Пред една недела го купив овој часовник

Станува збор за модел на касио,едифејс EQW-M710DB-1A1.Часовникот е приказна за себе,најмногу ме изненади неговата точност,истиот е радио контролиран и прима радиосигнал на секои неколку часови преку кои самиот си го калибрира времето,има исто до секунда време споредено со времето на компијутерот или мобилниот.Го покажува времето на многу од светските градови,моменталното време,можност за покажување на времето на моменталната временска зона и било која зона во светото.Истиот има соларни панели преку кои самиот си ја надополнува батеријата,тајмер и штоперка,аларм,хронограф итн.
Пред некој месец го порачав истиот модел од алиекспрес,но ми стигна копија,која на излгед не се разликува од оригиналот,но копијата освен покажување на време,сите други стрелки си вртат во круг.