Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1202962 пати)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3195 на: 18 Септември 2018, 19:30:18 pm »
Промаја - windblowing

Ебиветар - windfucker.

:D

Edit: зборовиве не се мои, влечени од серии и форуми.
« Последно менување: 18 Септември 2018, 19:39:57 pm Tesla »
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3196 на: 18 Септември 2018, 19:41:27 pm »
Ок. Одиме понатаму.

Камини, котли за радијаторско греење на пелети...

-Со кои брендови умате искуство?
-Кој бренд би го бодирале како најдобар и зошто?
-Колку се бучни во споредба со клима, децибели?
-Како да се информираме кој бренд која автоматика, електроника ја вградува, која е најдобра воедно?
-Дали навистина трошат во просек 300-400 вати струја на час или некоја заблуда е?
-Кој бренд да се одбегне и зошто?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3197 на: 18 Септември 2018, 21:14:57 pm »
Еве јас 5 години со целосно подно греење веќе вениве не проширени, него како автопат е-75 ми се со 6 ленти.
5 годиби викаш? Ај уште малку па ќе осетиш... ;)

Инаку... Мислев дека пишувам за да едуцирам луѓе од моето 20 годишно искуство а не да докажувам некому нешто... Ако мислите дека треба да ви се докажува, докажувајте си се меѓу себе... Сега и ме потсетивте зашто престанав да пишувам на карклуб воопшто...
Со сета почит кон твоето знаење, бизнис искуство ама запамти дека Македонија и регионов неможе да се земе за репер како е најдобро, најздраво или најефикасно да се грееш. Јас преку 10 години живеам во северниот дел на Европа со далеку поразвиени техники на греење пред се поради ладната клима, и подното греење (особено во тоалети, ходници, кујни) и те како се користи. Какви проширени вени луѓе не тресете глупости од ракав.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3198 на: 18 Септември 2018, 21:53:15 pm »
Како да си заборавил како функционираат работите тука во МК?
Стручњаци на секој чекор, од една во друга крајност.

За подно, како што треба да биде, треба некој убаво да го проектира...

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3199 на: 18 Септември 2018, 23:10:51 pm »
Ок. Одиме понатаму.

Камини, котли за радијаторско греење на пелети...

-Со кои брендови умате искуство?
-Кој бренд би го бодирале како најдобар и зошто?
-Колку се бучни во споредба со клима, децибели?
-Како да се информираме кој бренд која автоматика, електроника ја вградува, која е најдобра воедно?
-Дали навистина трошат во просек 300-400 вати струја на час или некоја заблуда е?
-Кој бренд да се одбегне и зошто?
Јас ќе ставам од Босанските од Техно Ауто, кој и да прашав тие ми ги препорача.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8218
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3200 на: 18 Септември 2018, 23:58:44 pm »
Чудна работа, и мене исто.
А први ги отфрлав.

Други мислења?

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5662
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3201 на: 19 Септември 2018, 07:45:48 am »
Ок. Одиме понатаму.

Камини, котли за радијаторско греење на пелети...

-Со кои брендови умате искуство?
-Кој бренд би го бодирале како најдобар и зошто?
-Колку се бучни во споредба со клима, децибели?
-Како да се информираме кој бренд која автоматика, електроника ја вградува, која е најдобра воедно?
-Дали навистина трошат во просек 300-400 вати струја на час или некоја заблуда е?
-Кој бренд да се одбегне и зошто?
Јас ќе ставам од Босанските од Техно Ауто, кој и да прашав тие ми ги препорача.
Jas postaviv sistem kombiniran Pekpan radijatori so podno na delovi so plocki i 22kv kotel od tehnoauto.
Zimava ke praime sefte.
I mene mi gi preporacuvaa.
Razlika sto mozev da uvidam edni so koteli od drugi e sto delot za cistenje e mnogu podobro izveden, poprakticno.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3698
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3202 на: 19 Септември 2018, 09:28:22 am »
Јас ќе го ставам 25кв котел што има опција и за дрва, и плус што може да се монтира гасен бренер, па ако годинава не бива со пелетите, од в година на гас.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3203 на: 19 Септември 2018, 09:32:14 am »
Да прашам глупо прашање: има некој систем кај што подно греење (или било какво радијаторско греење може да се поврзе со солар? Соларната енергија да биде примарен загревач на грејните тела, па на облачни денови да се догрева со било што друго.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3204 на: 19 Септември 2018, 09:42:13 am »
Да прашам глупо прашање: има некој систем кај што подно греење (или било какво радијаторско греење може да се поврзе со солар? Соларната енергија да биде примарен загревач на грејните тела, па на облачни денови да се догрева со било што друго.
Во Греестор имаат изложено топлинска пумпа со помошни соларни панели, позади буњаковец.

Овој модел: https://www.greeonline.com/products/gree-solar-hybrid-hi-wall-inverter-air-conditioner-heat-pump

Со тоа што заштедата си тера цела година, и ладењето излегува скоро бесплатно, зошто колку повеќе сонце толку повеќе ладење ти треба. А греењето е помогнато од соларите колку што има сонце.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3205 на: 19 Септември 2018, 09:46:15 am »

Ова изгледа интересно како систем. Што цена е отприлика?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3206 на: 19 Септември 2018, 10:00:51 am »
50000 + монтажа зависи коклу е комплицирана.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3207 на: 19 Септември 2018, 10:22:41 am »
Во истава тема го имав објавено пред подолг период, моето искуство со грејните тела по дома. Еве сега после, 3 цели години греење со инвертер клима можам да го кажам следново.

Живеам во одлично изолиран стан, од околу 71 квадрати. Имам инсталација за парно, зградата и соседните станови околу мене имаат парно греење. Јас не го вклучив парното уште кога се вселив, и останав да се греам со клима. И не зажалив искрено.

Имам една Инвертер клима 3.5кв поставена во дневната соба, и уште една обична во спалната соба.

Инвертер климата дува нон-стоп во втора брзина на дување (од можно 4 плус турбо), поставена на 23 степени целзиусови.

Ја вклучувам во средина на Октомври и нон-стоп грее до крајот на месец Април.

Ова нон-стоп е буквално, цело време без престан дури и кога не сум неколку денови дома.

Во периодот од Октомври до Април кога активно работи климата во просек сметката за струја ми е повисока за 830 денари. Тоа е ПРОСЕК. Вкупниот трошок по грејна сезона за климата ми се движи до 6000 до 7500 денари. Имам ставено мерач на штекерот од климатизерот и мерењето го правам според потрошената електрична енергија. Бидејќи парното не го користам, редовно си плаќам надомест за тоа што не користам парно од 450 денари кои ми стигаат на фактура од БЕГ. Значи отприлика 7500 денари вкупно за климата + 450х12=5400 за некористење парно = 12900 денари годишно.

Трошокот за парно греењето кога би го користел ќе ми изнесува 2100 денари месечно (71 квадрат по 30 денари од квадрат изнесува 2100 денари), значи годишната сметка би изнесувала 25200 денари.

Како што кажа @onak климата си има свои аномалии, не е идеалниот начин за загревање. Но за да има превенција од тоа, потребно е да се одржува просторот за живеење редовно чист, да се брише прав, да се проветрува. Јас користам и филтер за воздух, зимно време кој што многу помага да се редуцира севкупната прашина, бактерии и честици во просторот за живеење. Исто така го одржувам и нивото на влажност во воздухот на околу 43%.

Најважно во целата ситуација при монтажата климата да се постави на место каде што ќе нема директен провев врз лицата кои што седат околу неа.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2177
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3208 на: 20 Септември 2018, 18:01:26 pm »

Идентична ситуација кај мене, со единствена разлика што ја имам еден инвертер. Се мислев да ставам уште еден инвертер или да се приклучам на БЕГ.
Го одбрав второто. Не знам каде живееш, но ако си на топланата у Тафталиџе, моето искуство вика дека нема да биде 25200 грејната сезона. Зависи од потрошувачка, но некаде околу 18к денари. Нормално зависи и од зимата.
Исто за 71м2. Значи е поевтино со инвертер, тоа не спорам. Но
искрено, парно е боље. Рамномерна топлина, стоплен ходник, стоплени купатила.
Со инвертер е поевтино, но по мене незначително.
« Последно менување: 20 Септември 2018, 18:07:47 pm Bravo »

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3209 на: 20 Септември 2018, 18:28:14 pm »
Минатата календарска година сум платил ~16.000 на БЕГ, годинава ке биде ~14.000, за стан од околу 65 квадрати. Според мене убедливо најдобро решение за греење на стан посебно ако е во понова зграда со добра изолација.