Ова се решава со инвертор, но останува проблемот со капацитетот (што нели зависи од моделот и намената на УПС-от).
...
Затоа постојат специјални УПС-и кои се користат за електромотори и циркулациони пумпи, а следствено на тоа и цената им е повисока. 
Уште поедноставно кажано, си требаат наменски уреди. Или ако не можеш да јадеш супа со вилушка, не значи дека заклучокот е дека супа не се јаде со прибор за јадење. 
Баш така. Се решава со инвертор, или со наменски УПС.
Салевски, дали можеби си слушнал или прочитал за некоја релативно поевтина варијанта, без разлика дали комерцијална или „самопрајска„... за бекап што би вршел работа на подолги периоди без струја.
Има решенија, али се многу скапи.
Најефтина варијанта ти е да имаш агрегатче, мало реда 2,5 киловати, закачено во системот, и од време на време да го палиш. Само нема толку денови да нема струја, па инвестицијата ако е само за тоа е неоправдана. Осим ако немаш некоја колиба, некадее во планина или некое село каде што нема струја, па по потреба да го користиш и ваму и таму.
Сале колку киловати ти е парното, затоа што ова се смешни бројки за таа квадратура... Ние имаме парно со два котли, на дрва и на струја, на струја тој е 24KW, ама еден грејач е рикнат и сега е 18KW... Баш периодов го користевме парното на струја повремено и ни дојде сметка од 6000 денари што е ептен малце, а грееме околу 120 квадрати... Куќата е со надворешни сендвич ѕидови, со обична фасада(не стиропор) и е на високо приземје околу 1 метар од земја...
Котелот за парно ми е Vaillant ELO Block од 24KW. Котелот имаш можност да го подесиш да работи во различен режим, да биде со различна снага итн итн итн. Мене ми е подесен да работи на 14 киловати при максимално оптеретување, а се мислев и на 12 да го ставам.
Радијаторите ми се Ferroli купени по препорака на @onak, како и радијаторските вентили LUX или Luxor исто така набавени од ЕуроТехника.
Значи како што реков 22 квадрата се греат на 17 или 18 степени, за да не ми бидат ладни, мртви соби. Ходникот и претсобљето имаат околу 16 или 17 квадрата, загреани на 19 степени, дневната, купатилото и спалната се секогаш на максимум значи околу 55 квадрата.
Додуше во купатилото ми е подзартворен вентилот зошто некад станува релативно и потопло од 22 степени, заради тоа што во дневна ми е термостатот наместен. + Во купатилото има и подно каде што се оди.
Инаку куќата од сите страни е самостојна, немам лепенки, зидана е со термоблокови со 7 комори, од внатре малтер, а од надвор стиропор 25 килски и акрилна абриб фасада.
Дограмата е 5 коморна со 2 стакла, класика, (Brugmann - Salamander) не полнета со Аргон, пошто до сега ке го немаше посекако.
Инаку еве за кој котел станува збор:
