Може ли некој да ми објасни разлика, предности и недостатоци на парапетните клима уреди. Дали е подобро за греење да се оди со таква единица или класнична високо на зид. Читам различни мислења некој вика тие подобро затоплувале друг како демек пошто зидните од горе земале топол воздух подобро било... Па ако има некој што стварно стручно се разбира да ми објасни.
Потребно ми е за греење во куќа, дневна 35м2 + кујничка 7м2 на прв спрат, спални на втор, надворешни зидови без изолација, дрвена дограма со термопан стакла.
Може да пуштам и скица од распоредот ако некој се нафати да ми помогне околу изборот 
Значи вака.
Имаш две опции за греење. Ѕидна која дува надоле скроз или парапетна. Ѕидната која дува на страна или нагоре не.
Е сега.
Парапетна е подобро зошто зема ладен воздух и го загрева и доле го пушта пак. Кај климите е битно да земаат од најладниот воздух зошто така работат поефикасно. Иако и онака се ултраефикасни. Ама плус тоа што дуваат доле кај ладното овозможува да се згрее подобро просторот.
Парапетните бараат простор. Прво за монтирање и второ за распространување на топлината. Значи метроипол над нив да е празно и напред да имаат "видик" до центарот на собата. Се надевам ме разбра. Ако видикот е мал ќе греат помалку.
Ѕидните само треба да дуваат надоле за да греат. Не завземаат место воопшто, видик имаат секогаш.
Значи ако имаш место и видик подобро е парапетна за греење. Подобро ќе грее.
Ако немаш простор тогаш ѕидна. Ама горе нД неа пожелно е што повеќе простор да има. Рецимо 20-30 цм. И задолжително да дува надоле.