Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1201531 пати)

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #735 на: 17 Јануари 2015, 02:02:32 am »
Некој поконкретно искуство со печки и котли на пелети има? Како е потрошувачка, расипување и сл?
Мене ми изгледаат како многу добра варијанта, но ме предомислуваат подолниве искуства.

Јас познавам 2ца кои имаат печка на пелети и котел на пелети. Со печката загреваат околу 50  квадрати и добро загрева, но има мана, доколку пелетите се влажни (барем така кажува пријателов) се згрутчуваат и печката престанува да работи.

Овој што има котел на пелети загрева 200+ квадрати и задоволен е како топли но 4 пати досега му прегорува греачот и додека да го поправи сервисерот, остануваат без греење (добро, со панелки пробуваат да загреат). Е сега, кај котелов почнале да ја чистат секој ден пепељарата кај што паѓаат пелетите и греачот не му прегорувал повеќе (баш ме интересира до кога). И котелот и печката работат така што пелетите паѓаат од горе.

Додека познавам друг кој има котел на пелети и загрева поголем простор и досега (3-4 години) нема никаков проблем со котелот, но кај овој котел пелетите се вшмукувале од долу кон горе.
Пелетите се многу чиста работа за разлика од греење со дрва само треба поквалитетни пелети да се земаат да нема проблеми при самото согорување .......Друга предност им е што не му треба скоро никаков оџак т.е доволно е фи 80 приклучок да тера котелот , но точно е дека сеуште се поскапа варијанта за разлика од дрвото ....



Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #736 на: 17 Јануари 2015, 02:08:26 am »
Можеш ли да објасниш зошто за двоспратна изведба „мора да има исклучиво железни или бакарни цевки„??
И како е релевантно термодинамичкото мешање на деловите со различна температура, со тоа дали инсталацијата е надворешно решена, или се работи за пластични цевки што се во кошулица поставени (хидропонско решение)?

И зошто не сакаш да работиш со „гусани радијатори„ (од лиено железо)?
ај прво за радијаторите... тешки се... претешки за работење. а од друга страна слаби на оддавање температура... можноста им е мала... и за да постигнеш како со други радијатори, ке треба да ставаш уште и уште од тие тешки радијатри... и не се баш лиено железо, ама ај, да не го тупиме за хемиски состав, нека биде така кажано, бидејки се лиени...


второ.. не реков дека за двоспратна куќа мора да биде исклучиво од железни или бакарни цевки... како само успеа во глава тоа да го врзеш, незнам...

на муабетот на фило:
Цитат
Значи комшијата мој не му е битно дали има струја или не, се додека има дрва ке може целата куќа со парното да ја затопли. Онак вели дека тоа неможе, мора струја да имаш.

јас одговорив:

Цитат
да секако дека може на тој начин... но колку луѓе имаат така изведена цевна инсталација? значи за тоа треба да има исклучиво железни или бакарни цевки, да има директна вертикала од котел нагоре кон горните радијатори и после да биде распределено со надворешни хоризонтални цевки... реално, од оние што користат котли на дрва, се само 1% со таква инсталација...

за понатака во текстот да појаснам дека:

Цитат
и да, ке повторам, такви се премногу малце што можат така да се греат... а има и уште еден услов, а тоа е дека куќата мора да ти биде на 2 спрата минимум, или ако е едноспратна, котелот мора да ти биде во подрум...

ван... многу добро знам што зборувам друже... тоа го работам веќе 15 години...

а и ке ти објаснам зашто мора да бидат железни или бакарни цевки ЗА ДА СЕ ГРЕЕШ БЕЗ ПУМПА...

затоа што пластичните ке пукнат и нема да ја додржат таа температура...

а зашто неможе во кошулица? затоа што термодинамиката бара прави линии на работење.. за во кошулица да има цевки, мора до развод на зид да стигне вертикала, а од развод СЕ СПУШТААТ НАДОЛЕ цевките и за топла и за ладна, и тука кругот се прекинува... котелот ке зоврие, во нај мала рака ке се дупне, а во полоши ситуации сум видел и како рушат цели зидови...

30+ години има поминато откако му е ставено тоа парно. :)

чим е толку стара инсталацијата и парното, значи, како што кажав, надворешна инсталација, со железни цевки и гусани радијатори... единствена добитна комбинација за да може така да грее... и како што и кажав, едвај 1% од луѓето со котли можат така да се греат...
« Последно менување: 17 Јануари 2015, 02:13:52 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #737 на: 17 Јануари 2015, 02:28:44 am »
извинете за дабл пост... еве набрзинка нашкрабав едно цртешче за да ви појаснам... значи во првиот пример (горната половина од цртежот) е ситуацијата која што ја објаснував како мора да биде поставена инсталацијата за да функционира термодинамиката во централно тополоводно греење... а во вториот пример е прикажано како НЕМА да функционира термодинамиката. значи она издигнување нагоре е моментот кај што стига вертикалата до орманчето разводно па од него се спуштаат цевките во кошулица...




третиот начин на поврзување, на куќа или стан со едно ниво, кај што нема услови за поставување котел во подрум е овој на следнава слика кај што воопшто и нема да има термодинамика. вакви се нај често поставени инсталации или инсталации кај што се цевките во кошулица... вака е и кај мене во викендица поставено:



и за крај (пошто ми тргна со цртањево  ;D) ова е она што фило го кажа т.е. кај комшијата како му е поврзано и поставено парното... на ваква ситуација, без пумпа ке му греат горните радијатори без проблем... долните и да му се отворени сеедно е, кај нив нема термодинамичко движење, нема да се загреат воопшто:




и да повторам... ова мора да се направи исклучиво со железни или бакарни цевки (во секој случај многу капацитативни), да имаат бајаги поголем пресек... со пластични цевки нема да може (алупласт, ппр, пекс и слични), затоа што нема да успеат да додржат таа температура... они се декларирани (повеќето) на 90 степени максимум... онака како што се случува, не ретко има и над 90 степени.
« Последно менување: 17 Јануари 2015, 02:40:50 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #738 на: 17 Јануари 2015, 13:53:36 pm »
Пренеси искутва!
Пренесувам искуства, вибрациите од компресорот тотално се изгубија, преде како маче сега. Одобрено за употреба :)

>>>>><<<<<

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #739 на: 17 Јануари 2015, 14:25:41 pm »
Пренеси искутва!
Пренесувам искуства, вибрациите од компресорот тотално се изгубија, преде како маче сега. Одобрено за употреба :)


@Vladeee сва среќа што пренесе искуства.
btw да не работеше како што треба, сигурно немаше да ги посочам за монтажа :)

Ајде Симо, инвестирај, ако треба за набавка ке стиснеме зуби, па и жиранти ке бидеме
 ;D ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #740 на: 17 Јануари 2015, 14:27:27 pm »
Сега уште некако да ја обезбедиш надворешната единица, на пример како со методот со сајлите од Сале. @Vladeee

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2216
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #741 на: 17 Јануари 2015, 16:03:13 pm »
Οстај го симо, игра на сигурно, две искуства се две искуства :) Уште еднаш благодарност до Саше ;)
>>>>><<<<<

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5205
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #742 на: 17 Јануари 2015, 17:57:20 pm »
Од што се гумициве? каде да се набават?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #743 на: 17 Јануари 2015, 18:04:22 pm »
Пренеси искутва!
Пренесувам искуства, вибрациите од компресорот тотално се изгубија, преде како маче сега. Одобрено за употреба :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Одлично, идеме утре у Çаир, да се подновиме со 4 до 8 држачи за ауспух за Рено4 :D


btw да не работеше како што треба, сигурно немаше да ги посочам за монтажа :)

Ајде Симо, инвестирај, ако треба за набавка ке стиснеме зуби, па и жиранти ке бидеме
 ;D ;D

Не се сомневав во твојот совет, побитно беше како се однесуваат држачиве за ауспух за Рено4 ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #744 на: 17 Јануари 2015, 18:05:22 pm »
Наеднаш деловите за Рено4 ќе рипнат.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #745 на: 17 Јануари 2015, 21:06:23 pm »
Значи ипак ке си стане Рено Кватро :)

@Simo - Carrier166
A бе дунда си е дунда, ама двапати се двапати :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #746 на: 19 Јануари 2015, 21:38:33 pm »
Дали некој знае што покрива гаранција за бојлер?
Обичен домашен бојлер 50л.

Кога е на макс јачина, стрелката само до пола оди.
После пола година користење за да стигни до пола му треба 4-5 саати.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #747 на: 19 Јануари 2015, 21:55:41 pm »
Немаш надворешен термостат, така? Имаш само индикатор на загреаност? Отвори го поклопчето од долу, ќе видиш едно пластично големо „штрафче“ со цртки над него. Заврти го за 1/8 и види до каде ќе се загрее.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #748 на: 19 Јануари 2015, 22:02:21 pm »
А може и до стрелката да е, бојлерот да си ја грее водата максимално а покажувачот не покажува точно.

Ја загрева ли доволно водата или ладна е?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #749 на: 19 Јануари 2015, 22:08:13 pm »
Имам надворешен термостат. На максимум е ставен.

Моите го имаат истиот бојлер и кај нив видов дека стрелката оди и повеќе од пола (на индикаторот). Башка кај нив водата се загрева за 20- 30 мин. Кај мене за 4-5 саати.

Сега баш го проверив. Се пушта да грее, се слуша. Трае тоа 20тина сек и се исклучува како да постигнал температура.

Јас ќе го отворам не е проблем, сум чистел бигор од бојлери. Ама да не е нешто сјебан, оти е 1 год стар и се уште е под гаранција.