Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1248915 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2688
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6420 на: 17 Октомври 2025, 12:16:25 pm »
Мала консултација, се работи за ГРЕЕ инвертер на моите, не дува топло, денеска да пуштат да затопли воопшто не сака да дува топло. Можно ли е кога е правено детално чистење  со дезинфекција пред летната сезона мајсторот да откачил нешто или слично. Компресорот си работи, врти перката, барем така ми кажаа. Некоја сугестија

Прво провери, да не им е уклучено рециркулација на воздух. Ако не е, викни мајстор. Или ќе ги пертлува цевките, или ќе ги завари. (Ако е до нив)
Само да пишам повратно, немало доволно фреон, сепак климата е 10+ години
Своерачен потпис ;)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2038
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6421 на: 17 Октомври 2025, 12:22:28 pm »
Климата ја очистив те викнав да ја операт од внатре тоа што излезе се запрепастив катран црна вода, во станов активно 3 години се живее нит пушачи нит ништо, се чисти све редовно али внатре перката од кондензадии си лепела прашина што не ја гледаме ние а на крај ја дишеме затоа редовно чистење барем еднаш или на 2 години ке практикувам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8111
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6422 на: 17 Октомври 2025, 13:46:30 pm »
Еднаш годишно е обавезно чистење. Дури и ако грееш со неа и на 6 месеци си има потреба да се чисти.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1565
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6423 на: 18 Октомври 2025, 14:09:47 pm »
Пушти видео/аудио да чуеме какво е тоа чудно брчење, вака на памет само може да збориме.
https://imgur.com/a/IlEC9Ky

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1565
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6424 на: 20 Октомври 2025, 16:59:26 pm »
^^
Се отвара видеото ?

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 242
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6425 на: 22 Октомври 2025, 11:56:13 am »
Дали овој модул би одговарал и на Вивакс Аеми?

https://m.tehnomarket.com.mk/product/741095/vivax-cool-wifi-modul-aevi-aeri

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6426 на: 27 Ноември 2025, 13:00:45 pm »
Ми треба помош околу избор на клими кои моментално се на добар попуст поради B.F. Изборот се сведува во главно на следното:

Midea Extreme Lite Nordic Second generation SMART - 22.000 MKD



MIDEA FOREST Second generation - 18.000 MKD

Читав на форумот на benchmark дека Extreme моделите имаат некој софтверски баг и често влегуваат во DF без потреба.

Ми треба за греење 30кв, топол стан на јужна страна.

Отсутен slavkovskim

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6427 на: 12 Декември 2025, 12:17:49 pm »
Здраво на сите. Ми се допаѓа што во carclub форум, има и дел каде што би зборувале за греењето по дома.
Па овака, ова е мојата приказна и одлука.
Живеам на спрат од куќа (изградена 2022 година), истата има термоцигла 25цм + 8цм стиропор. Плочата под мене и над мене има стиропорни монти и стиродур на подот помеѓу паркет и кошулица. На спратот под мене (фактички ќе му дојде само под дневната, бидејќи таа е површината на приземје, живеат баба ми), на таван-поткровјето над мене нема ништо. Имам околу 95м2 површина со некои 2.6м висина на плафон. Прозорците ми се Рехау со 2-стакла, мислам некои 5-коморни (не се најпремиум и немаат највисока изолација).
Поминав две зими со греењето со Hyundai 5.5Kw инвертер, која што се наоѓа во дневната и ги "затоплував" уште спалната и уште една соба која ја користам за работа. Дневната е некои 32-33 м2, спалните некои 12м2 по спална, и заедно со ходникот од некои 7-8м2. Вршеше работа и доста евтино, но греењето не е тоа тоа, посебно со една клима не можеш да затоплиш повеќе простории. Исто така и ВЦ-то од 8м2 беше многу ладно и морав да ставам греалка што дува за да ја одбегнам потенцијалната мувла и влага. Од аспект на цена, само климата сама по себе немаше потрошено над 4000 денари во месец, што воопшто не е скапо за во куќа.
Кога беше изведена куќата, ставена беше инсталација за парно + радијатори (имам некои 100-105 ребра). Многу, многу се мислев дали да ставам топлинска пумпа, или котел на пелети бидејќи и двете опции ми беа возможни, со исклучок дека топлинската пумпа ќе беше некои 2-2.5х поскапа (премиум бренд). Многу бев скептик бидејќи имам поврзано радијатори, кои што би барале над 50*ц температура на вода за да бидат топли и загреваат, а за тоа се намалува драстично SCOP и потрошувачката би била доста поголема во струја.
Јас се одлучив за котел на пелети - Термофлукс Интерио 18, што можеби е малку предимензиониран за мојата квадратура и изолација, но немаше ништо од Термофлукс котлите што е послабо. Порано имало и Интерио 15, но сега по ново има само 18 и 25. Јас планирам да го користам само во поладните денови(кога температурите се под 10*ц преку ден и околу 0 или под 0 преку ноќ) - што не би претставувало проблем за јачината. Котелот секако работи со модулација на некои 5kw, што е доволно за оваа површина. Котелот е поврзан со бежичен WiFi термостат ENGO E20i, и истиот е подесен со хистериза од 1*ц. Климата планирам да ја користам преку ноќ, за да одржува некоја температура од 21-22*ц, додека пак котелот за преку ден каде што дневната температура е околу 24*ц.
Во реален ден на греење со него, котелот работи некои 2-3 часа, влегува во модулација, и се исклучува бидејќи постигнува 0.5*ц над зададената температура. Дури по тоа откако ќе се симне температурата за 1-1.5*ц од зададената, а тоа е тек по 2-3 часа, повторно се вклучува. Температурата на вода е подесена на 60*ц. Користам Шишарка А1 пелети и можам да кажам дека апсолутно никакво ѓубре и пепел не се прави од нив. А топлината, 23*ц со радијатори ми е приближно како 25*ц со клима.
Во врска со потрошувачката, рано е да се каже, се надевам дека би било некој просек од околу 1 вреќа на ден (од 7-8 наутро па се до 10-11 вечер). Во врска со цената на пелети - купување само во мај, јуни месец и раат да не биде како годинава.
Поздрав
« Последно менување: 12 Декември 2025, 12:28:26 pm slavkovskim »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4453
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6428 на: 12 Декември 2025, 12:47:21 pm »
^ дали опцијата со топлинска пумпа вклучуваше и buffer tank од 200-300 литри? У таков случај веројатно може да се искористи ефтината струја за загревање на водата, па да се користи преку ден.