Кој? Јас? Не бе друже... Одвреме навреме се навраќам на форумов, за да проверам дали состојбата е сеуште иста... Ја рестартирав темава за да пробам пак да отворам дискусија, пред почеток на грејна сезона, ама како што гледам тука сеуште владее терање чист инат, онака, без врска... Како што и си беше претходно.. Затоа некст чек уп за некој месец пак и така, се додека не му текне на некој дека форум служи за дискусија а не за мерење на кој му е подолг...
ионака сум презафатен, ми се симна товар да речеме... Понудата за помош важи понатаму за сите, само контактирајте ме поинаку (ете во потпис линкови), кога ќе поставите прашање, за да се закачам на форумов и да одговорам...
А да... И земјата е рамна, не е топка...
Па така делува оној горниот пост кај што велиш дека џабе си се активирал.
Му бараш на Додо поткрепа на неговото објаснување, али ако за нешто те прашам или прашаме, велиш кај се заебав да дискутирам, не ви докажувам.
Искрено од целиот пост немам никакви замерки, освен за тоа со проширените вени, само за тоа сакам доказ.
Со останатите факти, тврдења кој си ги изнел, во глобала се согласувам. И пошто работиш 20 години со оваа работа, убаво посочуваш како функционира термиката.
Но ова со вените е веќе медицински аспект. Затоа ме интересира дали познаваш луѓе на кој проширените вени им ги дијагностицирал доктор како резултат на подно греење ? Дали информацијата ја црпиш од доктор или е само твој заклучок ?
Бтњ, многу работи сум научил, некои и ги применувам и слично што се однесува поготово на механиката затоа што си работел. Сум ти поставувал и прашања во пораки за некои работи.
Но не верувам дека 20 години поставуваш медицински дијагнози, па затоа само во тој аспект на постот те оспорувам и барам малку појаснување, доказ.