И Н Ф О Р М А Ц И И
за учесниците во сообраќајот на патиштата во Република Македонија во врска со употребата на Европскиот Извештај за
сообраќајни незгоди.
1. Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди е изработен од Европскиот комитет за осигурувања и неговата содржина на македонски јазик е идентична со оригиналот на англиски и француски јазик. Бидејки прашањата односно полињата се нумерирани со редни броеви на сите странски јазици (во земјите членки на Советот на Бироата ) содржината под тие редни броеви се совпаѓа со содржината на јазикот кој се применува во матичната земја.
2. Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди ќе се применува во Република Македонија од 01.07.2005 година за сообракајни незгоди со мала материјална штета чија вкупна штета е до висина на 750,00 еур во денарска противредност. Значи, во сите сообраќајни незгоди каде штетата не надминува 750,00 еур нема на лице место да излезе посебна увидна екипа на МВР туку самите учесници заедно ќе го пополнат, потпишат и ќе разменат примерок од Европскиот Извештај за сообраќајна незгода. Доволно е само да се информира овластен претставник на Министерството за внатрешни работи (од редот на униформираните полицајци) кој е во близина на местото на незгодата. Претставникот на МВР со својот потпис во графата 5 потврдува дека бил на лице место на сообраќајна незгода со мала материјална штета .
3. Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди нема да се користи за сообраќајни незгоди во кои има починати и повредени лица, и кога е причинета материјална штета поголема од 750,00 еур во денарска противредност.
4. Пополнувањето на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди е едноставно бидејќи дел од одговорите се препишуваат од полисата за осигурување, зелената карта и возачката дозвола, а дел со знакот х во квадратчињата (од 1 до 17) за околностите под кои се случила сообраќајната незгода.Треба да се нацрта скица за сообраќајната незгода со лоцирање на правците на движење на возилата и нивната местоположба во моментот на незгодата. Доколку возачите имаат одделни забелешки треба истите да ги нотираат во графата „лични забелешки„ (која е еден вид изјава на возачот за случената незгода во скратена верзија)
5. Учесниците во сообраќајна незгода со мала материјална штета имаат обврска објективно и точно да ја прикажат фактичката состојба и оштетувањата на возилата. Реалното прикажување на начинот на кој се случила сообраќајната незгода е исклучително важно, бидејки правилно утврдената фактичка состојба придонесува за побрзо решавање на барањето на штети на трети лица врз основа од полисата за осигурување од автомобилска одговорност.
6. Примероци од Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди може да се добијат на шалтерите на сите друштва за осигурување кои се регистрирани за склучување на осигурувања од од автомобилска одговорност, Авто Мото Созузот на Македонија, Сојузот на возачи на Македонија АСУЦ Боро Петрушевски, Националното биро за осигурување и во други асоцијации кои врз основа на договори за деловно-техничка соработка вршат осигурување од автомобилска одговорност за осигурителните друштва. Исто така, наведените правни субјекти имаат обврска да пружат непосредна помош, односно објаснување на сите лица кои ќе побараат дополнителни информации во врска со пополнувањето, потпишувањето и примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди како релевантен доказ за остварување на правото за надомест на штета пред осигурителните друштва.
7. Сите учесници во сообракајот на патиштата треба детално да се запознаат со содржината на Упатството за употреба на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди (се наога на последната страна). Во основа Европскиот извештај се однесува на сите сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Меѓутоа, во почетната фаза од примената на истиот се цени дека Европскиот Извештај треба да се пополнува и потпишува тогаш кога и двата учесника (возачи) се согласни за фактичката состојба односно за начинот на случување на сообраќајната незгода. Потписите на учесниците во сообраќајната незгода не значат дека е постигната согласност за вината за сообраќајната незгода.Тоа значи, дека потпишувањето на Европскиот Извештај за сообраќајна незгода не значи и признавање на вина.
8. Во сите останати случаи треба да се повика екипа од Министерството за внатрешни работи да направи Записник за увид на лице место.
Задолжително се повикува екипа за удид на лице место кога :
- другиот учесник во сообраќајната незгода одбие да даде лични податоци, односно податоци за возилото или пак го напушти местото на сообраќајната незгода,
- има спротивставени мислења на учесниците во сообраќајната незгода за околностите под кои се случила сообраќајната незгода односно за фактичката состојба.
- едно од возилата–учесници во сообраќајната незгода е неосигурано во-зило (нема полиса за осигурување од автомобилска одговорност) или нема регистрарски таблички.
- едно од возилата-учесници во сообраќајната незгода е возило со странска регистрација.
- еден од двајцата возачи- учесници во сообраќајната незгода е под дејтво на алкохол или наркотични сретства.
- еден од двајцата возачи- учесници во сообраќајната незгода нема возачка дозвола или нема возачка дозвола за соодветната категорија за управуваното возило.
9. Ако сообраќајната незгода е предизвикана од возач кој управувал возило со странски регистарски таблички, оштетениот односно овластеното лице од Министерството за внатрешни работи треба задолжително да земе копија од зелената карта или друг доказ за осигурување што го признава Националното биро за осигурување (полиса за гранично осигурување, полисите за А/О плус за возилата од Косово и сл.)
10. Осигурителните друштва имаат право во случај на несовпаѓање на податоците од Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди со оштетувањата на возилата да побараат дополнителни докази ,изјави од очевидци, но и писмена изјава од претставникот на МВР кој се потпишал во истиот.
11. Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди со мала материјална штета ќе придонесе да се растерети сообраќајот кога во населено место се случи сообраќајна незгода (имајки го во предвид чекањето на екипите за увид) од една страна, а од друга страна се скратува времето односно рокот за обездедување на докази. Всушност, оштетените веќе нема да чекаат месец дена за добивање на Записник за увид на лице место и Скица, туку веднаш ќе можат по пополнувањето и потпишувањето на Европскиот Извештај да пријават штета во осигурителното друштво каде причинителот на штетата има склучено осигурување од автомобилска одговорност. Во случај штетата да е причинета од неосигурано возило, оштетениот пријавата за надомест на штета ја доставува до своето осигурително друштво, кое потоа истата ја пријавува во Гарантниот фонд.
12. Пополнувањето и потпишувањето на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди е обврска на нашите граѓани кога со моторни возила патуваат во странство во земјите членки на Советот на бироата. Доколку се случи сообраќајна незгода во странство при пополнување на примерокот на странски јазик користете го македонскиот примерок кој е идентичен по содржина.
13. Осигурителните друштва во наредниот период треба да формираат мобилни екипи за увид на сообракајни незгоди со мала материјална штета (сообраќајни инжинери опремени со дигителни апарати, помош на учесниците на лице место на случување на незгодата и сл.)
14. Осигурителните друштва, Националното биро за осигурување и Министерството за внатрешни работи периодично ќе ја известуваат јавноста за резултатите од примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Исто така, јавноста ќе биде информирана и за евидентираните неправилности во врска со користењето на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди и превземените прекршочни односно кривични пријави против несовесните граѓани односно осигуреници.
Скопје, 17.06.2005 година
НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Директор,
Јонче Поповски