Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1197018 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1005 на: 04 Август 2015, 23:28:51 pm »

Целиот зафат кошташе 100 евра (20 демонтажа + 50 монтажа + 30 дополна со фреон), и беше изведен од сервисерите на Контрекс. Брзо, навремено и професионално завршена работа. Моја препорака за нив.
Еее едно врееме една од поарните компјутерски фирми беше ова контрекс :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1006 на: 06 Август 2015, 18:29:04 pm »
Има ли некој искуство со греење со котел на пелети ? Минатото зимо се вселивме во куќава во Декември па не ставивме никаков котел и покрај целата парно инсталација ни куќава и се греевме на клими, 4 низ целата куќа(спални и дневна) од кои само една е инвертер и иако сметките за струја не беа толку високи(11-12.000 денари) сепак оваа година сме со намера да се грееме на Пелети заради загревањето на ходниците низ кои има поставено мрежа за подно грење како и стравот од многу ниски температури, кои рака на срце не представуваа толку проблем минатата сезона од 12.12.2014 па наваму.

Се работи за куќа од 240м2, поделени на три спрата. Како и минатата година и оваа го користиме само приземјето и горниот спрат така да за ефективно греење ми требаат околу 160-170м2, но би сакал да остане и некоја резерва за ако некогаш затреба да се активира и најздолниот спрат. Последниот спрат е како сутерен и е 60цм под земја, има одлична изолација па заради тоа и таму ставивме помали радијатори во сите соби кои се 4 на број. Останатиот дел од куќата е со изолација од 3цм малтер па врз него 5цм стиропор од сите три страни, четвртата страна ни е лепенка со друга куќа. Сите прозорци се PVC 70мм Rehau, 4 сезони стакло полно со Аргон(вака мислам беше).

Така да кој има  корисни совети, искуства како и препораки за фирми кои се занимаваат со котли на Пелети ќе му бидам благодарен да ги сподели.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1007 на: 11 Август 2015, 10:45:11 am »
дали некој има искуство со ST климите што се продаваат во Сетек, односно дали вредат за парите????

http://setec.mk/ST-HS-35A-VG-12000BTU66972

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1008 на: 11 Август 2015, 11:13:37 am »
Важно е кај климите да видиш гаранцијата како се одржува.

Обично е едно чистење годишно, ако не дојдат да ти ја исчистат ти пропаѓа гаранцијата. Што е и логично до некаде. Значи рачунам 20еур годишно за чистење, и 50еур за монтажа за овие микронскиве климички кошта. Ова рачунај си го за повеќето марки.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5345
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се оста&
« Одговори #1009 на: 11 Август 2015, 11:19:27 am »
дали некој има искуство со ST климите што се продаваат во Сетек, односно дали вредат за парите????

http://setec.mk/ST-HS-35A-VG-12000BTU66972

Не, и не сум слушнал некој да каже нешто за нив. Ама мое мислење е дека за прифатлива разлика во парите имаш подобри прилики за клими.
Ако ти е за поевтини сплит клими, погледај ги Gree.

edit: Е за гаранцијата, рачунај дека поскапите (и поквалитетни) клими идат со 3 години гаранција - неусловена со „редовен сервис“. Тоа редовен сервис повеќе е начин за да заработат повеќе пари. Дури и од најевтините од најевтините клими, се очекува да работат 3 до 5 години. Така да ако нешто кошта 100 евра повеќе за да има 5 години гаранција, рачунај од старт дека кошта 100евра повеќе и погледај што понуди има во тој (повисок) ценовен опсег.

Отсутен Soldier

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1010 на: 12 Август 2015, 19:17:49 pm »
Кој има искуство со фенкојлери, нека ми каже дали мора кондензот од неколку фенкојлери , пет шест, да се става во олук?
Колку вода ќе има од толку фенкојлери, зашто сакам да го ставам во заградена зелена површина/жардињер од 2 квадрата, таму да си тече. Само ми е страв дали ќе упива постојано ,

Фала.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг:
« Одговори #1011 на: 13 Август 2015, 00:59:22 am »
Зависи од тоа колкава ќе биде температурната разлика,  влажноста,  јачината на климата....

Ама да не комплицирам,  не би ти препорачал да иде одводот во жардињера, иако 2 квадратни не се малце земја.  Рачунај дека еден фенкојлер во топлите денови би произвел барем 5 литри вода дневно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1012 на: 13 Август 2015, 02:37:21 am »
точен одговор... ни јас не би ги турал во жардињера...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1013 на: 21 Август 2015, 12:23:44 pm »
дали некој има искуство со ST климите што се продаваат во Сетек, односно дали вредат за парите????

http://setec.mk/ST-HS-35A-VG-12000BTU66972

искуство на мој комшија со 5 ка клима инвертер од сетек.вика супер си тера скоро 3 год.
претходно имал скап модел од панасоник и не му се погодила.уште една скапа земал и таа ништо...
и решил да оди на поефтина варјанта.и сега за сега ја фали.
годишно дава 200 денари за продолжување гаранција и они си прават проверка и чистење за тие пари.
гаранција  5 години.
мислам дека се добра понуда.и мислам дека имаат тошиба компресори климите од СТ.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1014 на: 21 Август 2015, 17:00:09 pm »
Јас ја имам истата клима од сет ја користам година веке првенствено за ладење ја зедов и одлично си ја врши работата, а за греење лани греев со неа 18 квадрати слабо изолиран простор дрени прозори и зидови без изолацја и во најладните денови климата постигнуваше 23 24 степени но да напоменам без гасење цело време си беше пуштена, е сега за други работи рано е да се збори тоа е што имам да ти кажам за неа.

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1015 на: 21 Август 2015, 18:14:17 pm »
мислам дека најбитна област која треба да се испита кај овие ефтините клими е која е нејзината ефикасност односно колку струја троши. не значи дека ако грее/лади добро дека е супер ако потрошњата и е 2 пати поголема од клима со ист капацитет од поскапите брендови.
Тоа ти е исто како стар фрижидер сите имаме или сме имале по дома и сите знаеме дека ако не е механички оштетен ќе си лади добро ама ако се спореди ја потрошувачката со некој нов од повисока класа неспоредливо е.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1016 на: 21 Август 2015, 18:54:55 pm »
Море да се намочам у новите фрижидери...Да не го урочам овој стариов дома преку 25 години уште лади. Во другиов стан имам Бира демек босански, гледам компресорот е некој германски има на него етикета. После 7-8 години еве го одвај 13 степени сакаш стави на најако на најслабо неможе да симне повеќе. Мајстор треба да доаѓа да го види вака на невидено вика може компресија да има изгубено. Нов мотор 6000 денари цел фрижидер 9000денари....Зборот ми е не вреди за парите ѓубрето што ни го продаваат.

Отсутен munja

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 109
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1017 на: 21 Август 2015, 20:10:42 pm »
Диневски се согласувам со тебе за сите климатизери има спецификации, е сега работата е во пракса колку ке се покажат точни, и да не заборавиме односот перформанси-цена .

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1018 на: 22 Август 2015, 12:04:43 pm »
горење фрижидер, 15 години без дефект.... наеднаш ослабе многу... компресорот во аут... стариот ОБОДИ има 3 децении, работи, мука нема...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен igorN73

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #1019 на: 22 Август 2015, 16:37:31 pm »
Каде може да купам бакарна цевка 10ка - 6метри должина и која е цената од прилика дали знае некој?