Автор Тема: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4  (Прочитано 13631 пати)

Отсутен plimont

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #45 на: 15 Декември 2012, 13:01:00 pm »
ВТР, ја разбирам твојата потреба и намера да направиш промоција на производ во кој имаш интерес, меѓутоа следново сфати го како добронамерен совет – плукањето по други ќе те одведе во несериозни води и ќе биде причина да те перцепираат несериозно, еден вид на етикета која потоа човек тешко може да ја одлепи од себе.
Промоција се прави на друг начин, пред се преку докажување со својата работа, потребно е да се вложи и  време и труд, но во денешно време на слободна пазарна економија успехот доаѓа едиствено како резултат на веќе сработеното.
Пазарот е немилосрден, не признава фалење  и дискредитирање на конкуренцијата. Затоа, пазарниот удел на компаниите во одреден сектор е извонредно прецизно мерило за профилот на компанијата – ги издвојува професионалните играчи во секторот од останатите.
Не сакам да се повторувам на темата што значат брендовите Ланди Рензо, Ловато или БРЦ во светски рамки, би сакал само да посочам дека веќе е лесно и на интернет да се пронајдат сериозни информации, како што се извештаи од реномирани независни меѓународни институции (една од најголемите и најчесто цитирана е Frost &Sullivan)
кои јасно кажуваат кој е кој во автогасниот сектор.

Сепак, да се биде претставник на светски бренд не значи дека по автоматизам следува успех на локално ниво - во Македонија. Повторно се враќаме на претходното, мора да се докажеш со својата работа.
Што се однесува до вградување на плински уред на Форд Фокус, Ми-Да Моторс и повеќето импортери на возила го одбраа Плимонт  за свој партнер при продажба на модели со ЛПГ погон. Таквиот избор на импортерите не е случаен, направен е по претходна детална евалуација на постигнатите резултати и степенот на развој.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #46 на: 15 Декември 2012, 18:39:15 pm »
Добро кажано од страна на Плинмонт....јас лично возам Ланди Рензо на Пасат 1.8 турбо...го местев во Плинмонт Битола и досега нема проблем еве троши 1 повеќе од бензин ама се исплаќа и одлично функционира системот.
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #47 на: 15 Декември 2012, 19:18:30 pm »
Работава испадна „Сваки циган хвали свога коња“ :D

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #48 на: 15 Декември 2012, 19:27:48 pm »
Работава испадна „Сваки циган хвали свога коња“ :D

Не до толку....јас го пофалив Ланди...а ќе го пофалам и Ловато пошто 10 години го имам на Југото и греота е да речам дека не чини....тој што возел Тартарини и др ќе го пофали секако ако е задоволен од системот :)
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #49 на: 15 Декември 2012, 19:54:22 pm »
Јас сум задоволен од 3 Lovato системи, до сега: На Самара со карбуратор, вакуумски систем - беспрекорно, На ZX, вакуумски систем со со „симулатор“ за инжектори (малку посложен ситем) - беспрекорно, на 166-ката секвент систем (easy fast), многу задоволително - иако е предвиден за мотори до 125КW, кога ќе надминам 6000-6200 вртежи, знае да „сецне“ свичувајќи на бензин. Ама ова не го сметам за голем недостаток, пошто ако сакам да ја газам - префелам на бензин.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #50 на: 15 Декември 2012, 21:56:57 pm »
VTR,

Дали приказната што ја раскажа е за плачење или за смеење?  И дали случајно го утна форумот? Да не требаше приказната да ја раскажеш на Кајгана или на некој друг рекла-казала форум каде 99.9 и 103% од читателите поима немаат од автомобили и плински уреди?

Секвентните уреди на Ланди Рензо, Ловато и Тартарини работат на ист принцип и имаат идентични системи по функционалност. Разликата е само во квалитетот и потдршката, а во таа смисла и Ланди Рензо и Ловато рангираат повисоко од Тартарини. Значи не е возможно со првите два моторот да работи ко трактор, а со третиот да работи без проблем. Ако моторот има проблеми со првите два ќе ги има истите проблеми и со третиот.

А шлаг на целата приказна ти е делот со рикнатиот ECU. Подеднакво дебилно и логично ќе беше ако во приказнава ни раскажеше дека наместо ECU-то на роднината твој му прегорел фрижидерот во викендица како последица од неквалитетните плински уреди.

И секако приказнава ќе звучеше така наивно ако немаше постови на форумов во кои не испушти ниту една прилика, а да не ги извеличиш Макплин како алфа и омега на светов за плински уреди...Кога ќе се сетам:
Доволно е само два збора по телефон да им проговориш на Макплин за да прелетаат од Скопје до Струмица и да ти средат некоја тотално небитна ситница;
Макплин има најдобри свеќици на свет со чија употреба се осеќа драстично зголемување на снагата и намалување на потрошувачката;
Макплин продава уреди од Тартарини, значи Тартарини мора да се најдобрите уреди на светот;
 ::)Кили би рекол „Не ме је*и човече“.

VTR, не се сите на форумов безкичмењаци. Јасно е дека си близок родина, пријател или соработник на Макплин. И нема ништо погрешно во тоа да ги промовираш. Но начинот на кој тоа го направи овој пат е глуп затоа што изнапиша куп глупости во постот и некоректен затоа што плукаш по друга фирма и тоа во подфурмот на таа фирма.

Мене само едно не ми е јасно: Зошто сеуште не ти е избришан постот?  ???
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #51 на: 15 Декември 2012, 22:15:45 pm »
^^ + 10000

Во склоп на темава, и јас монтирав лично уред во Плимонт пред 3 недели и сум презадоволен. Пред да се решам кај да монтирам се јавив на попознативе местачи на плин во Ск, разговарав, читав по форуми ово оно и се решив да ставам во Плимонт од причина што бев сигурен дека ќе биде најдобро наместен, дека мапата ќе биде најодговарачка, дека ќе имам секаква подршка во секое време, и најважното кога им се јавив не ми направија одма муабет нашиот е најквалитетен, супериорен дрн дрн, нашето е ова, нашето е она. Во врска со тоа најодговарачка мапа и сл одев по тоа дека Плимонт веројатно досега има поставено плин на над 1500 возила со 1.4 16В Фолксваген мотор па веројатно знаат како најдобро да го подсеат уредот, цаки и сл. Но тоа беше мое размислување и моја одлука.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #52 на: 15 Декември 2012, 22:29:05 pm »
Јас имам ланди лси блу. Тотално задоволен! Како оуредот така и од Плимонт. Со години не сум улетал на така добар мој избор. Фирма + уред = 1-1 .

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #53 на: 15 Декември 2012, 22:30:26 pm »
Полека бре колеги, незнаев дека преминавте у адвокати :) Пред се вие не треба да сте инволвирани у дискусијава заради лични причини т.е. пристрасност ;)
@gOJDO Дали кај тебе еве конкретно све функционира баш беспрекорно? Кој уред го користиш и каде ти е инсталиран? Среќа што не возиш Фиат Браво Т-јет или немаш надворешна плинска боца :D Како и да е, ти посакувам да си купиш Мерцедес Б класа и да си инсталираш плински уред во него, пошто искрено и ја окорели Petrol Head почнав да размишљам за плин, али најверојатно  у течна фаза ... здравје ;)
Поентата ми е релаксирајте го човекот (VTR) - секој има право да искаже свое мислење, замисли сеа и Мак Плин да се умешаат у конверзацијава... па не сме на пазар ;D
Toa што некој има огромна продажба (како VW), e само добра политика за работа на фирмата - што не  мора да значи дека нема и подобри, напротив. Маркетингот е машинерија сама по себе, ама ние сме на заеднички колегијален форум со цел да си помогнеме едни на други при донесувањето на одлуки, а не како послушни питомци да вергламе нечиви претходно разработени цитати...
Респект кон сите фирми за монтирање на плин во МК и срам да им е на оние кои се обидуваат да ги дискредитираат останатите - да им го оставиме тоа на форумџиите да проценат сами, ја на пример по природа сум пргав и намерно би играл спротивно на упорно со сила наметнатите нешта од страна на некои!
Да не испадне дека немам став (и чекам да ми го стават :D), да, еве Толту пријатно ме изненадија со со холандскиве уреди за VW ...
ЕДИТ: За свеќиците Denso дека се најдобри - најдобри се и тоа факт! А за Peugeot Beeper што не работел на Ланди ... јебига и мене може на некое убаво маче од преголема возбуда да не ми се дигне  ::)


Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #54 на: 15 Декември 2012, 22:34:19 pm »
Џиџи акоси имал соработка со Плимонт првќе рипнеше тука :D :D .

Шала на страна, ако имавме повеќе вакви фирми во државава ќе цветавме.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #55 на: 15 Декември 2012, 22:36:01 pm »
Ќути бе бар ти, ќе ги стрелаше заради вентилите ... :D ;D  8)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #56 на: 15 Декември 2012, 22:37:44 pm »
Никако. Само не бев разбран убаво. Ме нападнаа сите а јас само прашав и со цела доверба го прифатив одговорот. Не е убаво да се извртува работата. И преди потоа сум реколдека се нешто што треба секоја фирма да биде.

И нормално искочи дека они не се виновни нити уредот.

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #57 на: 15 Декември 2012, 23:08:43 pm »
Интересно уште малце може и тепачка ке се договори меѓу плимонташи и макплиновци. Ало ја прашав за check engine, за стрелката за гориво, за вентилите и кои се разликите помеѓу Landi Max i Tartarini. Еве што разбрав, дека ogi88 бил на пракса во плимонт и дека бил пристрасен, nikola_bb исто бил на пракса во плимонт и он демек бил пристрасен и се обиде еднаш да ви каже дека ја утнавме темата, VTR бил близок човек на макплин или роднина и дека некаде на пат за банални проблеми одат да му ја поправат колата што нема да биде случај со мене или некој друг од каде и да стави плин, djidji се обидува да ги изглади малце од малце работите ама слабо му оди а плимонт како озбилна фирма успеваат да паднат на евтини провокации од VTR, мислам дека веќе ако сакаа нешто да пишат можеа барем да одговорат на некое мое прашање. Уште Макплин треба да се јави и да стане уште поголема калакурница.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #58 на: 15 Декември 2012, 23:45:41 pm »
И камелеон? Сега што реши? Заеби тулумби а? Смени мотор, тури турбо дизел и да опнеме клуч на темава ;D

Џиџи, i love you man...

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #59 на: 16 Декември 2012, 05:30:55 am »
Jas pred 7god. imav astra 1.6 monopoint i otidov vo plimont za plin.usluga ok.montaza isto na nivo dobiv i garancija 1 god. i si plativ punam plin vozikam niz grad potrosnja 15litra..ajde na reklamacija..mi rekoa gospodine svekjici i filter novi..aj vikam ok sve zemav najskapo+kabli smeniv i potrosnja pak 15 litra..idam pak stavija na kompjuter vika lambda sonda..ajde smeniv i toa cudo potrosnja pak 15..tretiot pat mi rekoa katalizatorot necinel...rikverc kolata zastanuam nakaj doma vo keramidnica imase eden so plin vikam pomagaj..otvori tipot isece nekoj zici od kompjuterot i stavi obicno ona za vrtenje sto se steluva plin na karburator i vika teraj...mu vikam kolku pari vika ostaj 100ce. vozam cel mesec potrosnja ne mrdna nad 8 litra..kolata nazad gajba pivo i 1000ce vo dzep mu vikam gospod zdravje dati dae..izvinete plimont ama ete jas nemam ubavo iskustvo..moze sum crna ovca i eden vo milion ama sto e toa e