Е вака...
Бидејќи и јас сум директно инволвиран во машинството и работа во фирма која е застапник за "CLIVET"
www.clivet.it топлински пумпи, рекуператори, клима комори .... итд. Не би сакал да ме разберете дека правам реклама за себе туку само да дадам објаснување и да го споделам моето искуство. Сите топлотни пумпи било да се вода-воздух, мулти сплит или вода-вода од било кој производител (Daikin, Carrier, CLIVET, REHAU, Vaillant...) работат на ист принцип (+/- понекоја ситница) така да се што е кажано за едните се однесува и за останатите.
Прво мора да се сложам со „онак“ околу објаснувањето за централното греење и споредбата со греење на клима. Значи не постои клима која ќе загрее простор од 50м2 на -10 или -15°С како што тоа ќе го направи радијаторот или некој друг индивидуален систем на греење. За добивање на пристојна температура од 21-22°С во СИТЕ соби на станот, куќата... се потребни посебни топлотни пумпи (сплит системи) и грејни тела распоредени во секоја просторија.
Како главен недостаток на најраспространетиот систем на греење барем во Скопје е немањето на адекватен начин на наплата по потрошена енергија, односно мерач на секој стан посебно. Со ова би се овозможила заштеда како кај оснатаите индивидуални системи и намалување на трошоците (пр. зошто би го греел цел стан/куќа на температура од 21-22°С кога од 8 до 16ч нема никој дома).
Второ е, како што веќе спомена онак, 24ч греење. Значи зошто топлификација би си земала за право да одлучува кога јас треба да спијам, а кога треба да работам... Едноставно некој работи втора смена па кога ќе си дојде дома во 22ч нема ни Т од топла вода во радијатор, искача дека плаќа греење на празен стан, а ако сака да се стопли пак пали клима или грееалка и прави уште поголем трошок!
Доколку би се вовел систем за наплата по поторошена енергија по единица корисник (а не масовно на цело село/зграда...), што е нормално во цел НОРМАЛЕН свет, сметките би ни биле далеку помали и корисниците позадоволни... ама..... „ово је овде Балкан...“
Верувам дека поголемиот дел од корисниците се незадоволни од условите кои ни ги нуди Топлификација, па мислам дека е корисно за сите да направиме преглед кои системи ни се достапни и колку е инвестицијата за истите.
Прво што е потребно да направиме е да ја разгледаме поставеноста на мрежата/цевките за парно во нашиот стан. Доколку се врзани со вертикали (класика во сите постари згради) не ни преостанува ништо освен исклучување на секој радијатор посебно од страна на Топлификација и:
1. поставување на грејачи во самиот радијатор како најефтина алтерернатива
+индивидуална контрола на секој радијатор/просторија
+поголема инертност во однос на електричните греалки/конвектори
+ниски инвестициски трошоци
+можност за поставување на тајмер на секое грејно тело
+искористување на постоечките грејни тела/радијатори
2. набавка на електрични конвектори наместо радијатори
+индивидуална контрола на секој радијатор/просторија
+брзо загревање на самата просторија
+можност за поставување на тајмер на секое грејно тело
-инвестициски трошоци (од 3500 ден до 6500ден за ел.конвектор од 2,5 kW)
3. поставување на нова цевна мрежа во станот и користење на еден од системите кои ги наброја „онак“ во совојот пост (ел. котел, „подморница“, онак-кано систем....)
+поголема безбедност
+централизирана команда на системот
+искористување на постоечките грејни тела
-поголема инвестиција поради поставувањето на цевна мрежа и набавка на еден од системите
Наведените системи под 1, 2 и 3 препорачливо е да се комбинираат со клима уред кој би ги задоволил потребите за греење во меѓусезоните (заштеда поради помалата потрошувачка на ел. енергија) и секако потребите за разладување во летниот период.
Втор случај е дека станот е од поново производство и дека секој од становите е опремен со своја разводна мрежа односно има само една вертикала во влезот а сите стнови преку свој разделник на топлина се врзуваат на неа. Во овој случај можете многу полесно и со многу помали инвестициски трошоци да инсталирате еден од системите за индивидуално греење (ел. котел, „подморница“, онак-кано систем....). Потребно е само набавка на опремата и нејзино поставувавање и .... со 500-1000 € сте завршиле работа.
Ако се работи за куќа тогаш имате уште повеќе опции: котел на нафта, гас, пропан-бутан, пелети, овошни семки, дрва итд....
Сите претходно наведени системи служат само за греење, а за ладење потребно е да се набавуваат клима уреди што претставува дополнителен трошок. Јасно е дека една клима не може да ги задоволи потребите за ладење во целиот стан/куќа така да доколку навистина сакате комфорт во вашиот дом Ви преостанува некој од следниве системи:
4. Топлотна пумпа воздух-вода и фенкојлери како грејни тела во секоја просторија
+ладење и греење во секоја просторија
+греење до -15°С, а со користење на вградени ел.грејачи - неограничено!
+далеку помала потрошувачка на електрична енергија во однос на ел.котел (за 1kW електрична енергија добивате до 3kW топлинска) за споредба кај системите за греење на струја (ел.котел и слично) овој однос е 1 спрема 1!
+можност за поединечна контрола на секој фенкојлер
+загревање на регистри во WC
+можност за производство на топла санитарна вода
+можност за изведба со подно греење
-високи инвестициски трошоци
-опаѓање на степенот на искористување зависност од надворешните услови

5. Топлотна пумпа вода-вода (отворен систем) во комбинација фенкојлери и/или подно греење
+ладење и греење во секоја просторија
+непроменет степен на искористување во сите годишни периоди поради постојаната температура на водата во бунарот. Не зависи од надворешната температура, се движи од 10 до 14°С преку целата година
+најмала потрошувачка на електрична енергија (за 1kW електрична енергија добивате до 5kW топлинска) за споредба кај системите за греење на струја (ел.котел и слично) овој однос е 1 спрема 1!
+можност за поединечна контрола на секој фенкојлер
+загревање на регистри во WC
+можност за производство на топла санитарна вода
-високи инвестициски трошоци
-потребна достапност на проточна вода или бунар
-трошоци за бушење и поставување на цевки и инсталација


6. Топлотна пумпа вода/фреон-вода (затворен систем) во комбинација фенкојлери и/или подно греење
+ладење и греење во секоја просторија
+непроменет степен на искористување во сите годишни периоди поради постојаната температура на водата во бунарот. Не зависи од надворешната температура, се движи од 10 до 14°С преку целата година
+најмала потрошувачка на електрична енергија (за 1kW електрична енергија добивате до 3,5kW топлинска) за споредба кај системите за греење на струја (ел.котел и слично) овој однос е 1 спрема 1!
+можност за поединечна контрола на секој фенкојлер
+загревање на регистри во WC
+можност за користење и во повисоки предели без достапна вода
+можност за производство на топла санитарна вода
-високи инвестициски трошоци
-трошоци за бушење и поставување на цевки и инсталација

7. Топлотна пумпа мулти сплит систем во комбинација на внатрешни испарувачки единици (најслично на малите сплит системи само со повеќе внатрешни единици)
+ладење и греење во секоја просторија
+греење до -15°С, а со користење на вградени ел.грејачи - неограничено!
+помала потрошувачка на електрична енергија (за 1kW електрична енергија добивате до 3kW топлинска)
+можност за поединечна контрола на секоја внатрешна едниница
-не може да се комбинира со подно греење
-нема можност за производство на топла санитарна вода (или е доста скапа инвестицијата)
-високи инвестициски трошоци
-зависност од надворешните услови - температури

За сега толку од мене...
За сите прашања стојам на располагање.