Можеш ли да објасниш зошто за двоспратна изведба „мора да има исклучиво железни или бакарни цевки„??
И како е релевантно термодинамичкото мешање на деловите со различна температура, со тоа дали инсталацијата е надворешно решена, или се работи за пластични цевки што се во кошулица поставени (хидропонско решение)?
И зошто не сакаш да работиш со „гусани радијатори„ (од лиено железо)?
ај прво за радијаторите... тешки се... претешки за работење. а од друга страна слаби на оддавање температура... можноста им е мала... и за да постигнеш како со други радијатори, ке треба да ставаш уште и уште од тие тешки радијатри... и не се баш лиено железо, ама ај, да не го тупиме за хемиски состав, нека биде така кажано, бидејки се лиени...
второ.. не реков дека за двоспратна куќа мора да биде исклучиво од железни или бакарни цевки... како само успеа во глава тоа да го врзеш, незнам...
на муабетот на фило:
Значи комшијата мој не му е битно дали има струја или не, се додека има дрва ке може целата куќа со парното да ја затопли. Онак вели дека тоа неможе, мора струја да имаш.
јас одговорив:
да секако дека може на тој начин... но колку луѓе имаат така изведена цевна инсталација? значи за тоа треба да има исклучиво железни или бакарни цевки, да има директна вертикала од котел нагоре кон горните радијатори и после да биде распределено со надворешни хоризонтални цевки... реално, од оние што користат котли на дрва, се само 1% со таква инсталација...
за понатака во текстот да појаснам дека:
и да, ке повторам, такви се премногу малце што можат така да се греат... а има и уште еден услов, а тоа е дека куќата мора да ти биде на 2 спрата минимум, или ако е едноспратна, котелот мора да ти биде во подрум...
ван... многу добро знам што зборувам друже... тоа го работам веќе 15 години...
а и ке ти објаснам зашто мора да бидат железни или бакарни цевки ЗА ДА СЕ ГРЕЕШ БЕЗ ПУМПА...
затоа што пластичните ке пукнат и нема да ја додржат таа температура...
а зашто неможе во кошулица? затоа што термодинамиката бара прави линии на работење.. за во кошулица да има цевки, мора до развод на зид да стигне вертикала, а од развод СЕ СПУШТААТ НАДОЛЕ цевките и за топла и за ладна, и тука кругот се прекинува... котелот ке зоврие, во нај мала рака ке се дупне, а во полоши ситуации сум видел и како рушат цели зидови...
30+ години има поминато откако му е ставено тоа парно. 
чим е толку стара инсталацијата и парното, значи, како што кажав, надворешна инсталација, со железни цевки и гусани радијатори... единствена добитна комбинација за да може така да грее... и како што и кажав, едвај 1% од луѓето со котли можат така да се греат...