@Sale, во мојот пост побарав контакт од мајстор за клима. Немав тенденција да го презентирам проблемот на форум и да барам совети. Доколку не го разбра тоа така можеше да ми одговориш со нешто као "образложи го проблемот, можеби ќе можам да ти дадам корисен совет" или некој одговор во таа смисла, а не да добијам саркастичен одговор. Не е клаберски, и не е другарски. Прашањето го поставувам на форум каде очекувам да добијам корисна информација за добар мајстор по препорака, а не да барам по огласи баш такви што колат.
1. Одговорот го доби уште во првиот пост за препорака за мајстор за клима:
Оф, мори мајко
@onak

(За да го разбереш го кратам)
2. Одговорот на прашањето:
Дечки, да имате некој контакт што работи со дијагностика и монтажа на клима уреди? Ми треба итно за да провери една стара клима и ако е функционална да ја монтира.
Работава стана, боцни прачка пи вино

Се бара видовит човек!!!!
Како за медицина, така и за клима уреди исто да може и од два три збора дијагностика на кола да направи

Оф, мори мајко
@onak

Ете ти го одговорот @onak.
Во неговиот пост ги доби и цените за кои претходно со Симо напишавме неколку реда.
Правејќи се и он малку аматер.
За да некој може да ти помогне или да ти даде совет, дали мислиш дека е доволно да поставиш такво прашање?
Еквивалентно би ти било: Дечки имам стара кола, дали има некој мајстор за да ми ја прегледа и стави во возна состојба???
На вакво прашање стварно треба да е некој видовит за да ти одговори.
Нема марка на климата.
Нема никаков податок.
Нема години на старост.
Неколку најбитни фактори со кој ја олеснуваш својата работа, односно добивање на прецизен и точен одговор, а исто така ја олеснуваш и работата на оној кој треба да ти одговори...
Ако твоето прашање е шарлатанско, добиваш и таков одговор.
Дали сега мислиш дека твоето прашање е поставено исправно, и дали е тоа другарски и клаберски?
Тука ке го добиеш одговорот на точка 3.
И сето тоа кога ке го ставиш на кантар, односно земање, носење, тестирање, цел ден работа и давање некому цена од 3000 денари за проверка, дали мислиш дека ке прифати?
+ 75-те евра односно 50 за монтажа, 10 за метро цевки, 10 за далечинско и 5 за држачи, севкупно 125 евра, не вклучувајки ја цената за фреон, некому ке се исплати за стара изработена клима 
Фреон секако мора да се сипе. Ако ја вакумираш за тест, ако ја полниш со гас за тест, логично е да нема грамче фреон ... Значи и тоа треба да го есапиш...
Еве у најмала рака 150 евра.
За 200 јеботе имаш нова клима, 2,5књ со 2 години гаранција.
3 страни муабет, празен муабет...
Лец д тингс бигин аген...

Чисто се сомневам дека е цел ден работа, може човекот сака да му ја однесе во сервис, па таму да ја истестира, и да, мислам дека ќе прифати секој што е професионалец, и за тоа претходно ќе каже колку ќе чини.
А понатаму ќе си одреди Lazarus дали му се исплати, или ќе ја фрли во првиот контејнер.
Да, знам дека чисто се сомневаш во многу работи. Ама погрешни ти се сомнежите понекогаш за жал, еве и во овој случај. Незнам зошто тоа многу пати го правиш тенденциозно, но голем си си знаеш.
И еве ти ги конкретните одговори од човекот кој го спомнав уште во мојот прв пост:
друже од кај си? претпоставувам од скопје си.. зависно од каде во скпјево си, цената ке ти биде помеѓу 2.000 и 2.900 за ЦЕЛОСНА проверка на климата.. ја зимам, ја носам во работилница, таму ја поврзувам, тестирам и ти кажувам дали ја бива или не. ако ја бива, за монтажа ке се договараме накнадно. монтажата ке ти биде помеѓу 40 и 80 евра.. зависи која должина на цевки, кабли, држачи и фреон.
втората варијанта што ке те кошта 10 до 15 евра (повторно зависи кај си локација) како тестирање е да ја приклучам рачно (со кабли) и можам да ти кажам само дали вентилаторот и компресорот врти, без да знам дали крева надпритисок колку што треба или не... посекако ке можам да чујам дали компресорот е комплетно продуван.. тоа е за надворешната единица, а за внатрешната ке можам да ти кажам само дали вклучува или не... скоро сите имаат копче за мануелно вклучување, нај веројатно ке се заврши работа и без даљинско...
што клима е? имам некои даљинска од клими, ми стојат во магацин....
За среќа сум аматер па ги погодив цените онака од ракав.
И верувам дека овие цени кои ги кажал @onak се со клаберски попуст.
Благодарност што се уклучи после толку време за да даде одговор.
Се извинувам што не сум прав клабер (видовит човек) и другар, и што за моја нереќа читам правила од форуми и друштвени мрежи пред да реплицирам, поставам прашање или дадам одговор (најчесто саркастичен

)
рѕ. Убав ден и ве сакам сите
