Тоа е маркетинг, дека климите можат да го исфилтрираат воздухот во просториите. Реално не се способни за тоа. Посебна фарса се сите тие „био“ филтри и што се не. Филтрите служат за да го заштитат хитсинкот/чилерот од внатрешната единица од прашина. Ако не се чистат, се нафаќа слој прашина на нив и се намалува протокот на воздух во внатрешната единица. Со тоа се намалуваат и перформансите и ефикасноста на уредот, а потрошувачката се зголемува.
мило ми е што некој ја сконтал употребата на тие филтри.
само ке го повторам уште еднаш истото, за да остане запаметено:
Филтрите на климата, не служат за филтрирање на воздухот, туку за заштита на климата, односно, на внатрешниот топлински изменувач (хладњакот на внатрешната единица) кој поради конструктивната изведба има многу по тесен проток на воздух наспроти хладњакот на надворешната единица кој ете, нема никаков филтер, па и после 10 години не е затестен...
меѓу другото, кога климата е на ладење поставена, ако таа прашина влезе на хладњакот (збориме за внатрешната нели) буквално ке се забетонира и збогум на климата засекогаш. бидејки има влага во голема количина, односно кондензат, кој во комбинација со ситната прашина ке направат таков цврст слој, кој неможеш никако да го исчистиш, освен, секако, со хемиски третман...