Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1198209 пати)

Присутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
@Lazarus
Еве јaс се нудaм дa ти oдгoвoрaм нa невиденo.   Мoнтaжa 50еврa. Цевки пo 10еврa oд метaр дoлжен. Дaлечинскo 10 еврa. Држaчи 5еврa кaкo зa тебе. Спреми 75еврa, јaс ке ти викнaм. Мaјстoр зa пoнaтaмoшнa дијaгнoзa, или пa јaс би ти јa мoнтирaл зa oвaa ценa. Пoсле тие 75 еврa следи дијaгнoстицирaње. Oднoснo се мери кoличинa нa фреoн пo спецификaцијa, се пoлни и се прoверувa дaли рaбoти.
Фaлa нa фoрмулирaнoтo прaшaње, зa дa дoбиеш oдгoвoр. Мене искренo ме бoли мaшки пoлoв oргaн зa тoa кaкo ке гo фoрмулирaш. Сaкaш oдгoвoр, прaшaј кaкo е редoт.
Нa претхoднoтo прaшaње дoби и сooдветен oдгoвoр :-)

@Sale, во мојот пост побарав контакт од мајстор за клима. Немав тенденција да го презентирам проблемот на форум и да барам совети. Доколку не го разбра тоа така можеше да ми одговориш со нешто као "образложи го проблемот, можеби ќе можам да ти дадам корисен совет" или некој одговор во таа смисла, а не да добијам саркастичен одговор. Не е клаберски, и не е другарски. Прашањето го поставувам на форум каде очекувам да добијам корисна информација за добар мајстор по препорака, а не да барам по огласи баш такви што колат.




Чисто се сомневам дека е цел ден работа, може човекот сака да му ја однесе во сервис, па таму да ја истестира, и да,  мислам дека ќе прифати секој што е професионалец, и за тоа претходно ќе каже колку ќе чини.
А понатаму ќе си одреди Lazarus дали му се исплати, или ќе ја фрли во првиот контејнер.

И да, се согласувам, за жал 3 страни муабет а за чоекот немаме конкретен одговор, односно контакт од професионалец/ци кој/и се занимаат со поправка и одржување на клима системи.

За да не биде толку џабе, еве се потрудив да видам што има по нашиве огласи, може ќе помогне: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=622859

Фала за одговорот Симо.

Имa двa кoнкретни oдгoвoри.
Уште вo првиoт пoст е спoмнaт @onak, a пoнaтaму и Бaне-Аир.
Јaс вo ширoк круг би ги зaoбикoлил сите кoи се реклaмирaaт нa пaзaр3 и Реклaмa5, и слични нa нив.
Тoa е мoетo мислење.
Фaлa.
Тоа е и одговорот што го барав. Фала на совет.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
@SaleSk, имам потреба од клима кај мене во канцеларија. Ми дадоа една стара демонтирана од некаде, и не и ја знам историјата. Фалат црева, далечинско, можеби и други делови. Треба некој да дојде да види што фали и да ја монтира. Може да ми кажеш сега како да го формулирам прашањето а да е по твој кејф?

друже од кај си? претпоставувам од скопје си.. зависно од каде во скпјево си, цената ке ти биде помеѓу 2.000 и 2.900 за ЦЕЛОСНА проверка на климата.. ја зимам, ја носам во работилница, таму ја поврзувам, тестирам и ти кажувам дали ја бива или не. ако ја бива, за монтажа ке се договараме накнадно. монтажата ке ти биде помеѓу 40 и 80 евра.. зависи која должина на цевки, кабли, држачи и фреон.

втората варијанта што ке те кошта 10 до 15 евра (повторно зависи кај си локација) како тестирање е да ја приклучам рачно (со кабли) и можам да ти кажам само дали вентилаторот и компресорот врти, без да знам дали крева надпритисок колку што треба или не... посекако ке можам да чујам дали компресорот е комплетно продуван.. тоа е за надворешната единица, а за внатрешната ке можам да ти кажам само дали вклучува или не... скоро сите имаат копче за мануелно вклучување, нај веројатно ке се заврши работа и без даљинско...

што клима е? имам некои даљинска од клими, ми стојат во магацин....


Тоа и мене ми го имаат кажано, исто и да се пазам од она познатото сервисерско: „да се допуни фреон“.   ;)
Ако фали фреон, значи нешто некаде не е во ред и системот губи рефрижерант. Значи треба поозбилна интервенција... Значи и дека ако се е во ред после ништо друго освен „допуна на фреон“ - дека ти мачкаат очи за да ти ги земат парите. :D

И да, секакво дополнување се прави со целосно вадење на рефрижерантот и негово мерење на прецизна вага, па додавање точно одредена количина за да се достигне вредноста која е специфицирана од произведувачот. Истото важи и за одземање на вишокот фреон (ако некои дилетанти од сервисери ставиле премногу, при некоја „интервенција“).

многу си грешка. еве зашто:

климите имаат компресор. тоа сите го знаат. но тој компресор покрај набивањето на фреонот, и загревањето на истиот, мора да достигне одреден НАДПРИТИСОК, за да би ја имала стандардната спецификација, како што рече по декларација од производителот... но главниот проблем што сите го заборавате, е дека и тој компресор има прво свој работен век, па и логично е дека кога има нешто свој работен век, секоја година да добива поголема толеранција на елементите... па така, со припотрошени елементи (исто како кај кола, има вентили, клип, цилиндар, некои и се со карики, некои се наместо клип имаат ротирачки дел на вентили, нешто како кај ваповите)... чим се подзголеми толеранција на елементите, автоматски, кревањето на НАД ПРИТИСОКОТ ослабува и не е како што треба... тоа мерење на над притисок, ние мајсторите, знаеме да го измериме и увидиме на маномер, и тоа се мери на усисната цевка. чим се појави ослабување тогаш СЕ ДОПОЛНУВА со фреон, за да се искомпензира таа разлика. препорачливо е на секои 2-3 години да се направи ова... и тоа се прави РАЧНО, СО МАНОМЕР, СО БОЦА НА РАМО, а не со вага, тежина или литража... со точна мерка, само за ганц нови клими... за 2-3 години више во аут е...
Свашта... Не знам што му фалеше на прашањето претходно. Чоекот не се разбира у клими и бара мајстор што се разбира, за да му помогне.
И јас исто би го поставил, пошо имам клима што не знам колку е исправна, и не сум кадарен да направам соодветна проценка.


истото од погоре (одговорот на членот lazarus што праша за проверка) и за тебе важи...
Саглам квалификуван мајстор би требало да може да ја провери без Lazarus да ги плаќа овие трошоци за монтажа, зарем не?

секако дека може... разликата е 20-30% за тестингот од цената на целосна монтажа.

____________________
прв пост после 1 месец... ме испровоциравте да пишувам... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8003
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #962 на: 26 Јули 2015, 23:38:54 pm »
Онак да не имаш даљинско за фуего клима?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Веројатно Жиле за мене прашува, би одговарало и универзално што ќе врши работа. Мануелно од копче си работи климата, со даљинското не.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
можда не ти е до даљинското (нај често и не е до него) туку до приемникот на климата...

а пошто го имаш, дај слика од него...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Oнак, а како знаеш колку треба да бидат номиналните притисоци на различни компресори од толку различни модели, од различни производители?
Сигурно не е една мерка за сите?

Навистина за 2-3 години деградираат компонентите, и мора дополнување на фреон?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
има начелни правила на кои се држи усисот... според јачина на компресор и тип на фреон и секако на загреан компресор... значи се мери ПРИТИСОК на УСИСНА цевка... тука е кваката... и нема да објансувам како и што... сепак за тоа се учи занает, а треба и пракса. ако објаснувам, некој грешно нешто ке направи и може беља да се деси...

а инаку, еве едно малку голицливо прашање: за што мислиш дека се измислени манометрите за клими, и зашто се толку скапи?

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг:
« Одговори #967 на: 27 Јули 2015, 00:52:23 am »
Kompresorite se konstruciski isti i taman rabota da se tolku strogi granicite za kolicestvo na freon.
Kompresorite kaj negoj traat so decenii kaj nekoj par godini.

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8003
  • Плинаш!!!
Веројатно Жиле за мене прашува, би одговарало и универзално што ќе врши работа. Мануелно од копче си работи климата, со даљинското не.
Точно за тебе прашувам :-)

Онак и неговата клима е фуего како мојата. Со моето даљинско му работи климата, а со неговото даљинско не работи кај мене. Ќе ти прати слика кога ќе прочита па терајте си работа натаму.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ок...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Дечки во канцеларија имам каналска клима Rolls. Истата има контролен модул со дисплеј каде што се пушта и регулира температура. На модулот има IR порт ама со климата не дојде даљинско. Дококолку би го имал даљинското ќе може да ја испрограмирам временски кога ќе се пушта и гаси. Прашањето ми е каде можам да најдам даљинско за ваквата клима? Пробав со едно универзално даљинско ама не успеав да го најдам кодот за да можам да го користам. Има ли некој некаков совет за ова?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
@Sale, во мојот пост побарав контакт од мајстор за клима. Немав тенденција да го презентирам проблемот на форум и да барам совети. Доколку не го разбра тоа така можеше да ми одговориш со нешто као "образложи го проблемот, можеби ќе можам да ти дадам корисен совет" или некој одговор во таа смисла, а не да добијам саркастичен одговор. Не е клаберски, и не е другарски. Прашањето го поставувам на форум каде очекувам да добијам корисна информација за добар мајстор по препорака, а не да барам по огласи баш такви што колат.

1. Одговорот го доби уште во првиот пост за препорака за мајстор за клима:
Оф, мори мајко :D
@onak :D :D :D

(За да го разбереш го кратам)

2. Одговорот на прашањето:
Дечки, да имате некој контакт што работи со дијагностика и монтажа на клима уреди? Ми треба итно за да провери една стара клима и ако е функционална да ја монтира.

Работава стана, боцни прачка пи вино
:D :D :D
Се бара видовит човек!!!!
Како за медицина, така и за клима уреди исто да може и од два три збора дијагностика на кола да направи :D :D :D :D :D :D


Оф, мори мајко :D
@onak :D :D :D


Ете ти го одговорот @onak.

Во неговиот пост ги доби и цените за кои претходно со Симо напишавме неколку реда.
Правејќи се и он малку аматер.

За да некој може да ти помогне или да ти даде совет, дали мислиш дека е доволно да поставиш такво прашање?
Еквивалентно би ти било: Дечки имам стара кола, дали има некој мајстор за да ми ја прегледа и стави во возна состојба???
На вакво прашање стварно треба да е некој видовит за да ти одговори.
Нема марка на климата.
Нема никаков податок.
Нема години на старост.
Неколку најбитни фактори со кој ја олеснуваш својата работа, односно добивање на прецизен и точен одговор, а исто така ја олеснуваш и работата на оној кој треба да ти одговори...
Ако твоето прашање е шарлатанско, добиваш и таков одговор.

Дали сега мислиш дека твоето прашање е поставено исправно, и дали е тоа другарски и клаберски?
Тука ке го добиеш одговорот на точка 3.

И сето тоа кога ке го ставиш на кантар, односно земање, носење, тестирање, цел ден работа и давање некому цена од 3000 денари за проверка, дали мислиш дека ке прифати?
+ 75-те евра односно 50 за монтажа, 10 за метро цевки, 10 за далечинско и 5 за држачи, севкупно 125 евра, не вклучувајки ја цената за фреон, некому ке се исплати за стара изработена клима ???

Фреон секако мора да се сипе. Ако ја вакумираш за тест, ако ја полниш со гас за тест, логично е да нема грамче фреон ... Значи и тоа треба да го есапиш...
Еве у најмала рака 150 евра.
За 200 јеботе имаш нова клима, 2,5књ со 2 години гаранција.

3 страни муабет, празен муабет...
Лец д тингс бигин аген...

;)

Чисто се сомневам дека е цел ден работа, може човекот сака да му ја однесе во сервис, па таму да ја истестира, и да,  мислам дека ќе прифати секој што е професионалец, и за тоа претходно ќе каже колку ќе чини.
А понатаму ќе си одреди Lazarus дали му се исплати, или ќе ја фрли во првиот контејнер.

Да, знам дека чисто се сомневаш во многу работи. Ама погрешни ти се сомнежите понекогаш за жал, еве и во овој случај. Незнам зошто тоа многу пати го правиш тенденциозно, но голем си си знаеш.
И еве ти ги конкретните одговори од човекот кој го спомнав уште во мојот прв пост:

друже од кај си? претпоставувам од скопје си.. зависно од каде во скпјево си, цената ке ти биде помеѓу 2.000 и 2.900 за ЦЕЛОСНА проверка на климата.. ја зимам, ја носам во работилница, таму ја поврзувам, тестирам и ти кажувам дали ја бива или не. ако ја бива, за монтажа ке се договараме накнадно. монтажата ке ти биде помеѓу 40 и 80 евра.. зависи која должина на цевки, кабли, држачи и фреон.

втората варијанта што ке те кошта 10 до 15 евра (повторно зависи кај си локација) како тестирање е да ја приклучам рачно (со кабли) и можам да ти кажам само дали вентилаторот и компресорот врти, без да знам дали крева надпритисок колку што треба или не... посекако ке можам да чујам дали компресорот е комплетно продуван.. тоа е за надворешната единица, а за внатрешната ке можам да ти кажам само дали вклучува или не... скоро сите имаат копче за мануелно вклучување, нај веројатно ке се заврши работа и без даљинско...

што клима е? имам некои даљинска од клими, ми стојат во магацин....

За среќа сум аматер па ги погодив цените онака од ракав.
И верувам дека овие цени кои ги кажал @onak се со клаберски попуст.
Благодарност што се уклучи после толку време за да даде одговор.

Се извинувам што не сум прав клабер (видовит човек) и другар, и што за моја нереќа читам правила од форуми и друштвени мрежи пред да реплицирам, поставам прашање или дадам одговор (најчесто саркастичен :D :D :D )


рѕ. Убав ден и ве сакам сите :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
SaleSK, упорно ме убедуваш дека сум поставил шарлатанско прашање, а ти осети должност да дадеш соодветен одговор. Мислам дека бев јасен дека барам само контакт од добар мајстор за клима. Simple as that. А кога ќе треба да побарам помош за некој проблем знам многу добро тоа да го образложам на форум. Така да не ми реплицирaj со такви сарказми во иднина.

Те ценам како форумџија и тука, и нa други форуми каде сме членови, и нема смисол да се подбиваме.
Убав ден :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
@Sale, нема ништо тенденциозно во моите пораки. Јас ниту цените ги коментирав ниту ништо. Единствено нешто што јавува сомнеж кај мене е „цел ден губење време за проверка“. Друго ништо. И тоа не тврдам дека не треба цел ден, него едноставно се сомневам дека за дијагностика на исправност на клима и пронаоѓање на дефект доколку е неисправна е потребно 8-10 работни часа. Немој погрешно да мислиш, дека ако некој каже нешто спротивно од тоа што ти го знаеш дека е тенденциозно. Можеби некој знае поинаку, можеби (како јас) не знае доволно, па има место да се сомнева.

На Лазарус е да си одлучи дали ќе прави нешто со климата или ќе ја фрли во контејнер. Ние (јас и повеќето аматери во областа), може да му помогнеме само со информација за севисер, доколку имаме, па понатаму е негово.

Нејсе, супер, ете Онак е тука, му даде ориентациони цени за проверки, па Лазарус може да си одлучи што ќе прави понатаму.
Јас дома имам клима која е платена прилично скапо, и соодветна клима за замена чини незначително поефтино од пред 5 години кога ја имам купено. И тоа како би дал пари за проверка ако имам потреба од тоа.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
можда не ти е до даљинското (нај често и не е до него) туку до приемникот на климата...

а пошто го имаш, дај слика од него...

Еве го даљинското.



Еве го и моделот


Точно за тебе прашувам :-)

Онак и неговата клима е фуего како мојата. Со моето даљинско му работи климата, а со неговото даљинско не работи кај мене. Ќе ти прати слика кога ќе прочита па терајте си работа натаму.

Не работи и со твоето, те зезавме со Аце :)

Значи ни моето ни на Жиле даљинското не работи кај мене, а моето не работи кај Жиле. На Жиле со неговото си работи кај него :)

А ако е приемникот на климата, препоставувам е тој сензорот. Лесни се за мењање?