Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 354826 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7229
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1995 на: 31 Јануари 2026, 13:36:38 pm »
Кај мене е МКТ, од кајннив и доаѓаа за инсталација, као демек да не било од МКТ ќе пуштеле и повеќе од 50/50, како што е по дог

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1996 на: 31 Јануари 2026, 14:21:05 pm »
Точно, Телеком стрикно дефинира колку може да се пушти брзина преку нивна линија и опрема ако плаќаш на друг корисник.

Со оптиката на А1 немам толку искуство да знам колку е стабилна, дали имаш постојано интернет или си има падни стани, додека од друга страна оптиката на телеком навистина е одлична.

Најкатастрофа се Телекабел, тие не знаат кај тераат, џабе оптика кога рандом загуби на пакети, од чиста мира те пребацува на друга ИП адреса и одеднаш немаш интернет.
Попатно активирале QOS, па така иако ти даваат пример 300/300 пакет, почни да симнуваш филм, првата минута е на 300 брзина, после им паѓа на 80-90.

Телекабел е оператер кој треба да се заобиколува доколку имаш алтернатива за оптика.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8219
  • Плинаш!!!
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1997 на: 03 Февруари 2026, 21:23:09 pm »
Дечки дали некој имал до сега нарачано онлајн телефон од телеком? Ако имал, за колку денови му го доставиле?

Чудна работа, телефонот што го сакам никаде го нема да се купи, ама онлајн може да се нарача.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4233
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1998 на: 03 Февруари 2026, 21:26:21 pm »
За неколку дена би требало да ти стигни ако го имаат на залиха.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8219
  • Плинаш!!!
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #1999 на: 03 Февруари 2026, 21:44:36 pm »
Па ваљда го имаат затоа што ми дозволи да нарачам. Имаше 2 бои, од едната боја не ми дозволи и пишуваше дека нема на залиха.

Фала ти на одговор.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10569
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #2000 на: 03 Февруари 2026, 22:02:18 pm »
Дечки дали некој имал до сега нарачано онлајн телефон од телеком? Ако имал, за колку денови му го доставиле?

Чудна работа, телефонот што го сакам никаде го нема да се купи, ама онлајн може да се нарача.
Лани колегата го доби дури по 2 месеца, откако му обеле коса додека беше во потера...

Каква ќе ти биде среќата :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8219
  • Плинаш!!!
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #2001 на: 03 Февруари 2026, 22:44:50 pm »
Па од тоа се плашам, да не ми падне мене косата
Знам дека а1 се катастрофа со доставата.
Гледам на телеком има опција да си ја следиш нарачката, ваљда ќе бидат коректни.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3995
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #2002 на: 04 Февруари 2026, 00:05:27 am »
Телефон не знам, ама климата и soundbar-от ми ги донесоа за 3 работни дена.

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8219
  • Плинаш!!!
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #2003 на: 04 Февруари 2026, 04:40:46 am »
Ааааа ова ветува, нарачав вчера па ќе видиме.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20881
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #2004 на: 05 Февруари 2026, 12:22:35 pm »
Поделени чувства за А1... Првин ги пцуев, ама се испостави дека за џабе, односно не била нивна кривицата.

Земав еСИМ, направив све што треба да направам, мудаааа, нејќе... Прима повици, не може да ѕвониш, интернет не работи.
Ај пробај пак, па пак одново, па ајде у салон, па и таму немаат појма што како, отворија тикет на сапорт.
Испадна дека веројатно некоја конфигурација си иба векот со постоечката еСИМ што ја имав на телефонот, па си правеа конфликт една со друга. Го рестартирав телефонот, проработе како што треба.
Од друга страна, реагираа прилично брзо во обид да го отстранат проблемот. Во понеделникот попладне го пријавив, понеделник вечер проработе после рестарт, наредниот ден ми се јавија да прашаат дали е сѐ во ред. Најс.

Вчера слетав во Дортмунд, пак чудото нејќеше да се врзе на мрежа. Германскиот СИМ си проработе инстантно, другово нејќеше. Ај си викам, пак да рестартирам... Овој пат, ништо. Ми текна дека у пакетите деактивирав „Роаминг Сообраќај“, мислејќи дека е за интернет во странство. Арно ама, се испостави дека е за све, не само за интернет. Телефонот едноставно не се врзуваше на партнерска мрежа во роаминг. Пробав со тие автоматизираните чуда да го решам, не можеше. Пробав да се логирам, меѓутим и тоа не можеше, пошо не можеше да ми се достави СМС за верификација. Пратив мејл, во рок од отприлика 2 саата сѐ на сѐ, изреагираа, го отстранија проблемот и картицата си профункционира.

Од мене имаат пофалба за услуга и техничка поддршка.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.