Во истава тема го имав објавено пред подолг период, моето искуство со грејните тела по дома. Еве сега после, 3 цели години греење со инвертер клима можам да го кажам следново.
Живеам во одлично изолиран стан, од околу 71 квадрати. Имам инсталација за парно, зградата и соседните станови околу мене имаат парно греење. Јас не го вклучив парното уште кога се вселив, и останав да се греам со клима. И не зажалив искрено.
Имам една Инвертер клима 3.5кв поставена во дневната соба, и уште една обична во спалната соба.
Инвертер климата дува нон-стоп во втора брзина на дување (од можно 4 плус турбо), поставена на 23 степени целзиусови.
Ја вклучувам во средина на Октомври и нон-стоп грее до крајот на месец Април.
Ова нон-стоп е буквално, цело време без престан дури и кога не сум неколку денови дома.
Во периодот од Октомври до Април кога активно работи климата во просек сметката за струја ми е повисока за 830 денари. Тоа е ПРОСЕК. Вкупниот трошок по грејна сезона за климата ми се движи до 6000 до 7500 денари. Имам ставено мерач на штекерот од климатизерот и мерењето го правам според потрошената електрична енергија. Бидејќи парното не го користам, редовно си плаќам надомест за тоа што не користам парно од 450 денари кои ми стигаат на фактура од БЕГ. Значи отприлика 7500 денари вкупно за климата + 450х12=5400 за некористење парно = 12900 денари годишно.
Трошокот за парно греењето кога би го користел ќе ми изнесува 2100 денари месечно (71 квадрат по 30 денари од квадрат изнесува 2100 денари), значи годишната сметка би изнесувала 25200 денари.
Како што кажа
@onak климата си има свои аномалии, не е идеалниот начин за загревање. Но за да има превенција од тоа, потребно е да се одржува просторот за живеење редовно чист, да се брише прав, да се проветрува. Јас користам и филтер за воздух, зимно време кој што многу помага да се редуцира севкупната прашина, бактерии и честици во просторот за живеење. Исто така го одржувам и нивото на влажност во воздухот на околу 43%.
Најважно во целата ситуација при монтажата климата да се постави на место каде што ќе нема директен провев врз лицата кои што седат околу неа.