Автор Тема: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda  (Прочитано 59499 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #30 на: 19 Декември 2012, 10:02:41 am »
:) Исто како кога си дамла пијан. Може и нерегистрирано возило на паркинг да стои. И да те зафука некој. И? Нема оштета? Мало морген.

Може да немаш оштета АКО ТОЈ ШТО ТЕ МАВНАЛ Е НЕРЕГИСТРИРАН. Па ќе мора да бараш лично од него, па судови, па тинтири. Затоа што нема трето лице.

Јас не ни гледам поента зашто би ти платиле оштета, ако ти е нерегистрирано возилото. Со самото тоа што возиш нерегистрирано возило, го прекршуваш законот, пошто не би смеел да учествуваш во сообраќајот. Со кое право да бараш оштета ако те лупне некој, кога и онака не смееш да возиш?

Кога стои на паркинг, не учествува во сообраќајот. А и тешко да го најдеш тој што ќе те зафука на паркинг, без разлика дали твоето или неговото возило е регистрирано, или не.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #31 на: 19 Декември 2012, 10:03:48 am »
Се покрива и штета од непознато возило, но како што стои: „се надоместува согласно законот само нематеријална штета (за претрпена физичка болка, за претрпен страв, за намалена животна аквитност, за нагрденост) или за материјалниот дел на истата (за погребни трошоци, надгробен споменик и сл)“.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #32 на: 19 Декември 2012, 10:06:03 am »
Така е симо како што напиша, со мала разлика што не мора во твојата осигурителна компанија да отидеш да пријавиш, туку во која сакаш.

И после они не го гонат кривично, само регрес бараат, односно тоа што го платиле да им го врати виновниот :) Регрес има и ако пијан и без возачка е виновен, само тогаш неговата осиг. компанија исплаќа штета и си бара регрес од него.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #33 на: 19 Декември 2012, 10:08:27 am »
Претежно се оди во компанијата каде што била последната регистрација ако е волилото не е регистрирано барем така знам

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #34 на: 19 Декември 2012, 10:10:02 am »

Кога стои на паркинг, не учествува во сообраќајот. А и тешко да го најдеш тој што ќе те зафука на паркинг, без разлика дали твоето или неговото возило е регистрирано, или не.

Тачно, тачно.. дури и од твое маало да е тој, тешко се наоѓа.

@Banzai, мене логично ми беше да појдам во мојата..некако прво ми се наметна таму да појдам и тоа врска немав што да праам, тој нерегистриран, јас само знаев дека во таква ситуација МОРА да се чека полиција. Па отидов во осиг. компанија „добар ден, ме акна еден нерегистриран. Ок, нема проблем. Нема проблем?! Супер!“ и така.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #35 на: 19 Декември 2012, 10:11:01 am »
А во услови кога не може да се направи Европски записник? Да речеме, ако удриш неозначена дупка, или куче на автопат, или (као мене што ми се деси) на влагање во паркинг да ти падне рампа врз кола?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #36 на: 19 Декември 2012, 10:11:43 am »
Гледај да не се случи тоа, треба каско да имаш за такви ситуации

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #37 на: 19 Декември 2012, 10:11:47 am »
Се покрива и штета од непознато возило, но како што стои: „се надоместува согласно законот само нематеријална штета (за претрпена физичка болка, за претрпен страв, за намалена животна аквитност, за нагрденост) или за материјалниот дел на истата (за погребни трошоци, надгробен споменик и сл)“.
Значи ако некој ме закачи додека е во пијана состојба, а јас искочам со алуминиумска батериска ламба и ја изрегулирам ситуацијата, на начин на кој естетските промени и нагрдувања на мојата кола ретроактивно ги пренесам на неговата глава - осигурителната компанија ќе му даде пари за надгробниот споменик?

Практично. Зошто да трпи неговата фамилија и да дава пари за тоа што имале будала во фамилија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #38 на: 19 Декември 2012, 10:12:34 am »
А во услови кога не може да се направи Европски записник? Да речеме, ако удриш неозначена дупка, или куче на автопат, или (као мене што ми се деси) на влагање во паркинг да ти падне рампа врз кола?
Веројатно полициски записник. За каско - Сигурно мора да чекаш полициски записник. Јеби га.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #39 на: 19 Декември 2012, 10:14:40 am »
А во услови кога не може да се направи Европски записник? Да речеме, ако удриш неозначена дупка, или куче на автопат, или (као мене што ми се деси) на влагање во паркинг да ти падне рампа врз кола?

Неозначена дупка: Улици и Патишта
Куче на Автопат: Македонија Пат
Рампа на кола: Правното лице кое управува со паркингот/ рампата.

За сите овие ситуации прво бараш од нив оштета, а ако не даваат приватна тужба. Тука Национално биро за осигурување не ти помага.

Ако сакаш каското да го активираш, ко што вели Симо.

Има е една одредба според која „Осигурителните друштва во наредниот период треба  да формираат мобилни екипи за увид на сообракајни незгоди со мала материјална  штета (сообраќајни инжинери опремени со дигитални апарати, помош на учесниците на лице место на случување на незгодата и сл.)“.
Дали овие функционираат?, врска неам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #40 на: 19 Декември 2012, 10:19:43 am »
Како и да е, единствено нешто валидно и при тужба ти е полицискиот записник.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #41 на: 19 Декември 2012, 10:21:46 am »
И  Н  Ф  О  Р  М  А  Ц  И  И

за учесниците во сообраќајот на патиштата во Република Македонија  во врска со употребата на Европскиот Извештај за
сообраќајни  незгоди.


1. Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди е изработен од Европскиот комитет за осигурувања и неговата содржина на македонски јазик е идентична со оригиналот на англиски и француски јазик. Бидејки прашањата односно полињата се нумерирани со редни броеви на сите странски јазици (во земјите членки на Советот на Бироата ) содржината под тие редни броеви се совпаѓа со содржината на јазикот кој се применува во матичната земја.

2. Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди ќе се применува во Република Македонија од 01.07.2005 година за сообракајни незгоди со мала материјална штета чија вкупна  штета е до висина  на 750,00 еур во денарска противредност. Значи, во сите сообраќајни незгоди каде штетата не надминува 750,00 еур нема на лице место да излезе посебна  увидна екипа на МВР туку самите учесници заедно ќе го пополнат, потпишат и ќе разменат примерок од  Европскиот Извештај за сообраќајна  незгода. Доволно е само да се информира овластен  претставник на Министерството за внатрешни работи (од редот на униформираните полицајци) кој е во близина на местото на незгодата. Претставникот на МВР со својот потпис  во графата 5  потврдува дека бил на лице место на сообраќајна незгода со мала материјална штета .

3. Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди нема да се користи за сообраќајни  незгоди во кои има починати и повредени лица, и кога е причинета материјална штета поголема од 750,00 еур во денарска противредност.

4. Пополнувањето на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди е едноставно бидејќи дел од одговорите се препишуваат од полисата за осигурување, зелената карта и возачката дозвола, а дел со знакот х во квадратчињата (од 1 до 17) за околностите под кои се случила сообраќајната незгода.Треба да се нацрта скица за сообраќајната незгода со лоцирање на правците на движење на возилата и нивната местоположба во моментот на незгодата. Доколку возачите имаат одделни забелешки треба истите да ги нотираат во графата „лични забелешки„ (која е еден вид изјава на возачот за случената незгода во скратена верзија)

 5. Учесниците во сообраќајна незгода со мала материјална штета имаат обврска  објективно и точно да ја прикажат фактичката состојба и оштетувањата на возилата. Реалното прикажување на начинот на кој се случила сообраќајната незгода е исклучително важно, бидејки правилно утврдената фактичка состојба придонесува за побрзо решавање на барањето на штети на трети лица врз основа од полисата за осигурување од автомобилска одговорност.

6. Примероци од Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди може да се добијат на шалтерите на сите друштва за осигурување кои се регистрирани за склучување на осигурувања од од автомобилска одговорност, Авто Мото Созузот на Македонија, Сојузот на возачи на Македонија АСУЦ Боро Петрушевски, Националното биро за осигурување и во други асоцијации кои врз основа на договори за деловно-техничка соработка вршат осигурување од автомобилска одговорност за осигурителните друштва. Исто така, наведените правни субјекти имаат обврска да пружат непосредна помош, односно објаснување на сите лица кои ќе побараат дополнителни информации во врска со пополнувањето, потпишувањето и примената на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди како релевантен доказ за остварување на правото за надомест на штета пред осигурителните друштва.

7. Сите учесници во сообракајот на патиштата треба детално да се запознаат со содржината на Упатството за употреба на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди (се наога на последната страна). Во основа Европскиот извештај се однесува на сите сообраќајни незгоди со мала материјална штета. Меѓутоа, во почетната фаза од примената на истиот се цени  дека  Европскиот Извештај треба да се пополнува и  потпишува  тогаш кога и двата учесника (возачи) се согласни за фактичката состојба односно за начинот на случување на сообраќајната незгода. Потписите на учесниците во сообраќајната незгода не значат дека е постигната согласност за  вината за сообраќајната незгода.Тоа значи, дека потпишувањето на Европскиот Извештај за сообраќајна незгода не значи и признавање на вина.

8. Во сите останати случаи треба да се повика екипа од Министерството за внатрешни работи  да направи Записник за увид на лице место.

 Задолжително се повикува екипа за удид на лице место кога :


     -    другиот учесник во сообраќајната незгода одбие да даде лични податоци, односно податоци за возилото или пак го напушти местото на сообраќајната незгода,
     -     има спротивставени мислења  на учесниците во сообраќајната незгода за околностите под кои се случила сообраќајната незгода односно за фактичката состојба.
     -     едно од возилата–учесници во сообраќајната незгода е неосигурано во-зило (нема полиса за осигурување од автомобилска одговорност) или нема  регистрарски таблички.
      -    едно од возилата-учесници во сообраќајната незгода е возило со странска регистрација.
       -     еден од двајцата возачи- учесници во сообраќајната незгода е под дејтво на алкохол или наркотични сретства.
       -     еден од двајцата возачи- учесници во сообраќајната незгода нема возачка дозвола или нема возачка дозвола за соодветната категорија за управуваното возило.

9. Ако сообраќајната незгода е предизвикана од возач кој управувал возило со странски регистарски таблички, оштетениот односно овластеното лице од Министерството за внатрешни работи треба задолжително да земе копија од зелената карта или друг доказ за осигурување што го признава Националното биро за осигурување (полиса за гранично осигурување, полисите за А/О плус за возилата од Косово и сл.)

10. Осигурителните друштва имаат право во случај на несовпаѓање на податоците од Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди со оштетувањата на возилата да побараат дополнителни  докази ,изјави од очевидци, но и писмена изјава од претставникот на МВР кој се потпишал во истиот.

11. Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди со мала материјална штета ќе придонесе да се растерети сообраќајот кога во населено место се случи сообраќајна незгода  (имајки го во предвид чекањето на екипите за увид) од една страна, а од друга страна се скратува времето односно рокот за обездедување на докази. Всушност, оштетените веќе нема да чекаат месец дена за добивање на Записник за увид на лице место и Скица, туку веднаш ќе можат по пополнувањето и потпишувањето на Европскиот Извештај да пријават штета во осигурителното друштво каде причинителот на штетата има склучено осигурување од автомобилска одговорност. Во случај штетата да е причинета од неосигурано возило, оштетениот пријавата за надомест на штета ја доставува до своето осигурително друштво, кое потоа истата ја пријавува во Гарантниот фонд.

12. Пополнувањето и потпишувањето на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди е обврска на нашите граѓани кога со моторни возила патуваат во странство во земјите членки на Советот на бироата. Доколку се случи  сообраќајна незгода во странство при пополнување на примерокот на странски јазик користете го македонскиот примерок кој е идентичен по содржина.

13. Осигурителните друштва во наредниот период треба  да формираат мобилни екипи за увид на сообракајни незгоди со мала материјална  штета (сообраќајни инжинери опремени со дигителни апарати, помош на учесниците на лице место на случување на незгодата и сл.)

14. Осигурителните друштва, Националното биро за осигурување и Министерството за внатрешни работи периодично ќе ја известуваат јавноста за резултатите од примената на Европскиот Извештај за сообраќајни  незгоди со мала материјална штета. Исто така, јавноста ќе биде информирана и за евидентираните неправилности во врска со користењето на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди и превземените прекршочни односно кривични пријави против несовесните граѓани односно осигуреници.


Скопје, 17.06.2005 година                            



                                       НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА   ОСИГУРУВАЊЕ
                                                                                    
Директор,
                                                                                 Јонче Поповски                          

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #42 на: 19 Декември 2012, 10:27:41 am »
Гледај да не се случи тоа, треба каско да имаш за такви ситуации

Не праи разлика дали гледаш или не гледаш да се случи тоа :)

Ја најнормално си влагав на паркинг, се откачи дел од излезната рампа и ми одра дел од крилото и врата (од возачка страна). ГП се потепаа кој попрво да НЕ преземе одговорност, односно, типот на кој му заврши смената, се шина од бегање, типот на кој му почна смената „ништо не видел“, и у сред центар чекав џандари 3 саата. За после да ми кажат дека ќе треба да си платам за полициски записник, да идам у Лисиче да го земам, да идам у осигурителна, да напраат проценка на штета, па после со нивниот записник да идам со приватна тужба против ГП.

И нормално, отерав све у 15 лепе пи**е материне, пошто не планирам да остарам по судови, и поише пари за нив да даам, отколку што би добил оштета.

Во нормална земја со функционално судство, за вакво нешто можеш да ги одереш... Кај нас, можеш само сам да се одереш.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #43 на: 19 Декември 2012, 10:32:01 am »
одамна не сум чепкал по законите во случај на сообраќајна незгода... од тогаш до сега, веројатно се измениле, ама последен пат кога седнав со правник од осигурителна компанија и сообраќаен ИНСПЕКТОР (во времето кога се викаше полиција за сообраќајка, пред европските записници) кратко и јасно ми го објаснија следново:

-ако е некој пијан или не регистриран или без возачка, во сообраќајката, не е битно више кој бил во право, кој прошол на црвено, кој од каде на кого му исекол пат, кој закочил, кој се престроил и уствари ништо друго не е битно, освен дека дотичниот (не исправниот) НЕ СМЕЕЛ ДА БИДЕ ТУКА, НА ТОА МЕСТО СО ТОА ВОЗИЛО... и затоа е крив, во целост ке си ја сноси одговорноста. осигурителната компанија на другиот учесник му ислпаќа цела штета (каква и да е) а потоа од него си побарува да плати, дали лично со писмо или преку суд...

по таа дефиниција и за куката се водев...

очигледно е дека ги смениле законите па секој си плаќа казна за тоа што го направил... ти пијан, прав и здрав, те удира некој, он ке си плати за својот прекршок ти за својот.. безвезе...

некој погоре пипша дека на југото имал кука, фабричка, што не се вади... прво и основно, НЕМА ФАБРИЧКА КУКА ШТО НЕ СЕ ВАДИ за ниедно возило, па ни за југо. таа кука е одпосле монтирана и тоа на штрафови е, па макар ја монтирале и во фабриката во крагуевац. сигурно не е слиена со шасијата, а па уште помалку можеш да ме убедиш дека е тоа така на ЈУГО... законот си е јасен. евро кука, која се демонтира. топчето со полукругот се вади, конструкцијата на возилото си останува. 150 евра казна ако ја платиш во рок од 8 дена или 300 е предвидено според закон...

истиот муабет беше и со каишите кога воведоа закон.. те запира полицаец и ти со него можеш да се објаснуваш колку сакаш дека во твојата застава НЕМА ФАБРИЧКИ КАИШ за врзување... законот вели, дека треба да носиш каиш, па ти види сега и снајди се...

што се однесува до сообраќајка со пијан возач... и мене ме дрмна цурка една,со скоро 2 промили алкохол и тоа 2,3 саати и мереа после сообраќајката.. парче ми ја направи колата... е јас возев 90 кај што треба да се вози 50. она си возеше 50 и ми исече пат... полицаецот рече дека знае дека овој кочен траг и ваков удар не е од 50  (за мене) и дека доколку сумвозел 50, веројатно не би се удриле, бидејки она би си прошла а јас 30 секунди подоцна би дошол на ова место и ништо не би се десило, ама ништо од тоа не е важно, бидејки цурата е ќутук пијана и не требала да биде тука во возилото на ова место, те.е. не смеела да вози. во записникот си стоеше тоа (покрај скицата за удесот) дека била под дејство на алкохол и јас без проблем си наплатив пари од осигурање... напоменувам дека ова беше пред нај малку 5 годни дешавка...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #44 на: 19 Декември 2012, 10:36:22 am »
Toa e затоа што типката очигледно немала соодветна правна поддршка.