бидејки е тазе муабетов на форумов, а и се работи за член од форумов, ке пишам едно искуство од денес... значи ова искуство не ми е прв пат, се десило поише пати, и е феил за сите... само затоа што се работи за тазе муабет, затоа и ке пишам иако многу луѓе веројатно би се криеле и не би пишале вакво нешто, бидејки се знае дека некој ке им лупне етикета или печат за нестручни...
точно она што го кажа сале а го кажав и јас дека е возможно, баш тоа се деси.. ова уствари поише го пишувам како совет во иднина за сите, кога ке најдете мајстор во кој сте сигурен слушајте ја неговата препорака и не се обидувајте да заштедите. 1000-1500 денари во вакви ситуации...
пред да некој било кој да го осуди лазарус (за било што), одма да ви кажам дека не е ни негова вина, како што не е ни моја, туку изборот за тој тек на настаните е на друг.. се работеше за кај него на работното место, па автоматски лазарус, не ни одлучуваше, туку некој друг одлучуваше за тоа, т.е. секако, збориме за финансиите и одлуките за потезите...
како што и претходно напишав, но ќе повторам, можни се 2 тестирања на половна, демонтирана клима за ниво на нејзина исправност:
првото е на лице место, кое неможе да биде целосно во никој случај. за да биде целосно на лице место е ризикот да ја закачиш т.е. монтираш климата и да не работи.. тоа е поевтината варијанта и шансите се 50-50 дека ке работи или не, откако на тестот ке помине...
втората но и поскапата но секако и дефинитивно нај сигурна варијанта е да го соберам клима уредот кај мене во работилница и да му направам целосен тестинг на апаратура, но и крајното е дека ке ја поврзам, наполнам со фреон, фклучам НА МАСКИМУМ и оставам да работи 1,5-2 саати без престан. ако тој тестинг го помине, тогаш и јас можам да гарантирам дека климата е ок и може да се монтира...
одлуката ја донесе дирекоторот негов, да се тестира на лице место... е ситуацијата кај него беше следна: имаше 3 клими на располагање.. од нив, 2-надворешни единици беа со фреон што кај нас више го нема. една беше со фреон р410. од друга страна од 3-те внатрешни единици, само 1 беше исправна.. другите 2 беа со прегорени електроники. штосот беше во тоа што надворешната исправна единица е од фонко, а внатрешната исправна единица е криптон... се обидував на фонко внатрешната да ја оспособам ама едноставно нејкеше да пропее и тоа е тоа...
кога ја тестирав надворешната единица, покажа дека компресорот врти, климата е комплетно празна, вентилаторот е исправен, вентилот (трокрак вентил) за свич на греење е исправен. со рака задржав на компресорот креваше некој притисок... но, како што претходно напишав, тоа не е доволен тест дека компресорот е исправен. нема фреон, нема притисок, нема оптоварување...
и така, ја наместивме климата, ги упарив надворешната со внатрешната, иако се различен бренд, сепак може да се спарат за да функционираат.. заварив цевки со приклучоци , пошто нели, различен бренд е со различна јачина па автоматски и различни приклучоци се... ја наполнив со фреон, ја вклучив и компресорот вклучи и исклучи за пола секунда... ми падна помрачина на очи, ама ај викам да пробам, ке сменам кондензатор, ке сменам кликсон, ке проверам контакти... се тоа сменив и следно вклучување, се вклучи, поработе 4-5 секунди и се укочи комплетно, за вечни векови, амин... значи компресорот не бил исправен, а во ситуација на лице место тестирање без капка фреон во себе, тоа неможеш да го дознаеш... јас си наплатив монтажа, секако спуштив 20% подоле, од мене нека иде... нема да осиромашам за тие пари...
е сега... поентата на целиов овој текст е дека, ако ми беше во работилница, ке го дознаев тоа таму, и ке се избегнеше малтретирањето мое, на лазарус а ке се избегнеше и давање за џабе пари... фреон отиде фира, сребрена жица отиде фира, мап гас отиде фира и работата моја отиде фира...
и не само за клими, туку буквално за сите технички зафати.. слушајте ги мајсторите. не експериментирајте и не се коцкајте, ако сакате да имате сигурност...