15.04.2023 година, 134.613 километри.
Како што кажав - заменети комплет гуртните со сите пропратни делови.
Ferodo Premier FSB545 - 2.000,00 денари, сет опруги и осигурувачи Tomex 40-05, 300,00 денари.
Работна рака - 0. Сам сработив.
Е сега, околу постапката и алатите. Одев СТРОГО по упатство, а пошто има специјален алат еден и клешти за опруги, импровизирав само со алатот, но не е страшно.
Зошто ги менував, кога ги менував пред 15.602 километри? Едноставно - непрописна монтажа на заменските, само на десното тркало. На левото беше во ред, но фалеше диск опруга кај механизмот за штелување.
Реално, можев да поминам со 300,00 денари и 15 минути само за сетот опруги, да откачам еден осигурувач и да откачам две опруги, да ја монтирам диск опругата и да вратам сѐ на место.
Но, каков ме дал Господ, таа варијанта не доаѓаше во предвид и се решив за хард ресет, комплет прописна замена и да заборавам на задни кочници.
Демонтажата е мање-више straight forward, при што мора да биде спуштена и олабавена рачната комплет. Монтажата, од друга страна, ЗАДОЛЖИТЕЛНО мора по упатството - ем најлесно, ем најсигурно.
Прво по демонтажата ги исчистив добро добошот и задниот дел, или т.н. anchor plate. Останаа остатоци, но просто е невозможно да се исчисти 100%, иако сјебав три големи брејк клинери.
Согласно упатството, има 6 точки на лежење на гуртните на задната плоча, кои се подмачкуваат со бакарна маст.
Механизмот за штелување се подмачкува со силиконска маст. Обавено е и тоа.
Слики има малку, пошто е валкана комплетната постапка и не сакав да си го шлакам телефонот.
По монтажата, се пумпа кочницата 20-25 пати за да налегнат гуртните на добошот. Така се штелуваат. Тука, за проверката дали е сѐ во ред, треба уште еден човек само да стиска на педалата.
Наредно и последно е штелување на рачната. Се пумпа кочницата 5 пати, се дига до крај и спушта рачната 5 пати, се дига на трет заб и се штелува од внатре, со затегање на мутерот до момент кога тркалата веќе тешко ќе се вртат со рака. Тука се помачив, пошто десното беше по пропис, а кај левото имаше отпор, но ептен малку. Ја штелував рачно директно на механизмот во добошот, од прилика 6-7 заби, за да ги израмнам.
По упатството, треба да се извози колата околу 300 метри со дигната рачна троа. Пошто не пишува колку е тоа троа, околу 200 метри ја возев на трет заб, и околу 150 на четврт. Се прави ова за да си фатат гуртните лежиште.
Mandatory cleaning пред монтажа на тркалата...
[/url]
По капка лепак за шрафови на шрафчињата од добошите, благо затегнување, тркалата унакрс на 120 кила и чао.
Сега рачната фаќа на петти заб, со full lock на шести. Но, судејќи по промената, мислам дека ќе попушти кога ќе си легне сѐ на место и ќе треба пак да ја штелувам, но не е страшно, тоа се прави од внатре. Ќе ја повозам вака некое време, па видеќемо.
Многу over-engineered механизам со многу moving parts без потреба и со не толку голема ефикасност. Алал да му е на тој дискови и плочки што измислил. Може поскапо е за замена, ама е далеку полесно.
Не е тешко, но сака или искуство или research претходно. И одзема доста време.
Се навлекувам полека на механика, што не ми се допаѓа, ама што-е-тука-е. Ради завршување на работа по пропис, мислам дека до последно ќе се трудам сам да си ја завршам секоја наредна интервенција на мои коли, во рамките на можностите, офкорс.
Наредно, менувам плочки на Зуки и ќе ги отворам добошите да видам таму што се случува. Ако има повеќе од 2 mm "месо" на гуртните, не ги пипам. Само ќе исчистам.