Автор Тема: Совет за часовник  (Прочитано 225840 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Совет за часовник
« Одговори #285 на: 05 Октомври 2014, 19:15:43 pm »
Па пиши не е лошо да се разгледа

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2243
Одг: Совет за часовник
« Одговори #286 на: 05 Октомври 2014, 19:36:27 pm »
Ова е нивната фб страна,на неа имате контакт.

https://www.facebook.com/pages/CAJS-Watches/215237535337199?sk=timeline&ref=page_internal

Дечките се супер,се што се нуди кај нив е оригинал,имаат голема традиција во часовничарството,барем јас сум презадоволен од услугата а и од цената која ја добив при купување на мојот часовник,колку за информација во споредба со мајтајм часовникот беше со некои си 20%+ поефтин.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #287 на: 06 Октомври 2014, 00:19:09 am »
Хммм... како е возможно Casio Pro Trek PRW-6000 да го продаваат за 6000 денари, кога секаде по светот цената му е 450+ долари? Ова остава простор за сомнеж, Про Трек се доста скапи часовници (највеќе поради скапата изработка со многу сензори), брат ми поседува еден таков од постарите модели и мислам дека од Америка го купи некои 400-500 долари. За споредба PRW-5000 во мајтајм кошта 31.000

Едит: Не му била цената 6000 денари, тоа било моделот, али мене ми искочи о нов ред па ми изгледаше како цена.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Совет за часовник
« Одговори #288 на: 06 Октомври 2014, 00:42:27 am »
Баш тоа ке ти пишав..... Можда си помешал. Во секој случај имаат добри цени

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Совет за часовник
« Одговори #289 на: 07 Октомври 2014, 18:37:27 pm »
абе а дај пишете кај може да си купам кожно ремче низ градов?
-бев во мytime имаат morellato ремчиња, солидни 600 до 1000 ден цена, ама избор немаат баш премногу
- b-watch ги имаат hirsch али малце скапички ми се од 1500 до 2000 ден се a толку ми е и оригиналното за tissot кожно ремче
некоја друга опција во градов има?

и има некој македонски форум за часовници?? како wus и остали?
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #290 на: 07 Октомври 2014, 18:48:49 pm »
Земи си оригинал Tissot, јас немам сретнато соодветна замена за ремче, сите тие се универзални и се тапа и со многу послаб квалитет.

Присутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг:
« Одговори #291 на: 07 Октомври 2014, 18:53:13 pm »
Карши рaмстoр, вo зградата што има аптека има чaсoвничaр штo гледa нaкaј х. Бристoл. Имa кaтaлoг oд Condor watch straps и мoжеш дa си oдбереш и дa си нарачаш.
Цени дoкaј 1000.
Потпис.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Совет за часовник
« Одговори #292 на: 07 Октомври 2014, 19:20:52 pm »
Алките од Сектор може да се најдат по пониски цени од тие во MyTime?

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг:
« Одговори #293 на: 16 Октомври 2014, 14:17:29 pm »
Дали имате поправано и дали се исплати да се поправа автоматски часовник тисот? Каде би било најдобро да се однеси, ама по можност кај некој мајстор а не божиновски и слични продавници?
Часовникот оди понапред цело време, за неколку часа веќе е заминат еден час понапред.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Совет за часовник
« Одговори #294 на: 16 Октомври 2014, 15:00:32 pm »
Е аман бе, што му се десило? Немаш гаранција? Пробај во Омега во стара чаршија, екстра е момакот, али малце е специфично ова. Он соработува со божиновски и знам дека требаше да работи за нив, ама ете не се деси. Прашај, не те кошта али автоматик е зезната работа.

Присутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 627
  • Сузуки Витариче
Одг: Совет за часовник
« Одговори #295 на: 16 Октомври 2014, 15:06:19 pm »
Дали имате поправано и дали се исплати да се поправа автоматски часовник тисот? Каде би било најдобро да се однеси, ама по можност кај некој мајстор а не божиновски и слични продавници?
Часовникот оди понапред цело време, за неколку часа веќе е заминат еден час понапред.

Карши рамстор во високата зградата што има аптека има саатчија (гледа накај Бристол).
Неколку пати сум носел часовници таму и сум задоволен.

И јас од скоро време поседувам Tissot автоматик па заради тоа приметив дека газдата на ѕидот има обесено неколку дипломи за сертифициран сервисер на Tissot автоматици т.е. ETA movements.
Провери кај него дали можеш нешто да направиш.
Потпис.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14715
Одг: Совет за часовник
« Одговори #296 на: 16 Октомври 2014, 15:10:00 pm »
Дали имате поправано и дали се исплати да се поправа автоматски часовник тисот? Каде би било најдобро да се однеси, ама по можност кај некој мајстор а не божиновски и слични продавници?
Часовникот оди понапред цело време, за неколку часа веќе е заминат еден час понапред.

Btw, Божиновски ги имаат најдобрите мајстори. Лиценцирани од ETA, после тоа екслузивно и за Breitling итн. Секоја година мора да одат на обука во Швајцарија, така што, вие си знаете ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Совет за часовник
« Одговори #297 на: 16 Октомври 2014, 15:12:22 pm »
Јес, јес, баш ќе речев дека зет на еден член на форумот работи во Божиновски. ;)

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Совет за часовник
« Одговори #298 на: 16 Октомври 2014, 15:28:21 pm »
@Dodo ништо посебно му се нема десено, а гаранција нема бидејќи е стар 15 години и добиен е на поклон.

А инаку сакам на мајстор, за доколку можи да се поправи, не да ми се става нов механизам што прептоставувам дека би чинел многу пари. Утре ќе појдам карши рамстор да видам што ќе ми кажи мајсторот, а ако имам време и до омега ќе поминам. Крајно решение би го оставил божиновски, но во Битола оти ми е поблиску.

Доколку го направам ќе пишам кај кој мастор да си имате на мукает ако недајгоспод ви затреба  :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20804
Одг: Совет за часовник
« Одговори #299 на: 16 Октомври 2014, 15:34:52 pm »
И од мене имаш препорака за типчето у Омега у Чаршија.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.