Тоа се реални цени, без многу заработка. Јас имам неколку Касио часовници, купени од други држави, платени околу 30% поевтино отколку што во тоа време беа по продавниците во ГТЦ, Рамстор...
Исто како со телефоните во некои мобилари, на пример Ледиком или Мобилекс.
Другар ми пред недела и нешто си купе нов Нокиа Лумиа 1020 за 420 евра (нешто повеќе од 25к денари) од Мобилекс (му го испратија во Битола истиот ден кога им се јави за да праша дали имаат на лагер).
Истиот телефон во ONE е околу 40к.
Се распрашавме за цената по луѓе по државите. Мобилниот навистина се наоѓа по таа цена, а и имало некоја интересна понуда на тој модел на Нокиа, некоја промоција или што ти ја не знам, по цена од 400 евра (што е случајот и кај Ледиком и Мобилекс, сигурно ги зеле Нокиите по 400 евра).
Значи муабето ми е дека кај нас цените варираат во зависност од алчноста на продавачот.
Не сум имал прилика да ги видам овие часовници што се продаваат во Прилеп, ама мислам дека се оригинални со реални цени на кои има малку ќар (како што кажав и погоре).