Автор Тема: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4  (Прочитано 13620 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #15 на: 13 Декември 2012, 22:11:57 pm »
300 евра плус? Тоа се 400 литра плин.

Отсутен Kameleon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 53
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #16 на: 13 Декември 2012, 22:24:40 pm »
Мене како што ми кажаа тартаринито исполнува еуро 6 норми и има автоадаптација, и кога прашав за штелувањето ми рекоа дека се штелува и во место и во возење. Е сега тоа баш и не ми е јасно зошто би се штелувало кога има автоадаптација. А за цената тука се некаде Ланди е 570 евра + 40 евра капалка, додека тартарини 590 евра + 50 евра капалка.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #17 на: 13 Декември 2012, 22:47:01 pm »
Јас како што знам штелувањето во возење се прави со цел да се зададат правилни вредности на плинската мапа во сите режими на работа, како работи на бензин така и на плин, па откако ќе се зададат тие вредности се вклучува аутоадаптацијата која веќе прави корекции во плинската мапа, односно постојано се стреми да функционира идентично како на бензин, и го учи начинот на возење на возачот.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #18 на: 13 Декември 2012, 22:56:11 pm »
VTR кај тебе тартарини имаш на возилото? Ме интересира дали на пример со аутоадаптацијата да речеме ако се налета на полош плин(како што се дешава кај нас) ќе се зголеми потрошувачката, поради нели тоа што послаба е енергетската вредност на тој плин

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #19 на: 13 Декември 2012, 23:03:29 pm »
Не, немам тартарини, не е само со плин тој проблем со зголемена потрошувачка ако е неквалитетен, проблем е и со бензин и со нафта.

Ако е нешто неквалитетно е неквалитетно, и ќе прави проблем кога тогаш.

Повторно ќе повторам, зборам од тоа што сум видел и прочитал, не зборам од рекла-казала...

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #20 на: 13 Декември 2012, 23:05:43 pm »
Па да де и за бензин важи истото затоа ме интересираше дали бидејќи ќе има слаба енергетска вредност горивото самиот систем ќе ја зголеми количината за да дојде до некоја прифатлива вредност. Дека неможам нешто многу да најдам на нет како точно функционира па мислев ако некој има искуство да сподели

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #21 на: 13 Декември 2012, 23:12:36 pm »
Сите модерни уреди имаат можност за динамичка мапа, сите уреди се еуро 5. Тоа се класични маркетинг трикови затоа и ти реков дека сите системи се горе долу исти. Одлучи си сам што највеќе те влече и нормално според џебот

Мислев дека ти е јасно :)

Колата не оди на вода, и најрафинираниот мотор со лошо гориво нема да има иста потрошувачка како со добро гориво, и ќе светне check engine ;)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #22 на: 13 Декември 2012, 23:19:44 pm »
Еднаш едно викаш еднаш друго, нели со тартарини не се палел check engine. Тоа и ми беше поентата дека сите системи од познативе се добри арно ама кај нас со катастрофа гориво може да се случат проблеми

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #23 на: 13 Декември 2012, 23:19:59 pm »
Затоа можда и се вика Тартарини OBD ... Незнам, кога е техничка подршка во прашање прочитав дека некои идат на лице место, ако треба и во Струмица на нивни трошок, во најкраток можен рок  :o
nikola_bb и Ogi88 ги разбирам зошто се пристрасни, сепак форумов е да им се даде вистинска претстава на новите колеги кои сакаат да инвестираат во своето возило.
Има и други фирми како Новус со Prins, Кар систем со Аполо ... (http://zk.com.mk/act/%D0%90%D0%92%D0%A2%D0%9E-%D0%9F%D0%9B%D0%98%D0%9D%D0%A1%D0%9A%D0%98%20%D0%A3%D0%A0%D0%95%D0%94%D0%98).
Вие гледате тука кој што ставил, а не има 2000000 жители - помалку од Београд :) Точно е дека сервисот е важна работа, ама уште поточно е да не се склони на кварови (па макар и незнам банални од типот на сензори и сл. - си се задужил со пари да го монтираш и да ти се расипе меракот за 2000 км ...), а Check Engine ??? Таман работа, па ни кинескиве Great Wall со плински уред со течно вбризгување LPi немаат ниакви проблеми, а овде нашиве фирми викаат дека тоа не било изводливо т.е. ќе имало проблеми ... додека Толту дава 5 години гаранција :D
Поентата Kameleon ми е бегај од искомерцијализирани фирми ! У смисол ти викаат купи Југо, има делови у секоја трафика ... а бе луѓе ја не сакам Југо и да мењам ефтини делови, ја сакам да возам Мерцедес и да не се расипува !!!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #24 на: 13 Декември 2012, 23:26:02 pm »
Џиџи Great Wall иде со течно вбризгување? Кај можам да прочитам повеќе?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #25 на: 13 Декември 2012, 23:27:20 pm »
http://www.greatwall.mk/modeli/detali/doc/lpg.pdf

Во моментов има понуда само за VW-групација Ауди ,Сеат,Шкода и Волксваген за сите мотори.
Барај го Zvonko Trpkovski, Brand Manager

+38975230305
zvonko@greatwall.mk
Skopje Macedonia
Gvadalahara bb 1000 Skopje
+38922654654,+38922655655
www.greatwall.mk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #26 на: 13 Декември 2012, 23:32:21 pm »
Свака част. Тоа е решението за коли со директно убризгавање.

Отсутен VTR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 733
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #27 на: 13 Декември 2012, 23:33:14 pm »
@nikola_bb Неможе од сите можни бензински пумпи да е лош плинот, значи со ненаштелуван уред ќе свети check engine тоа ми беше зборот. Друго е да ти се светне еднаш или два пати, друго е нонстоп.

Точно така dji dji, кока кола не е најдобар пијалок на светот но е најпродаван, јбг комерција :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #28 на: 13 Декември 2012, 23:52:06 pm »
Затоа можда и се вика Тартарини OBD ... Незнам, кога е техничка подршка во прашање прочитав дека некои идат на лице место, ако треба и во Струмица на нивни трошок, во најкраток можен рок  :o
nikola_bb и Ogi88 ги разбирам зошто се пристрасни, сепак форумов е да им се даде вистинска претстава на новите колеги кои сакаат да инвестираат во своето возило.
Џиџи ова дека сум пристрасен ме погодува мене. Јас наведов и кажав тоа што јас сум видел, додека бев на пракса месец дена од стотици возила јас едно возило не видов со check engine. Немам намера некоја страна да бранам или незнам што мене праксата во плимонт ми беше овозможена од машински факултет, и си поминав одлично и многу научив и видов(фала на плимонт за ова).Тука го споделувам само моето искуство тамо кое го стекнав на стотици возила кои имав можност да ги видам(бројката е 100ци затоа што зборам за сите возила што влегле за нешто во плимонт не само за монтирани возила) Се слагам дека форумов треба да даде вистинска претстава а тоа мислам дека може да биде само ако луѓе кои ги користат тие системи ќе споделат со нас информации и искуства, затоа што нормално за секоја фирма уредот што она го нуди е секогаш најдобар и пред другите(мада често не е тоа така).
Баш ќе поминам до толту деновиве да го видам системов ако имаат возило на лагер со него,и ќе споделам тука што сум видел

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ПЛИН НА FORD FOCUS 1.4
« Одговори #29 на: 14 Декември 2012, 00:22:14 am »
Извини, не сакав да те погодам! Не ми беше апсолутно поентата тоа! Обично не смеат да играат игри на среќа луѓето кои се блиски со вработениот во организацијата на истите, капираш? У врска пристрасноста таа е нормална - и ја би бил пристрасен (можда и несвесно) кога би бил на твое место, како што и реално сум за одредени нешта :)
Лично ве поштуем и тебе и Оги многу знаеш и самиот, имам само аверзија према клиширани нешта (Garmin e бољи од Том Том ... зашто ???)