Сите мајстори се прават, осет требало да имаш...
Не, си треба момент клуч за исто да ги затегнеш, сите раце не се исти, само тешко дека за бојлер ќе се најде со колку нм треба да се затегне.
па затоа се мајстори бе пиле... бојлерот кошта.. хмм... колку? 5.000 денари? греачот кошта колку? 350-500 денари? а момент клуч знаеш колку кошта? колку3-4 бојлери... што измислувате сег момент клуч ово оно? момент клуч е за во автомобили а не за водовод... за стегање штрафови на бојлер се иде на осет... треба да знаеш колку да стегнеш, а не само до крај да стегаш. нема потреба од момент клуч.. и самиот викаш дека тешко ке најдеш колку nm треба за да стегнеш на бојлер.. јас знам колку треба, гледајки го процесот на производство на една фирма го увидов тој момент на стегање на греачот, кај што машински стега, па имаше напоменато со колку се стега. т..е машината на колку им е наштелувана...
ама пак ке повторам, дека затоа си постои поделба на мајстори, секој со својот занает... осетот на рака не се губи, затоа што уствари воопшто не е тоа осет туку е знаење.
да не треба и момент клуч за стегање штрафови со типли во зид кога се местат радијатори? а за спојките на едно парно кај што се работи со алупласт или бакар? и таму ли момент клуч треба? а за холендерите на радијатори за спој со вентили? и таму ли треба момент клуч? а за солари кога се местат на сите тие 100-тина споеви и таму ли треба момент клуч? и таму и таму, сите тие места, ако не знаеш до каде да идеш ке ги престегеш и заебеш... не пиле, туку на осет се стега, бидејки во прашање е искуство и илјадници заштрафени, стегнати, наместени, монтирани и поправени такви споеви, стеги, штрафови, дихтонзи и спојки... и затоа не измислувајте приказни и барање р’чки по прашање на некоја струка и/или професија, поготово ако не сте упатени по тоа прашање и не ви е на вас струка...
втора работа... реченицата СИТЕ МАЈСТОРИ ВАКА ИЛИ ОНАКА НА ОСЕТ... немој сите луѓе кои се бават со некаква техничка струка, па макар и мењање греач на бојлер или вентил на чешма, да ги изедначуваш во смисла на исто ниво (притоа омаловажувајки ги ) со ствање на исто (ниско) ниво, т.е. турајки ги на еден куп.. сите мјстори вака викале, ама они појма немаат...
и како трето, не ме ословувај мајстор, не сум мајстор. јас сум техничар, и по струка и по дипломи а и по вокација... има огромна разлика помеѓу мајстор и техничар.
за тој што го провртел штрафот на бојлерот (кој и да беше)... бидејки тоа е М8 навој, само турете му еден мутер и шајбна рамна од другата страна (горната) на фланшата и притегнете, ке го решите проблемот.