какви дефекти после 4 години? Знам дека има исклучоци, се разбира, ама се во мал број.

Не велам дека имам сериозни проблеми со возилото, ама овие работи мене ми одат на живци. Таков сум, сакам се да е перфектно. И не велам дека Opel Astra Classic II e лош автомобил, само велам дека мојот не се погодил баш. И кога ќе се изгорам еднаш, веќе нема назад, или купување на иста работа од ист бренд. За мене, тоа е така.

А и што има врска дали ми е прво ново возило? For the record, да, прво ново возило ми е.
-многу сакаш имам еден таков дома,т.е брат ми кој јас го викам ненормален...да не се навредиш дека така те нарекувам ама едноставно џабе си ја јадите душата. ;) ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #63 на: 12 Јануари 2013, 01:06:20 am »
си купил астра за ефтини пари и очекуваш перфекција?

плати си па клати си

кога ќе купиш некоја мрсна верзија од мерцедес можеш да се жалиш од ситници ама од ова не,патем проблемите кој што си ги набројал се пи*кин дим,без разлика дали тебе ти одат на нерви или не,тоа е вистината

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #64 на: 12 Јануари 2013, 01:07:58 am »
Абе ајде нормално било да крцка кола после 4 години и 40 илјади км! Да беше германец во Германија и истово да му се случеше ќе видам како ќе реагираше таму и како има цела пластика да ја сменат ако не успеат да ја подмачкаат да не крцка.

4 години и 40 илјади е НЕДОЗВОЛИВО да крцка било што, а не па цела табла и каиши да рчкаат.

Кога купив 3 години стара со 100.000 км Тојота Камри (во САД) НИШТО не крцкаше. Ништо.

Купив Тојота РАВ4 нова еве после 5 години и 120.000 (во екстремни услови, негаражирана) НИШТО не крцка. НИШТО.

(Не е дека Тојота како бренд го фалам, верувам и други квалитетни брендови го можат истото што се во ист ценовен опсег)

Кој и да ти вели "абе ајде не те остава на пат тоа битно е" - е во најмала рака БУДАЛА. Помина времето кога колите те оставаа на пат. Денешниот купувач очекува како што кажа години да има барем основни квалитетни изведби во неговата кола, а крцкањето на пластики е една од нив. Ако ми закрцка пластика на 4 годишна кола па уште со 40.000 км има да ја запалам цела.

Имам спомнато и претходно, Опел ти е ништо повеќе споредено со Пежо, Ситроен, Рено... Коли за работничката класа во развиените земји, односно коли за "најсиромашните" на запад. Самата цена ти кажува колку е квалитетна колата, остави ги оние "абе дачиа ти е исто како Рено да го ебам"

И дефектите што ги опишуваш не се нормални за возило од тие години и км, уште поголем проблем е што не можат во овластен сервис да ги решат.

Секој оној што се задоволува со "абе добра е на пат не ме оставила" е филозофија од време на стокецовите.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #65 на: 12 Јануари 2013, 01:16:52 am »
И јас би бил незадоволен од овие проблеми. Исто и за крцкањето, па кај мене со 180к км се нервирам шо крцка, ама се знај си велам 15 год и толку км нормално дека ќе прокрцка. Ама како шо кажа погоре гоцески на 40 000 да крцка ненормално, не би прифатил така лесно.

А и незнам оти велите ефтина, колку требаше да ја плати 20 000 евра? Нормална цена, ако се земи предвид дека покрај неа во салонот се продава и најновиот модел.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #66 на: 12 Јануари 2013, 01:19:36 am »
И јас би се осеќал како момаков да ми крцка нова кола и да ми се случуваат ситни проблеми и би пцуел све живо од тој бренд.
 
Btw, нешто интересно прочитав во книгава пред малку што учев:

"Вградувањето неквалитетен дел може многу да го чини претпријатието. Во возилото Опел Астра во почетокот бил вградуван пластичен дел кај отворот на резервоарот за бензин, кој почнал често да се расипува и да доведува до опасност од истекување бензин и запалување на возилото. Грешката е отстранета кај сите автомобили кои биле веќе продадени, што и довело на компанијата дополнителни трошоци."

Значи има нешто до пластикиве у опел...

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #67 на: 12 Јануари 2013, 01:25:39 am »
Ајдеее,значи сите со Опел,Рено,Пежо,Цитроен станавме радничка класа и ги купуваме зошто се многу евтини.Ете ја имав и таа чест да научам нешто ново на форумов.
Значи редно време е да си земеме по една тојота и да почнеме да се чуствуваме  како господа,вака не бива веќе.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #68 на: 12 Јануари 2013, 01:26:44 am »
На какво крцкање се мисли ? Не можам да го укапирам јас крцкањево што-како...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #69 на: 12 Јануари 2013, 01:33:08 am »
ама не е германец и не е во германија

и ајде што би направиле вие ако на новата кола ви крцкаат пластиките?
ќе се буниш во сервис ќе ги тужиш?

плати си па клати си,секогаш важело и за секогаш ќе важи

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #70 на: 12 Јануари 2013, 01:42:03 am »
@Diesel sozdravje da si go vozis,i dolgo da te sluzi :)

@ ngocevski i shmicka so ve gleam cudni,mi sporeduvate germanija i makedonija,ovde i od zelezo da ti e celata kola kje se rasklati,nemozes da sporeduvas patista i uslovi vo germanija i kaj nas,toa e fakt!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #71 на: 12 Јануари 2013, 05:14:12 am »
Да беше од Германија, т.е. да ја купеше од Германија ќе беше друга приказната бидејки Астрите за Германски пазар и овие осакатените кај нас немаат врска.

Друга работа, за крцкањето доста играат улога и нашите патишта. Мојата кога ја зедов 10 години била возена во Германија, сега после 3 и пол години возење во Македонија, почнува да потркрцнува, поттропнува нешто.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #72 на: 12 Јануари 2013, 07:57:48 am »
си купил астра за ефтини пари и очекуваш перфекција?

плати си па клати си

кога ќе купиш некоја мрсна верзија од мерцедес можеш да се жалиш од ситници ама од ова не,патем проблемите кој што си ги набројал се пи*кин дим,без разлика дали тебе ти одат на нерви или не,тоа е вистината

Другар, ти ли ќе ми кажуваш на што да се жалам, или на што нема да се жалам? Easy малку!

5-6 пати потенцираш пари, колку кошта нешто, "плати па клати".. Ти баш најде, со (колку што можев да видам) Пунто од 900 евра, и Пежо од 1100 максимум? Немаш ништо конструктивно пишано, како останатите членови кои се трудат некако да ми помогнат, да ги отстранам проблемите, само тресеш што колку чинело.

Ќе те замолам да не ми ќењаш по темава, колку сум платил и дали се жалам е моја работа. Ако тоа не е дозволено на форумов, има администрација, ќе ме предупредеше.

Кога ќе купиш и ти нова кола, кога ќе треснеш и ти 10.000 евра (што во мој случај беа 12.500, али мање битно), тогаш може да ми даваш мене совети дали да се жалам или не. Совети од дрвени адвокатчиња со аута кои вредат 1/10 од мојата, не ми требаат.

Се извинувам за остриот одговор, а најмногу за ОТ, во моја сопствена тема.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #73 на: 12 Јануари 2013, 09:01:02 am »
Не знаеш само колку те подржувам за горе напишаното!

Не ми се верува дека вие како страстни љубители на автомобили го оправдувате сето ова... Имам впечаток дека слушам муабет од тие овластените сервисери, што се платени таму само за да те одјебуваат додека возилото ти е под гаранција и да ти кажуваат бајки како „се што се дешава со колата е многу нормално.“


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport, 2008-ма
« Одговори #74 на: 12 Јануари 2013, 10:03:54 am »
Благодарам! И мене не ми се јасни некои работи, ама што е - тука е.