14.09.2022 година, 132.159 километри.
Заменето уљето (Mannol Elite 7903 5W-40, 3 литри) и филтер за уље (Hengst E611H D442). Од промената поминати 4.330 километри.
Уљето, 1.500,00 денари, филтерот 300,00 и работна рака 300,00 - вкупно 2.100,00.
Забелешка:
Претходно имав ставено Mannol Longlife 7715 504/507 5W-30. За нешто повеќе од 4.000 километри ми сркна околу 400 милилитри, што е многу. Најмногу до сега од сите масла што ги имам користено. Таа потрошња од 300-400 милилитри е стандард од промена на промена, на пола шипка го симнува, ама во распон од 7.500 до 10.000 километри.
Прв пат во овие 14 години дотурив уље пред промена, но не ради тоа што морав, туку сакав да видам колку милилитри треба да се дополни од средина на шипка до максимум. 350-400, тука негде е. Сега знам.
Ради тоа што возењето остана исто, а потрошњата на уље драстично рипна, го сменив порано и повеќе нема да го користам, иако со ова уље колата работеше ПРЕКРАСНО. Мазно, без вибрации, тивко... Милина. Али, потрошњата во моментов ми е многу за да ја проголтам.
Ќе одлучам дефинитивно после оваа и уште една промена - ќе видам како ќе се движи потрошувачката на уљето, па ќе видиме дали е до уљето или до колата.
Тоа што течеше од сензорот е решено, се е суво после 1.144 километри и малку повеќе од месец дена.