Автор Тема: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda  (Прочитано 58119 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29522
    • CARclub.mk
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #90 на: 02 Април 2013, 10:06:28 am »
CARclub совети - Како да постапите во случај на сообраќајна незгода?

http://www.carclub.mk/2013/04/02/kako-da-postapite-vo-slucaj-na-soobrakjajna-nezgoda/

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #91 на: 02 Април 2013, 10:09:07 am »
i mene mi mirisa na maftanje pred se so "sluzbenata beleska" a posle i od viner..

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #92 на: 02 Април 2013, 10:10:12 am »
i mene mi mirisa na maftanje pred se so "sluzbenata beleska" a posle i od viner..

Воопшто не е проблем службената белешка ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #93 на: 02 Април 2013, 15:15:22 pm »
Дали му ја исплатија гумата?
Neznam so napravil bitno mu ja izvadi od gepek i procenitelot ja slikase ...

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #94 на: 04 Јули 2015, 16:55:21 pm »
Ми треба мала информација, од мука :)

Направив сообраќајка во која јас сум виновен, удрено е друго возило од позади. Бидејќи штетата е поголема, моравме да викнеме полиција, бидејќи во Еуро Линк кога се јавив, девојката ми рече „не знам дали може само со европски“. Колите можда беа подвижни, ама сепак штетава беше над 750 евра.

Е сега, дојде полиција, направи записник и се пројде во добар ред, имав сообраќајна, лична, возачка и не прикажа ништо на алко-тест. Рекоа ќе се добие за 2 месеци отприлика.

Прашањата ми се:

1. Дали може полицијата некако да се договара со осигурителната и да рече „возено со 80 на саат“, а овие да не покријат штета на втората страна? Постои ваква ставка? Од она што читав, не важи осигурување само ако си под дејство на алкохол, не си осигуран и не е твое возилото.

2. Во другата кола имаше двајца, девојката совозач потоа отиде до болница и и дале дијазапам, да се смири. Значи не е констатирано повреда, дали може после ако им текне (што знам), да ме заебаваат со вакви работи? Во исчекување на таков повик, снимив Call recorder на телефон, ама не знам тоа дали е валидно на суд да се прикаже уцената?

3. Дали во моето осигурување одиме двајцата или јас во неговото, он во моето? Цајканиве така ни кажаа, ама на други места прочитав дека само кај мене се оди, нели крив сум...

Штетава на моево возило ќе ја прежалам, не е мала ама ќе се направи. Сакам да се осигурам дека нема други глупости да имам со осигурителниве и со другата страна. Колите се Лансер 2008 (мојата) и Свифт (90-ти?), кај мене штетата е предна маска пластика, свиткана хауба и нормално фарови. Моторот изгаси, течеше веројатно за ладење течноста (ќе се види ова во понеделник), а кај него отидено е заден дел цел, превиткано и лево задно крило, па се до некои набивања на средниот дел до вратите. Седиштата кај него внатре скршени и паднати назад (бог да чува, ебате безбедноста), а кај мене внатре стакло е (неоштетено) зашто иако поголем судар (да речеме јас со 40-50 го удирам он додека е целосно закочен), не се активира airbag. За среќа немам поголема материјална штета со тоа, ама па да не се активира на технички нова кола...налет (носен е појас).

Секој совет е добредојден, гледам Банзаи најактивен на темава па се надевам ќе добијам некои информации. Заебана работа, си возиш во еден момент, во друг илјадници евра во минус си.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #95 на: 04 Јули 2015, 17:34:23 pm »
Мал бил ударот чим не се активирал ербегот.
Сфифтот е возило со никаква безбедност, така да не прави споредба со штетите на лансерот кој е со максимална безбедност.

Штетата да била и 75.000е а возилата во возна состојба може да помине со европски, т.е. не е битно колкава е штетата додека возилата се во движење.

Доколку има повредени (мали повреди да речеме) мислам дека не може со европски ама нека каже некој друг за посигурно.

Ако можеш санирај го лансерот да вози и ако е сфифтот во возна состојба направете европски.
Ако успеете така е добро, само незнам дали може да се повлече записникот од полиција бидејќи казните се големи увид + причинител се дополнителни.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #96 на: 04 Јули 2015, 17:36:34 pm »
Друг пат пред да тврдиш нешто провери дали е точно за да не трескаш глупости, европскиот има и лимит за паричната штета.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29522
    • CARclub.mk
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #97 на: 04 Јули 2015, 17:48:58 pm »
Не успеав да најдам таква информација.

http://www.carclub.mk/2013/04/02/kako-da-postapite-vo-slucaj-na-soobrakjajna-nezgoda/

http://www.winner.mk/steti/

Едит: Го најдов ова - http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103091332442&id=24&setIzdanie=21827

Некоја колумна од 2009-та, и лета тука некоја бројка од 750 евра. Најдобро ќе биде некој од адвокатите да потврди. Банзаи?

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #98 на: 04 Јули 2015, 18:01:26 pm »
Се јавив во Еуро Линк, типката вика „ПА НЕ ЗНАМ ШТО ДА ВИ КАЖАМ КАКО ДА ПРАИТЕ“.

Возилата беа неподвижни (т.е. подвижни со сила), па кога прашавме во сервис (СГС), рекоа мора записник. Записникот е веќе направен, тој не се плаќа како што разбрав, бидејќи е обврска на полицијата. Која е тука логиката јас да плаќам сервис што веќе го плаќам преку данок? Иако нели, кај нас ништо нема логика. Во разговор со чичко ми кој имал несреќа со мотор (он во џип), голема е веројатноста да има судска постапка против мене зашто девојката (совозач) отишла до болница да се провери, и дале само дијазапам. Во тој случај, јас ќе треба да признаам дека сум крив, ќе се определи да донирам сума во хуманитарна организација - чичко ми платил 12,000 денари. Прво ми кажа евра (грешка) и срце ме стегна. :)

За ова со 750 евра, пишува и во упатството што го имам во Еуро Линк, иако не ИЗРИЧИТО. Гласи:

Се прави записник за поголеми материјални штети. Што им значи тоа, да ги прашаме нема да знаат како погоре, ама веројатно е со 750 евра. Не ми се ризикуваше искрено, зашто вака него ќе му е цело покриено, ми фали уште да ми спорат за глупости. Лансерот ќе го ѕирнат во понеделник во СГС, ќе се среди што треба, би ставил слика ама искрено срце ме боли. :)

Т.е. и да не попијам казна што тука слика ставам?

П.с. Трагичното е одев кај девојка ми, обично точак зимам, ама сега земав од тие лакерите за да средам факинг козметички оштетувања на браник. Таман да не го трошам лакот, ќе ми го средат браникот сеа...

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #99 на: 04 Јули 2015, 18:03:59 pm »
Друг пат пред да тврдиш нешто провери дали е точно за да не трескаш глупости, европскиот има и лимит за паричната штета.

Да се разбереме, лимитот е за штета без записник, а за поголеми материјални штети мора да се викне полиција за да се осигураат дека не пиел никој и слични работи. Не е дека ако е над 750 евра, не исплаќаат...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43553
  • Il Moderatore
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #100 на: 04 Јули 2015, 18:18:26 pm »
1. Кој ќе процени 750 евра штета на лице место? (Пукнат ксенон фар е повеќе од 750е штета).
2. Пукнат браник и фар на возило од средна класа се околу (сосе работна рака и повеќе) 750е, како знаеш дека си надминал или не?
3. Вкупната штета на двете возила многу веројанто дека ќе надмине 750е

Пред некое време, мој роднина удри од позади друго возило, бидејќи не знаеше што да прави, повика полиција (неговото возило беше прилично оштетено), полицаецот му кажа дека доколку нема штета на управувачките делови и доколку возилата може да се движат, се прави европски записник. Воедно му кажа дека ако сакаат може и полициски записник да направат, доколку сака некоја од странките, со тоа што следи „тарифа“ од 250е за тој што бара записник. Јас бев присутен цело време откако дојде полиција додека не завршија со записникот и си отиде полицаецот, така да ова што го кажувам лично го слушнав од (прилично учтивиот) полицаец кој се потруди и дури и помогна при правењето на европскиот записник. Во осигурителната компанија исто така, збор не кажаа за висина на штетата.
« Последно менување: 04 Јули 2015, 18:23:33 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #101 на: 04 Јули 2015, 19:12:12 pm »
Изгледа си во право, еве од официјалното на Еуро Линк:

http://eurolink.com.mk/files_novi/Evropski%20Izveshtaj%20Upatstvo.pdf

Предизвикана поголема материјална штета (доколку возилото не може да се управува). Али океј, мојава кола беше изгасена и страв ми беше да ја запалам, неговата имаше железо во тркало, така да мислам моравме да пријавиме место да се ебаваме и можна поголема штета. На крај можда ќе дојде проценител, ќе рече ова не е во возно стање (пример сам си организираш шлеп служба off the books) и да имам проблеми.

250 евра вака или така ќе ги прежалам, иако овие цајкани не спомнаа ништо за тоа. Само рекоа дека ќе бидеме известени по службен пат некаде за два месеци. Во понеделник одам на сервис, да ја видам мојава штета - моиве дома рачунаат штета од 500-600 евра, иако не ми е за верување. Да се пегла и фарба хауба, да се менуваат два фара и браник (еве да се исправи тој), башка моторот внатре да се ѕирне...ми личи како да ќе фати повеќе.

П.с. Фарови за Лансер кај да барам освен кај кољачите (МАС)? :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #102 на: 04 Јули 2015, 20:54:19 pm »
Тајлер ако девојката е повредена ќе има кривична против тебе и ќе си платиш во обвинителство од 8 илјади до кај 12 ако е ситна повреда. Ако беше само удрена колата ќе платеше прекршочна санкција, така да слично му доаѓа мислам.

Нема да плаќаш ништо за штетата на свифтот и евентуалните повреди на девојката, тоа твојата осигурителна компанија ќе им плати, ти го губиш само попустот за наредна година и нормално си ја плаќаш твојата поправка.

Ова со европскиот и 750 евра нема врска, може и 4000 евра да има штета и пак со европски да биде. Според твоиве кажувања мислам дека е ок што сте викнале полиција затоа што викаш дека едниот имал железо во тркало, а и твојата била сомнителна :)

Двајцата одите во осигирителната компанија ако се прави европски, кога е со записник од МВР тогаш само он ќе отиде во твојата. Ти џабе ќе пријавуваш штета во неговата осигурителна кога си крив, не си губи време.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #103 на: 04 Јули 2015, 23:39:42 pm »
Банза,кривична?да не си напраил ненамерна грешка?
А што е со тие 250 евра што треба да се платат на полиција,у кои случаи е тоа?Ако викнеш полиција а си можел да пројдеш со европски или чим искочат на увид си следи 250 евра надокнада за извршената работа?

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Evropski izvestaj pri Soobrakajna Nezgoda
« Одговори #104 на: 05 Јули 2015, 00:58:52 am »
Банза,кривична?да не си напраил ненамерна грешка?
А што е со тие 250 евра што треба да се платат на полиција,у кои случаи е тоа?Ако викнеш полиција а си можел да пројдеш со европски или чим искочат на увид си следи 250 евра надокнада за извршената работа?

Точно е, како што кажав погоре чичко ми имаше таков случај. Сега девојкава дали е повредена не знам, знам до болница отиде и рекле океј е, и дале дијазапам. Тоа не ми изгледа како повреда, цајканите и земаа само инфо како совозач дека била.

Фала на инфо како и да е, многу е безвезе што на форум најточни информации добиваш, место од твојата осигурителна компанија. Како и да е моравме да викнеме полиција, девојкава пријавена во болница и колите во неподвижна состојба.