Јас точно знам што сакам, и како го сакам истото. Летово го ставав кај мене подното. На под потопол од 29 степени собата е неупотреблива. Врти како сакаш.
чекај да те прашам само една работа... дали збориш од практично искуство кај тебе дома или збориш како професионалец? за да знам со кого и како да дискутирам, инаку се друго ке биде само обично натегање...
инаку.. чисто како уште еден аргумент... сите материјали не ја оддаваат подеднакво температурата.. на пример разлика помеќу мермер-гранит-керамички плочки.. од првиот до последниот има двојно поголема разлика во оддавање на температурата. да, подот е загреан на 30 степени (да речеме) но загревањето на просторот е ептен различно со тие два материјали... кога ке додадеш и ниво на изолација, па ниво на квалитет на столарија, па висина на просторот, секако длабочина и покриеност на подот со уреди, апарати, намештај ке добиеш еден милион комбинации како треба да биде изведено подното...
но сепак си останувам на тврдењето дека со 26 степени неможеш да се загрееш, да биде топло... а ако си го ставал летово подното, до сега да речеме ете до денес ти не си осетил вистинска потреба од загревање... деновите се сончеви и релативно топли... ке прајме муабет пак во декември и јануари.. уствари и немора да правиме муабет, сам ке си увидиш што сакав да кажам...
п.с. ако не е тајна... со што загреваш? електричен котел?