Радијаторот.
те молам, немој така да го викаш топлинскиот изменувач...
за жал, сите прифаќате странски зборови како новопечени во македонскиот речник... САМИ СИ ГО УНИШТУВАМЕ ЈАЗИКОТ... радијатор е грејно тело за во просторија, кој има позамашни димензии наспроти тоа хладњачето т.е. топло изменувачот... во недостаток од соодветни зборови, англичаните и американците еден ист збор го употребуваат на повеќе места... па така за radiator кај нив се подразбира и за:
-споменатиот топлински изменувач
-и на надворешната единица од климата е исто радијатор
-и за во кола топлинскиот изменувач од парното е тоа
-а богами и од климата за во кола истото е
-и ладилникот за антифриз е радијатор
-и ипсарувачот од климата во кола е радијатор
-и на фрижидерите задната разладна решетка е радијатор
-и секој еден мочан алумински, бакарен или челичен дел кој служи за разладување или загревање на воздух и вода, каде што има конверзија на температура ОНИ ГО НАРЕКУВААТ РАДИЈАТОР, па така и во телевизорите, компјутерите, лаптопите, појачала за аудио и слично, сите хладњаци (пардон, ладилници) они ги нарекуваат радиајтор...
ова исто како србиве што УЉЕ им е од масло за кола, преку зејтинот, течни креми за сончање, восок за автомобили итн итн...
зашто си го уништуваме јазикот по нивниот терк, кога имаме наши зборови? зашто влегуваат зборови во употреба како што се глоба, изискува, надпатник итн итн...
[Кај и што треба да се чисти од прашина?
Јас на мојава само тие мрежичките и ги чистам
И јас ги перам тие двете мрежички тако звани филтри ама мислам дека треба детално внатре да се исчисти и пена да се шприцне. Особено ако се пуши во просторијата мириса од климата кога ќе ја пуштиш. А за прашина да не правиме муабет. Мислам дека секоја година треба да се прави тоа. Завива компресорот ако е многу угушена.
за испирање-чистење на внатречниот хладњак а и за надворешниот, моја професионална констатација е дека е потребно еднаш на секои 24 месеци максимум да се направи хемиски третман за одстранување на наслаги. па токму поради тоа, земајки го составот на талозите врз истото, со еден лаборант од скопје, кој има сопствено производство на хемикалии, “склопивме“ 2 хемикалии за овие два изменувачи-хладњаци... тој што е за надворешната единица, одличен е и за автомобилски ладилници...
Јас филтрите ги чистам редовно под туш со млака вода. Дали така треба или треба некое средство да се стави? Се работи за обична клима.
ако тоа редовно го правиш, нема потреба од никакви хемикалии за тие филтри.. и немораш со млака, можеш и со жешка вода слободно, нема ништо да им биде, те уверувам.. а со пожешка вода, ке ги симнеш и талозите од маснотии како и од никотин доколку се пуши во просторијата... биди слободен во температурата.. јас на сите мои клими филтрите ги перам со релативно жешка вода, т.е. толку жешка што ако со прст пипнеш ке се опечеш... а на филтрите не им е ништо, пластични се...