@plimont
ВТР, ја разбирам твојата потреба и намера да направиш промоција на производ во кој имаш интерес, меѓутоа следново сфати го како добронамерен совет – плукањето по други ќе те одведе во несериозни води и ќе биде причина да те перцепираат несериозно, еден вид на етикета која потоа човек тешко може да ја одлепи од себе.
Немам никаква потреба и намера да правам промоција, и никаков интерес, нити финансиски ниту за да добијам услуга, срамно е од ваква фирма како вашата која ја претставувате како гигант во МК за монтажа на плински системи да обвинувате некого кого ниту го познавате лично ниту пак кажал нешто против Вас, и пишувате работи кои не се наменети за темата која е отворена.
Јас не критикував никаква фирма ниту пак пофалив друга, што правиме ако се јават овде сите фирми во Македонија што монтираат плински системи, и почнат да убедуваат?
Едно е да фалиш плински систем, друго е фирма која ги монтира.
Промоција се прави на друг начин, пред се преку докажување со својата работа, потребно е да се вложи и време и труд, но во денешно време на слободна пазарна економија успехот доаѓа едиствено како резултат на веќе сработеното.
Пазарот е немилосрден, не признава фалење и дискредитирање на конкуренцијата. Затоа, пазарниот удел на компаниите во одреден сектор е извонредно прецизно мерило за профилот на компанијата – ги издвојува професионалните играчи во секторот од останатите.
Ја разбирам и вашата потреба да се браните како и со што треба да си докажан на пазарот, бидејки кога ќе прочитате за конкурентните системи почнува да ве стега јаката околу врат заради потрошените финансии за маркетинг и се фаќате за некој член од некој форум како циганче за чреша, со цел да успеете што подолго на пазарот.
Не сакам да се повторувам на темата што значат брендовите Ланди Рензо, Ловато или БРЦ во светски рамки, би сакал само да посочам дека веќе е лесно и на интернет да се пронајдат сериозни информации, како што се извештаи од реномирани независни меѓународни институции (една од најголемите и најчесто цитирана е Frost &Sullivan)
кои јасно кажуваат кој е кој во автогасниот сектор.
Јас несакам да се ориентирам на некоја агенција за истражување од интернет, која лесно може да е формирана од брендот кој е најдобар во испитувањата или истражувањата, и секако по автоматизација тој бренд е најдобар
Ако сте толку сигурни дека ланди е најдобар на пазарот одговорете ми дали има подршка за:
-полусеквент
-фул секвент
-автоадаптација
Тартарини го има тоа, што е ситница во однос на другата побитна вградена технологја во него, со што докажува дека е понапред од ланди временски и технички, и е во погорно ниво далеку пред комерцијалните.
И кока кола е најпродавана, но не е најквалитетна. Зошто не возите Голф или Корола ако е најквалитетна, возите Л200 затоа што е подобар од конкурентите спрема платено-добиено
Сепак, да се биде претставник на светски бренд не значи дека по автоматизам следува успех на локално ниво - во Македонија. Повторно се враќаме на претходното, мора да се докажеш со својата работа.
Што се однесува до вградување на плински уред на Форд Фокус, Ми-Да Моторс и повеќето импортери на возила го одбраа Плимонт за свој партнер при продажба на модели со ЛПГ погон. Таквиот избор на импортерите не е случаен, направен е по претходна детална евалуација на постигнатите резултати и степенот на развој.
Успехот е променлива работа со текот на времето, Македонија е мала земја во која доброто се слуша далеку а лошото уште подалеку. Маркетингот е најголемиот алат за успех во денешно време, Вие со тоа успеавте да се здобиете со име, но не со најквалитетна работа, сеуште користите бакарни цевки, сеуште користите бугарски цевки за топла вода, и сеуште користите застарени системи.
Од тие работи љуѓето мислат дека плинските системи се ненадежни, брзо се расипуваат, дека ќе им сецка колата кога ќе ја стават на плин и дека е нормално да им свети чек енџин кога ќе монтираат плин. И затоа повеќето несакат да чујат за плински системи, и типувааат на нафташи, незнаејки ја правата вистина за добро монтиран плински систем.
За тоа што некои фирми се одлучиле за соработка со Вас најбитен е само еден параметар, а тоа е ниската дилерската цена на плинскиот систем, во Мк сеуште функционираат работите што поевтино толку подобро дури и за големите фирми, со што не се добива квалитет.
Поздрав!
@gojdo
Немој да ме замараш, со тебе за дебати имам раскрстено уште од кога се инатеше за линеата на плин со 1000е учество, не пишувај глупости на форумот и те молам не ги заземај битовите на серверот на форумот. Тоа што имаш излепено една изолациона кутија за филтер за воздух, и ставено алуминиумски бандажи ОЗ не те прави познаник и љубител на автомобиле, оди на форуми за компјутери каде што можеш да го напишеш тоа што го разбираш
Камелеон извини што ти ја затрув темата, но некогаш човек мора да падне под своето ниво за да им се изјасни на тие што се наоѓаат на тоа ниво
Со среќа во изборот!