аиии одлична тема, прв пат ја гледам. ко порачано!
Значи вака, ми треба вашата помош пошто сум дудук за овие работи.
Преклани купив куќа во Соње. Куќата е околу 100 квадрати на 2 спрата од по 50 квадрати и двор. Има кров од салонит. Летово сакам да ја направам погодна за живеење преку целата година, а не само преку лето.
Има печка на дрва на горниот спрат. Оџакот поаѓа од горниот спрат (на приземје нема отвор за оџак).
значи, сакам летово - во најкус можен рок - да се направи следново:
1. да се пушти уште еден, втор оџак, кој ќе поаѓа од приземјето. На приземјето треба да има нова, втора печка на дрва. Идејата е да имам две печки секоја на свој оџак - една доле и една на спратот.
2. надворешните ѕидови на целата куќа термички да се изолираат
3. кровот од салонит да се смени во лимен кров + изолација
4. дворот пред влезот куќата да се среди со бекатон (сега е трева и кога врне се праи кал која дечиштата ја внесуваат унутра и жена ми шизи). површината која треба да се избекатонира е 10-15 квадрати (не знам точно, отприлика нагаѓам)
5. да се сменат сите прозори + наворешната врата со модерни, пвц прозори и врата
6. естетски да се средат внатрешните спирални скали кои водат од приземјето на катот. Овие што сега ги има се топ-функционални и здрави, али се ружни ко кур. Ќе треба да се смисли и изведе некое уметничко-лепотанско решение
7. од една голема соба во приземјето да се направат две помали, ваљда со онакви гипсани панели
барам да ми препорачате фирма која ќе може сето ова да го направи без ја да му ја мислам многу-многу. да каже цена и да каже кога ќе биде готово. Буџетот за сите 7 точки е 10.000 евра (како ви се чини, ќе стасаат?) Јас немам ниту познавања, а ниту време за да менаџирам што било во целава операција (освен парите, се разбира). Не знам и неќам јас да бркам мајстори вакви мајстори онакви да ја контролирам нивната работа пошто многу лесно ќе ме муваат пошто сум целосен лаик.
однапред благодарам за препораката, а кога ќе биде готово - ќе ве викам у двор на кобасици, пиво и лубеница обеќавам