Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1203139 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2178
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3165 на: 06 Септември 2018, 12:42:07 pm »
Да не се лажеме, парно од БЕГ е најдобра варијанта.
Bas cekam odgovor, na gornovo prasanje, mnogu me interesira.
Za mene klima e najbolje greenje (istovremeno i najeftino) za moite segasni potrebi. Parno li e bolje od BEG? Ne mi treba greenje na prazen stan preku den, a navecer koga sme doma da nema greenje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3166 на: 06 Септември 2018, 12:45:25 pm »
С`склет сум по природа и сред зимо одам а работа со капут и кратки ракави одоздола..
Ептен на -15 облакам долги...

Дома ми е фрижидер преку цела година.
Гости ми се жалат, ми бараат папучи, ќебиња..

Е сега, кога одам кај другар кој се грее строго на печка на дрва, си седам без проблем со дуксер, без да се испотам, без да има потреба за свеж воздух.. а внатре пуца 30 и кусур степени.

Тврдам дека не постои попријатна топлина од печка на дрва.
На +30 ќе уклучам и клима на ладење ;D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3167 на: 06 Септември 2018, 13:01:47 pm »
Баш тоа зборам..
30 + степени топлина од панелки, парно, инвертери или било кој друг начин на греење за мене е неподнослива.
30+ степени на дрва е сосема друга топлина, пријатна и поднослива. Идеална.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3168 на: 06 Септември 2018, 13:56:30 pm »
30+ степени е неподнослива дури и од сонце кога доаѓа :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3169 на: 06 Септември 2018, 13:58:16 pm »
Изгледа има супер изолација куќата што се грее на дрва па 30 степени е излезна температура пред печка, а на 2 метра од неа си е 22 ;D Или има јака промаја па не се препотуваш дур седиш.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3170 на: 18 Септември 2018, 00:44:50 am »
Од онак одговорот ќе биди дека најдобро е парното што тој го мести :D
.....
ај ке го викаме парно... иако е грешен термин, сепак е општо прифатен...

1. клима уред
прво со ова ке почнам, затоа што сите до еден од тука го елиминираат тој момент, и секогаш парите т.е. домашните финансии и трошокот, ги тураат на список по приоритет пред здравјето, затоа што ние сме сиромашна земја и јасно е како ден дека на повеќето тоа им е нормално и едноставно не ни размисуваат во тој правец... клима уредот е целосно не здрав за користење, но со посебен акцент на периодот кога се користи за греење... промајата е нешто што на сите им шкоди по здравје, на некои порано на некои подоцна во животот, но кога-тогаш, и отворен прозор во кола, за само 10 метри возење ке ве стегне/заболи глава, или рака, рамо, кичма што и да е... ова посебно е изразено кај корисниците на клима уреди.. има линкови, интернетот е полн, барајте за да проверите, затоа што со клима уредот целодневно т.е. за цело време додека се користи климата човекот е изложен на константна промаја.. оној тивок убиец на зглобовите и коскената срж... зашто на греење по опасно? затоа што уште во основно училиште не учеа дека топлиот воздух се качува нагоре, а ладниот паѓа надоле... е сега, имате извор на топлина кој се наоѓа горе, кој ослободува топлина која треба да биде доле, па тоа го постигнува со дување надоле, но кривата на движење на тој топол воздух е во буквата  U... тоа значи дека истата количина на топлинска енергија двапати иде надоле па нагоре додека да се изедначи во просторот.. плус, јас од искуство ке кажам дека ако некој тука што се грее на клима и рече дека му е топло на нозете, лаже... сите дома со папучи седат, затоа што  климата не успева да го загрее подот... ма колку и да кажете дека грешам, термичар сум и знам што зборам, не ме разубедувате т.е. излажете... дополнителен проблем со клима уредите е и постојаното автоматско гасење и повторно стартување... ако климата изгаси, за брзо, ама стварно за многу брзо време собата се изладува. ок, сега со инверторите тоа е решено така што компресорот намалува со снага, па се погодува во тој нај нискиот/нај слабиот мод да се поклопи односот на дадена т.е. испорачана температура да биде ист или сличен со губитоците во просторот па таа да дува константно без престан, но тоа не е баш секојдневие и не се случува кај сите, а богами и немаат сите инвертори т.е. неможе секој да си го дозволи... исто така неможе никој да ме убеди дека со една клима (инвертер или не) може да го грее цел стан исто... ни на сон, да не се лажеме... нај малку по 3-4 степени разлика има од просторијата кај што е климата до соседните соби, зависно од изолацијата нели, но може и преку 10 степени разлика да има ако изолацијата е слаба...

2. радијаторско ака парно греење..
и тука може да има стативи, но само од нестручност при монтажа. сепак, нај природниот и нај здрав начин на греење е токму парно греење... затоа што без никакви “насилни“ методи не се ослободува топлинската енергија во воздухот туку по природен пат, т.е. колку може да апсорбира воздухот по природен пат, т.е. колку ке има примопредавање на топлина толку, а за да биде како што треба се пресметуваат повеке параметри, па се изработува проект за греење и инсталација, со соодветна димензија на грејни тела, при пресметана топлина на водата... бидејки го спомна мојот систем, нема да се фалам, има тука на форумов 15-тина членови на кои сум им наместил парно, па нека ве убедат за потрошувачка и температура, бидејки не се од вчера туку некои се веќе и 10-тина години како го користат... секако и за температурата дали е задоволителна нека кажат... но да не излезе дека се рекламирам себеси, тука не дискутираме за изворот на енергија (котелот) туку за начинот на греење.. котелот, според желбите и џебот, може да биде било каков... дрва, струја, плин, пелети, топлинска, геотермална, кано, зип, руска подморница, на семки од плодови итн итн... изборот е небитен, битно е загревањето на просторот како квалитет и по еднаквост и по здравствено прашање...

3. подно греење...
ова е систем кој може да биде изведен на два различни начини, нема потреба да нагласувам и да објаснувам како, дека и во двата случаи е потребно правилно и стручно инсталирање кое не подразбира “од око“ димензии и густина... едниот е со вградени греачи во кошулица, а другиот е со цевки за топловодно греење.. првиот е доста опасен, а богами и потрошувач голем е, од причина што доколку се деси да испука кошулица макар 1 милиметар, тоа значи има движење, и греачите ке испукаат. со мала количина на вода, човек може да погине, само затоа што бос се шетал низ дома... топловодното греење со пластични цевки, може да истрпи поместување на кошулица и до 15 милиметри, без да има оштетување, тука трпи цевката но и квалитетна треба да е, со не квалитетна цевка за 5-6-7 милиметри пука и тоа е тоа, но не гине никој... по прашање здравје, подното греење исто така не е препорачливо за домашна употреба, освен ако не е комбинирано само на нужнните делови кај што е плочка а тоа е купатило, кујна и ходник, додека останатиот дел се грее преку радијатори. зашто? затоа што ако нозете ти се изложени константно на повисок извор на температура одколку што е остатокот на човечкото тело, се појавуваат прво проширени вени, подоцна проблеми со глуждови и тетиви. подното греење исто така и не е баш толку економично колку што се мисли, освен ако не се користи 24/7, бидејки е доста инертно. јас имам местено подно греење каде што никако неможев да се објаснам со инвеститорите дека кошулица нетреба да биде 27 сантими плус мермер одозгора, па така за тие да добијат целосно греење дома, треба 48 саати однапред да пуштат котелот... и исто така уште толку ке грее без да престане... а на прашањето мое: што ке се случи ако наеднаш залади или наеднаш се стопли? никој не ми даде одговор, затоа што на сите им е јасно што ке се случи. бидејки кај нас знаете и самите дека во период од само 6 саати знае да се смени климатската состојба, па денес ако било +10, следниот ден да биде -10 степени.. подното греење тоа неможе да го корегира веднаш, туку ке му треба доста време, затоа што радијаторот всушност е една голема бетонска маса, т.е. целата кошулица е радијатор КОЈ РАБОТИ НА ПОНИСКА ТЕМПЕРАТУРА ОД РАДИЈАТОР КЛАСИЧЕН, па и измената на температурата е по спора иако е на цела површина... всушност, подното греење е добро само за трговски центри, дуќани и слично каде што ти како купувач, влегуваш пола саат до саат и си одиш.. за нив 24/7 греење е нај економично ако е со подно, поготово што имаат еднакво згреан и константен извор на температура..

4. греалки...
нема да зборам многу за нив.. греалки се... конвектори, калолифери, дувалки некои разни, кварцни, инфра ред, диодни итн итн, се е тоа систем на трансформирање на електричната енергија преку кантал жица или графитен калем во топлина, каде што губитоците на струја се големи.... ја слушате како зуи греалката или греачот па дури и оние што дуваат знае да се слуша како зуи барем на палење додека загрее? е тоа е струја потрошена, преку струјомер, на сметката од евн, која не преминала во топлинска туку во вибрациона, а како таква за вас е само чиста штета по џебот и ништо повеќе...

5. акумулациони печки.
од нив, ја признавам само онаа проектната со шамот, која акумулира топлина од дрво, затоа што кај таа има скоро 100% согорување на енергенсот и е ЕКОЛОШКА за користење, остатокот кој излегува низ оџакот е стотици пати послаб (количински) со опасни издувни материи, од било кое добро и исправно дизел возило...

6. камин/печка на дрва/шпорет на дрва
освен што се нај не еколошкиот момент, кој во државава ги засегнува сите, или барем оние што сериозен проблем имаат (населба лисиче, село лисиче, реонски центар, аеродорм, газибаба, ѓорче, дел од карпош, и дел од сарај по прашање скопје, понатаму цело тетово со се сите околни села, повеќе од половина од битола, и скоро цел велес и еден дел од гевгелија), тука е и еден од нај нездравите моменти, а тоа е големата разлика температурна која се појавува при “разгорување“ на огнот и при згаснување на истиот... во поново време се појавија со автоматси регулатор на воздух (чисто механички е тој) но не е доволно а богами и кошта истиот... да не го повторувам од она погоре со климите дека едно грејно тело може да биде само за еден простор (соба, дневна или ете кафана една) но дека со греење во една соба, цел стан или куќа се загрева исто, само ако се лажеме...

на овој пост ставив акцент на здравјето затоа што многу не го есапат (и јас не го есапев додека не почна да попушта), па затоа и е таква компарацијата...
се изнапишував, извинете на печатни грешки ако ги има, не сум баш спремен да лекторирам текст во моментов. исто така се ова што го напишав е проверливо како податок на интернет и по линкови, а како што пишав и погоре, има тука на форумов членови што имаат наместено радијаторско греење, и повеќето имаат напишано ривју за мене и мојата работа, наназада ВО ИСТАВА ТЕМА па може да проверите дали сум во право или не... и да не сум, не ме разубедувајте, но ако ве интересира нешто, со задоволство ке ви појаснам опширно и сеопфатно, секако, кога и колку ми дозволува времето слободно што како се ближи зимата се помалку го имам...
« Последно менување: 18 Септември 2018, 00:59:03 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3171 на: 18 Септември 2018, 01:06:06 am »
Изгледа има супер изолација куќата што се грее на дрва па 30 степени е излезна температура пред печка, а на 2 метра од неа си е 22 ;D Или има јака промаја па не се препотуваш дур седиш.
банза друже, ти незнаеш кој добар филинг е греана ракија покрај шпорет на дрва што баботи... со две чаши си ВО ТРАНС.. 30 степена што те печат од една страна и зид позади тебе од 10 степени, ке се осеќаш како некој да седи до тебе и константно на секои 10 секунди ти мава по едно шамарче... кома состојба... да, имав и јас баба и дедо од село (бог да ги прости), со голема количина домашна ракија во подрум (и тоа шљифка) и дрва цела шума над нив... ;)  сега да се најдам во таква просторија, запола саат брза помош ке викате... срце ке ми пукне... неможе секој тоа да го издржи, а чим се збори за издржување, значи е нешто што му пречи на организмот, иако има типови на луѓе кои уживаат во таква состојба... тие се “навлечени“ на тој транс.. и јас бев... ;) шала на страна, дрвото кога гори и го гледаш, барем за мене, ми дава одредена доза на релаксирачка ситуација.. те опушта, убаво ти е, но како што реков, нездраво е а богами и загадува побајаги...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3172 на: 18 Септември 2018, 10:50:52 am »

4. греалки...
нема да зборам многу за нив.. греалки се... конвектори, калолифери, дувалки некои разни, кварцни, инфра ред, диодни итн итн, се е тоа систем на трансформирање на електричната енергија преку кантал жица или графитен калем во топлина, каде што губитоците на струја се големи.... ја слушате како зуи греалката или греачот па дури и оние што дуваат знае да се слуша како зуи барем на палење додека загрее? е тоа е струја потрошена, преку струјомер, на сметката од евн, која не преминала во топлинска туку во вибрациона, а како таква за вас е само чиста штета по џебот и ништо повеќе...

Бидејки немам време во моментов да го пролитам цело, набрзинка го читнав најкраткото и е тотално тотално погрешно. Не викам дека електрилните греалки се добро решение, само сакам да кажам дека е погрешна констатацијата за губитоците на струјата. Овие греалки се прилично најефикасни, цела струја се претвора во топлина, процентот е над 90%-95%. Најелсно е да претвориш електрична енергија во топлинска, проблемот е што за да постигнеш потребна температура ти треба многу електрична енергија. Грејачите (или греачите, како и да е правилно) буквално скоро цела ел. енергија ја претворуваат во топлинска. Оваа изјава ти е скроз погрешна.

Е сега на темата, секако не се идеални од економски аспект за загревање, ама затоа од еколошки се.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3173 на: 18 Септември 2018, 11:11:25 am »

Да подкрепеше со факти дека ова што сум го пишал е тотално тотално грешно? Мислам, одбрани го својот став кој ме дискредитира мене... Вака е само обичен обид без факти...
Но начелно, во едно се сложуваме, не се баш нај економични, а заборавив да напишам и дека се поприлично и опасни... Лесно запаллив уред е тоа... Не би го оставил да работи брз надзор или додека спијам на пример...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3174 на: 18 Септември 2018, 11:49:52 am »
Normalno i jas nemozev da go citam celiot post.
Mi se vide interesen momentot kade se spomnuva promajata. Neznam tocno, no mislam deka postoi samo na ovie prostori, Balkan.
Porano dosta dvizev i bev vo kontakt so stranci sto ziveat kaj nas, ednas sedime na promaja i mnogu interesno prasenje se nametna, me prasuvaat dali veruvam vo promaja. "Do you believe in promaja", nema angliski zbor za promaja. Stvarno ne mi teknuva sto odgovoriv, ama prasanjeto mi ostana neizbrislivo vo glava.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3175 на: 18 Септември 2018, 11:57:21 am »
Надвор од тема.
Вистинска случка.
Пролет, кафанска тераса, гостинка седната на маса која е до портичка од терасата.
Дечкооо, дај затвори некоја "врата", ме шина "промаја" ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3176 на: 18 Септември 2018, 12:11:52 pm »
Normalno i jas nemozev da go citam celiot post.
Mi se vide interesen momentot kade se spomnuva promajata. Neznam tocno, no mislam deka postoi samo na ovie prostori, Balkan.
Porano dosta dvizev i bev vo kontakt so stranci sto ziveat kaj nas, ednas sedime na promaja i mnogu interesno prasenje se nametna, me prasuvaat dali veruvam vo promaja. "Do you believe in promaja", nema angliski zbor za promaja. Stvarno ne mi teknuva sto odgovoriv, ama prasanjeto mi ostana neizbrislivo vo glava.
Да го патентираме ако не.. Хахахаха
Во поново време, терминот "промаја" го користат во котлите на дрва... Затоа што само они имаат "не присилен" проток на воздух во ложиштето, како што е на сите други котли решено со вентилатори... Малку му е глупа терминологијата, ама па и има логика... Инаку, промаја е стварно опасна работа... А и седењето на ладен бетон исто, иако и за тоа во цел свет се чудат... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3177 на: 18 Септември 2018, 14:40:35 pm »
затоа што ако нозете ти се изложени константно на повисок извор на температура одколку што е остатокот на човечкото тело, се појавуваат прво проширени вени, подоцна проблеми со глуждови и тетиви.

Може за ова линк од научен труд на доктор, клиника што правела истражување ? Значи не петко јанко станко, ДОКТОР.

Бидејќи имам другар што е доктор и му го поставив ова како прашање, ми вели нема врска не е точно.
Башка дома не стоиш постојано, туку само пропешачуваш. Поголемиот дел од времето седиш, лежиш.

ЕДИТ:
Да подкрепеше со факти дека ова што сум го пишал е тотално тотално грешно? Мислам, одбрани го својот став кој ме дискредитира мене... Вака е само обичен обид без факти...

Во однос на ова. Факт ти е одредено тврдење како на пример што велиш дека подно греење ќе допринесе за појава на проширени вени.
Но вака само по себе нема никаква тежина ако не го поткрепиш со доказ, а тоа е некакво научно истражување од релевантен фактор, односно доктор, клиника која испитувала како таквото греење влијае на нозете и крвните садови.

Значи фактите сами по себе немаат голема тежина ако не ги одбраниш со доказ.
Во глобала целиот текст ти е факти, но без конкретни докази. ЗНачи сега можам јас да напишам идентичен пост каде што ќе фалам греење на дрва и термо печка е најдобро нешто, другото нечини. Само ќе тврдам. А доказ камо ?

Не ме сфаќај погрешно, немам ништо против тебе, туку само сакам малку да ти појаснам некои работи како што ти се обиде да ги појасниш некои работи и разлики во однос на греењето. Затоа за некое тврдење кога велиш дека е така, докажи го.

Интересен ти е постот, и со некои работи се сложувам. Може да се загрее еден стан или куќа со едно грејно тело ако нема ходници. А температурна разлика ќе има, точно е тоа.
Јас лани после ставањето на фасадата успевав со еден камин целосно (60 квадрати) да ги загреам. Нормално имаше разлики, ако во дневна одеше 27-28 степени, во другите две соби по 24 беше. Но сепак беше одлично иако во дневната беше осетно потопло, но не ми сметаше. Но тоа загревање на просторот е можно затоа што дневната, кујната со другите две соби е споена, нема ходници. Да има ходници, нема да биде возможно загревањето.
« Последно менување: 18 Септември 2018, 15:14:52 pm FiLo »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6580
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3178 на: 18 Септември 2018, 15:24:01 pm »
Еве јас 5 години со целосно подно греење веќе вениве не проширени, него како автопат е-75 ми се со 6 ленти.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3179 на: 18 Септември 2018, 15:42:44 pm »
На гости...камин со подно греење,..., прво почнувам да правам стриптиз, потоа, на одење, чевлите ми се "помали" за еден број.
Па сега видете...