Јас имам часовник од серијата Edifice веќе ~5 години и имам само пофални зборови. И мојот има многу функции и џиџи/миџи и ништо се нема расипано никогаш и батерија имам сменето само еднаш и тоа батеријата за илуминација. Со мојот се имам бањано и во море (Турција) и ништо не му се деси, така да немаш гајле. Што се однесува до големината веруј ми дека не е голем, мојот e 44-48 мм па дури и делува дискретно, така да тоа нека не те предомислува, според мене часовник и треба да биде малце поголем и да остави впечаток.