Изборот ми е дефиниран од максимална цена која пријателите се спремни да ја издвојат.
Треба да се грее ~25м2 простор на приземје, во куќа со ПВЦ дограма, без додатна изолација и југозападна ориентација
Од понудените модели, искуство имам само со 3 слични модели на Хитачи, меѓутоа сите тие оваа зима безпрекорно грееја и во најладните периоди.
Мојата домашна Хитачи и при најниските температури од -20°С без проблем ја одржуваше температурата на 24°С. Мислев дека тоа и е максимумот, па за тест ја појачав на 27°С и успеа да стигне и над 26°С при надворешна температура под -18°С.
Со моменталниот модел на Хитачи немам искуство, иако се надевам дека ќе работи слично на претходните, но засега не е на лагер
Со другите 2 клими немам ама баш никакво лично искуство, ниту пак некаде сум ги видел во експлоатација, па во изборот не сакам да одам на слепо или по интуиција.