Автор Тема: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda  (Прочитано 59500 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #45 на: 19 Декември 2012, 10:37:02 am »
@Z128

Не сум толку упатен, но како некој ќе процени колку чини оштетата? Мисалм дека за ова се дискутираше на форумот еднаш, сепак не е исто да се оштети Мерцедес и Југо во поглед на деловите. Мислам дека осигурителните компании покриваат европски, додека возилото е во возна состојба (не се оштетени виталните делови за управување и движење), доколку не е се вика МВР.

Тоа што ти ги цитираше е обично известување за мене, од директорот, кое само дава насоки и нема правно дејство. Треба да се провери во Законот или Правилниците од МВР, како е оваа постапка.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #46 на: 19 Декември 2012, 10:38:32 am »
Toa e затоа што типката очигледно немала соодветна правна поддршка.

сумњам дека немала. адвокатка на стажирање беше типката... се видовме ние другиот ден. пука случајност во иста осигурителна компанија бевме осигурани.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #47 на: 19 Декември 2012, 10:56:34 am »
@Z128

Не сум толку упатен, но како некој ќе процени колку чини оштетата? Мисалм дека за ова се дискутираше на форумот еднаш, сепак не е исто да се оштети Мерцедес и Југо во поглед на деловите. Мислам дека осигурителните компании покриваат европски, додека возилото е во возна состојба (не се оштетени виталните делови за управување и движење), доколку не е се вика МВР.

Тоа што ти ги цитираше е обично известување за мене, од директорот, кое само дава насоки и нема правно дејство. Треба да се провери во Законот или Правилниците од МВР, како е оваа постапка.

Многу едноставно ќе одлучиш дали ќе викаш полиција: ако си сигурен дека штетата е под 750 евра (скршен ретровизор, гребнато крило), ќе тераш со европски, а ако не си сигурен дека штетата е под 750 евра, ќе викнеш полиција.

Цитираниот текст е достапен за секого на официјалната веб страна на Националното биро за осигурување, и претставува соџвакана форма на важечките законски одредби, подзаконски акти, правилници, упатства и дрн-дрн (од кои добар дел се јавно достапни на нивната веб страна).
Правилниците на МВР немаат врска со штетни настани во сообраќајот, сето тоа е регулирано со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #48 на: 19 Декември 2012, 11:08:54 am »
Z128, старо ти е известувањево.

НЕ ВАЖИ ПОВЕЌЕ ОВА 750 евра!

„Европскиот извештај за сообраќајна незгода е образец изготвен од Национално биро за осигурување на РМ, кој се пополнува во случај на сообраќајна незгода со мала материјлна штета, а го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода.“

Под мала материјална штета по ЗБСП се подразбира „штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.“

Така да со европски може да има и штета од 400-500 илјади денари ;)

Што се однесува до тоа дека ти си возел 90, а она камен пијана, тука зависно од ситуацијата може да имате допринос, секој во одреден процент. Тоа сега се определува со сообраќајно вештачење и стручно лице си кажува кој колку вина имал во конкретната ситуација...
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #49 на: 19 Декември 2012, 11:15:13 am »
Кога не е регистрирано возилото, не е многу од значење што не е осигурано, кога не е прекршител. Може од значење да биде тоа што не е поминато технички...

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #50 на: 19 Декември 2012, 11:18:53 am »
samo banzai e vo pravo od site tuka sto pisuvate...i svatete, voziloto koe ucestvuvalo vo  soobrakajka a pritoa ne e vinovno za nastanuvanje na situacija OSTETATA SI JA BARA OD KOMPANIJATA NA VINOVNIKOT...taka da ako registrirano vozilo udri vo neregistrirano, stetata ke mu se podmiri od strana na kompanijata na registriranoto vozilo.

baska normalno e toa deka od damna e smeneto praviloto za podmiruvanje steta do 750 evra ZASTO NEMA SMISLA...koga eden far za x6-ka e 1600 evra ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #51 на: 19 Декември 2012, 11:19:57 am »
Се сомневам,ама ај...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #52 на: 19 Декември 2012, 11:21:35 am »
Ништо не е од значење ако си чекал на семафор на црвено. Што има врска дали има две тркала или ниту едно или не му работат кочниците :)

А според логиката на некои дека не би ни смеело да биде на улица и затоа е криво, дали ако затвореник побегне од затвор и јас го згазам на пешачки дека сум се загледал во билборд некој затвореникот е крив? Дека нели он не смеел да биде на пешачкиот, требало во затвор да си седи :)

@Мечето

Секој ден го работам ова што тука го разглабаме. Како јас тебе за камиони возење да ти расправам затоа што 5 пати сум возел камион во живот.(не сум возел :) )

Иначе деновиве треба да поднесам барање за надомест на штета за дечко кој возел неосигуран мотор, без кацига и без А категорија. Ама не бил он крив за сообраќајката. Ако ми исплатат вонсудски набрзо и ако ми текне ќе ви ставам тука скенирана спогодба и полициски записник :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #53 на: 19 Декември 2012, 11:24:39 am »
Затоа викам може да има значење, зависи од ситуацијата. Иначе потполно се согласувам со тебе, и го тврдам истото. Ова што го зборам ми е кажано, не ми е на памет. Башка и ти не си за не неверување, тоа го работиш.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #54 на: 19 Декември 2012, 11:26:37 am »
За ваше добро е ова што го пишувам, не е за мене :)

Да си ги знаете правата и обврските. И секако ве советувам да си ангажирате адвокат или барем да се советувате со некој во недај боже ваква ситуација.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #55 на: 19 Декември 2012, 11:27:03 am »
banzai se reklamira... haha :D ;)

ke ti naplatat marketing ovie...

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #56 на: 19 Декември 2012, 11:28:29 am »
@Banzai: се` што наведов тука е преземено од официјалната страна на НБО. Ако кај нив не е ажурирано, тогаш и јас сум пренел таква неажурирана информација...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #57 на: 19 Декември 2012, 11:32:48 am »
Имав кажано шо ми се деси али пак ке кажам.
Со нерегистрирано возило бев,без возачка и ме чукнаа од назад.Кај мене немаше штета кај другиот имаше околу 600-700 евра.И да јас платив во неговата осигурителна компанија.А никаква казна не добив од полицијата.Ова беше пред 7-8години.Ако од тогаш има некои измени тогаш во право си,а ако нема никакви измени тогаш да те ангажирам да тужиме пошо изгледа јас сум е**н за толку пари.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #58 на: 19 Декември 2012, 11:40:07 am »
Касно е да тужиме сега :)

Не можам да тврдам како било пред 7-8 години, студент бев тогаш.

Гугле делиме по пола, фали ме и понатака ;D

Иначе Z128, не им е ажурирано, оваа одредба за 750 евра е ставена вон сила од пред година и нешто. И додека беше актуелна на суд не поминуваше, само пред осигурителните компании си важеше ова.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #59 на: 19 Декември 2012, 11:44:36 am »

СЕКОГАШ.