Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1437140 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Разлика во естетика огромна...

Ќе поставам и слики од куќа во Влае само да најдам низ компјутер исто подно со регулација на температура, топлинска пумпа и плис фенкојлери за ладење и догревање.

Ако е само подно останува неискористен потенцијалот за ладење со истата машина, ма да има начин ама се комплицира многу изведбата.
Од старт да кажам дека не деградирам ниеден бренд, но сепак, прескапа верзија е со рехау цевки и елементи. да не речам двојно повеќе ќе иде, а ефектот на греење е ист.
и јас имам местено со рехау стиропорни плочи, цевки и опрема. според цените, рехау треба да е она што е ролс ројс во автомобилизмот, и за такви и се претставуваат и рекламираат, а дали се, секој индивидуално нека си процени, јас нема да коментирам или отценувам, бидејки мислењата на корисниците се различни. јас ке потврдам само дека станува збор за ДОБАР квалитет, не е воопшто прашање дали се или не се квалитетни. скоро во секој сегмент од рехау понудата, се дикутира за квалитет.
оваква комбинација со контрола на протоци и температури се поставува кога ИЗВОРОТ НА ЕНЕРГИЈА СЕ ДВОИ КАЈ ПОВЕЌЕ ПОТРОШУВАЧИ, односно, каде што се бира да речеме меѓу подно и радијаторско и бојлер на пример. мора тогаш да има контроли на температури за секој потрошач, вклучително може да се иде и до контрола на секоја “змија“ посебно со проток и загревање. кога пак е со контрола само на змиите, а нема втор потрошач, тогаш, тоа се прави само кога змиите не се со иста должина.
како и да е, и самиот рече дека “естетски“ поубаво. и поубаво е додека не се стави кошулица,  после тоа ништо не се гледа, освен вака на слики. ;)
AUUUU, не сватив, ова е кај тебе дома или ова го изведувате вие?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70

Нека не ми замерува членот ОНАК не се обидувам да ги промовирам ДАИКИН, верувам дека и неговите системи се исто ефикасни, чисто сакав да дадам еден практичен пример за подното греење со топлинска пумпа за сите оние кои што би биле во дилема дали да го поставуваат.

Поздрав

Зашто би ти замерувал, споделуваш информации општо корисни за сите. Би те замолил, да постираш тука доколку имаш фотографија од цевките во подот пред да се излие кошулицата и една од конекцијата на пумпата со инсталцијата. доколку имаш сликано... ;)

Повели друже од цевките во подот.

https://ibb.co/jYGFqx

Конекција на пумпата со внатрешната единица немам сликано пред кошулицата, ако сакаш ќе ја сликам после дома и ќе ти ја пратам. Таа е поставена на висина од околу 1,5метра така да конекцијата се гледа целосно.

Поздрав



алупласт Ф16, стандарден орман. малку се густи цевките кај орманот, ама така е секогаш околу орманот. ќе видиш подоле и кај мене е така, нема друг начин. на тоа место подот ке биде драстично по топол, ама тебе ти е кец на десетка бидејки орманов ти е до тераса, така да таман ке биде. и јас кога преокетирам инсталација, поготово подно греење, секогаш бирам или до влезна врата орманот да биде или во ходник или евентуално како кај тебе на ходниче до тераса, према двор ако е на приземје итн итн, начелно места каде што има поголеми оддавања т.е. губитоци на топлинска енергија.

Не е лошо сработено (не отценувам, само коментирам), ако е вака цела инсталација низ дома, само да ти кажам дека “рефлектирачката“ фолија што ја туриле, нема никаква улога. за тоа служи стиропорот одоздола, и “рефлектирачка“ (намерно во наводници двапати зборот рефлектирачка, бидејки ништо не рефлектира освен зраци), е добра ако ете баш се сака подно, а нема место за стиропор, па тогаш таа фолија се тура, едвај некој милиметар е дебела. во последно време ги гледам се нешто се запнуваат луѓево за таа фолија, се разбира, јасно ми е дека секој кој ја турил нејзе, мислел на најдобро што може да добие, т.е. нели тоа е инвестиција која треба следниве неколку децении да штеди пари, сепак, неправилно е употребена ако одоздола има стриопор или стиродур.
таа фолија е добра, да се намести на зид кај што е радијаторот, значи да на некој занич заштеди топлинската енергија да не ја фпива зидот во себе, туку да се емитира во воздухот, но и тоа важи само за зидови без изолација. ако е со термо фасада, или сендвич зид, ни тогаш нема ефект од нејзе... она што го зачуле а не го дочуле луѓето е дека се става АЛУМИНИУМСКА фолија под цевките, како ИЗЕДНАЧУВАЧ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА КОШУЛИЦАТА, а поентата е да не се осеќаат цевките каде се, туку цела кошулица да биде еднакво загреана. тоа е екстра луксуз, но народов (а не ретко и самонаречени стручњаци), успеаја тоа да го преправат во рефлектирачка фолија, веројатно затоа што цената на алу фолијата е три пати поголема од оваа рефлектирачкава.

за крај, ова е мојот фејс за КАНО системи:
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi ,
или
https://www.facebook.com/KANO-EKO-SISTEMI-za-ekonomichno-greenje-147756003789/
едното е профил другото е пејџ, врзани се меѓусебе. има таму еден куп слики и ивдеа, и еве јас како проектирам и сработувам по прашање подно греење:

https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1791202617557003/
ова е во стан, мала зграда со 4 станови, сите исто сработени

https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1808413979169200/
а ова е во индивидуална куќа, три вакви куќи направив една до друга, на тројца браќа, они инсистираа на рефлектирачка фолија, а одоздола е стиродур ОД ДУРИ 8 САНТИМЕТРИ, без оглед колку ги убедував дека се тоа џабе фрлени пари. Апсолутно беспотребна е таа фолија, ама нејсе, запнаа луѓето дека ја сакаат да ја има и тоа е тоа.

п.с. да, ако може, сликни го целиот дел што на поголеми згради би се нарекол подстаница, чисто ме интересира мерната опрема и дебелина на проток да видам, не за да наоѓам замерки, сепак, пофалив она погоре што го видов. ;)
позз.


Повели друже,

https://ibb.co/iQAf7c

https://ibb.co/f4mL7c

https://ibb.co/eBJBDH

https://ibb.co/jD02Lx



Јас никаде не реков дека тоа што го ставив е најсовршеното нешто што може да се добие на пазарот, и самата цена го потврдува тоа.....

Битна ми беше пумпата да биде "Ролс Ројс" и се функционира беспрекорно, инсталацијата е јасно дека може да биде поквалитетна и мнооогу поскапа. :-)

Поздрав

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
@eko13 Да не се разбереме погрешно, си го избрал најдобриот начин на греење, нема збор, естетиката воопшто не е битна, битно е да функционира и да си задоволен.

Ја користиш и за ладење топлотната пумпа или не ?

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
@eko13 Да не се разбереме погрешно, си го избрал најдобриот начин на греење, нема збор, естетиката воопшто не е битна, битно е да функционира и да си задоволен.

Ја користиш и за ладење топлотната пумпа или не ?

Не не, самата пумпа нема опција за ладење. Така ќе беше доста поскапа.

Температурата на пумпата е од 35-55 степена така да мислам дека влегува во среднотемпературни пумпи.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
зошто подно греење би било подобро од класично парно греење (тргнувајќи ја предноста дека е невидливо) ?

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
Разлика во естетика огромна...

Ќе поставам и слики од куќа во Влае само да најдам низ компјутер исто подно со регулација на температура, топлинска пумпа и плис фенкојлери за ладење и догревање.

Ако е само подно останува неискористен потенцијалот за ладење со истата машина, ма да има начин ама се комплицира многу изведбата.
Од старт да кажам дека не деградирам ниеден бренд, но сепак, прескапа верзија е со рехау цевки и елементи. да не речам двојно повеќе ќе иде, а ефектот на греење е ист.
и јас имам местено со рехау стиропорни плочи, цевки и опрема. според цените, рехау треба да е она што е ролс ројс во автомобилизмот, и за такви и се претставуваат и рекламираат, а дали се, секој индивидуално нека си процени, јас нема да коментирам или отценувам, бидејки мислењата на корисниците се различни. јас ке потврдам само дека станува збор за ДОБАР квалитет, не е воопшто прашање дали се или не се квалитетни. скоро во секој сегмент од рехау понудата, се дикутира за квалитет.
оваква комбинација со контрола на протоци и температури се поставува кога ИЗВОРОТ НА ЕНЕРГИЈА СЕ ДВОИ КАЈ ПОВЕЌЕ ПОТРОШУВАЧИ, односно, каде што се бира да речеме меѓу подно и радијаторско и бојлер на пример. мора тогаш да има контроли на температури за секој потрошач, вклучително може да се иде и до контрола на секоја “змија“ посебно со проток и загревање. кога пак е со контрола само на змиите, а нема втор потрошач, тогаш, тоа се прави само кога змиите не се со иста должина.
како и да е, и самиот рече дека “естетски“ поубаво. и поубаво е додека не се стави кошулица,  после тоа ништо не се гледа, освен вака на слики. ;)
AUUUU, не сватив, ова е кај тебе дома или ова го изведувате вие?

Камо среќа да е кај мене дома Онак, ама за жал не е, фирмата во која што работев ја продаде опремата, а изведбата е на Панде инженеринг од Велес.

Еве како изгледаше поставувањето на греењето:

- Прво се поставуваше стиропор па врз него пластична плоча за поставување на цревата за подно греење. Под пластичните плочи се поставува стиропор до дебелина од 2цм за изолација и порамнување на површината



- Инсталација за фенкојлер кој служи за ладење/догревање



- Поставување на самите црева, на сликата може да се примети и една спојница која не е препорачливо да биде во кошулица, тука производителеот гарантираше дека нема да дојде до протекување, се работи за Раупласт црева од Рехау (и после 5 години уште не протекло...).


- Изглед на завршена инсталација на која е спремно да се постави кошулица. Цевките се поставувани на специјални пластични плочи кои имаат вдлабнатини за цевките со дијаметар од 16мм и испупчувања преку кои се пренесува притисокот на подот за да не дојде до оштетување на самото црево. Поставувањето е на 10цм со цел да се добие поголемо оддавање на топлината кон просторот.



- Изглед на кутиите со поставени разделници за фенкојлери од (лева страна) и за подното греење (од десно). На разделникот за подното покасно се поставени и електровентили за контрола на секој сегмент од подното греење одделно преку термостат. Разделникот за фенкојлери е целосно изолиран за да не дојде до кондензација при ладење.



- Разделници во подрумските простории со инсталирани ел. вентили за контрола на подното во секоја просторија, не се изолирани бидејќи се користат само за греење.



- Термостат за контрола на подно греење.



- Изглед на инсталацијата во подрум, со инсталиран трокрак мешачки вентил за контрола температурата на водата во подното греење. И во самата машина може да се намести температурата на водата, ама бидејќи се користат и фенкојлери па температурата е сетирана повисока.



- Поставен фенкојлер.



- Топлинскиот капацитет на топлинската пумпа е 12 kW на надворешна температура од 7°С додека на температура од -15°С е помал и изнесува околу 6 kW. Минималната надворешна температура на работа е -20°С.


« Последно менување: 02 Март 2018, 13:37:48 pm AUUU »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
зошто подно греење би било подобро од класично парно греење (тргнувајќи ја предноста дека е невидливо) ?
Заради дистрибуцијата на топлината.




Згора на тоа температурата на водата за радијатори треба да е повисока отколку онаа за подно. А топлинските пумпи имаат поголема ефиксност кога работат со пониска температура на водата. Затоа и е толку добро да се комбинира подно со топлинска пумпа, и згора на тоа уште некоклу ѕидни единици кои ќе ладат и греат.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20896
Башка филингот е красив :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Kolku/kakva garancija ima podnovo greenje? Ako dojde do siten defekt na Parno, relativno lesno moze da se sanira. A podnovo kako? Sto? Nekoj info podetalno?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
нели е поштетно подното од аспект на здравје?
(отекуват нозе, вени, се крева полесно прашина...)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1930
Kolku/kakva garancija ima podnovo greenje? Ako dojde do siten defekt na Parno, relativno lesno moze da se sanira. A podnovo kako? Sto? Nekoj info podetalno?

И мене ме интересира што ако со тек на време некоја од тоа цевките се оштети и почни да пушта вода? Се копа подот?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
нели е поштетно подното од аспект на здравје?
(отекуват нозе, вени, се крева полесно прашина...)
Напротив многу е подобро,

секако исклучиво ако се следат препораките да тепмературата на подот никогаш не надмине 26-29C степени. Со други зборови, како што и напоменавме во темава - не би требало да е воопшто приметливо дека е вклучено подно греење. Доколку забележиш дека е топол подот, значи дека нешто не е во ред и дека се надминала препорачаната температура на подот.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7444
нели е поштетно подното од аспект на здравје?
(отекуват нозе, вени, се крева полесно прашина...)

Тоа со отекувањето на нозете е ако се претера со температурата.
За кревање прашина според мене не е ништо поголо од другите видови на греење, климата цело време дува, парното исто така прави струење на воздух.

Kolku/kakva garancija ima podnovo greenje? Ako dojde do siten defekt na Parno, relativno lesno moze da se sanira. A podnovo kako? Sto? Nekoj info podetalno?

И мене ме интересира што ако со тек на време некоја од тоа цевките се оштети и почни да пушта вода? Се копа подот?

Нема од што да се оштети кога е ставена кошулица, на сликата погоре баш се гледа дека има манометар врзано и се тестира пред поставување на кошулица, а исто така и се остава под притисок и за време на поставувањето на кошулицата и после тоа. Иначе и инсталациите за парно се под кошулица, само таму е возможно извлекување на цревата бидејќи се поставени во пластични црева, овдека.... тешко.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11898
  • Архитект
Една од негативните страни на подното греење е дека кај Пијаното ќе треба да се предвиди дополнителна заштита. Шо значи дека пијаното нема да можи да се поместува.
:(

http://scalar.usc.edu/works/advantages-and-disadvantages-of-underfloor-heating/index
https://www.floorheating-direct.co.uk/underfloorheating-advantages-disadvantages/

Отсутен tigar2012

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 78
До оние членови што имате подно греење, што поставувате после врз него, дали плочки или има некои специјални видови на паркет/таркет/ламинант и слично за подно ?

Што би било најдобро да се избере доколку има подно греење?
Seat Ibiza 1.4 16v 55kw