Разлика во естетика огромна...
Ќе поставам и слики од куќа во Влае само да најдам низ компјутер исто подно со регулација на температура, топлинска пумпа и плис фенкојлери за ладење и догревање.
Ако е само подно останува неискористен потенцијалот за ладење со истата машина, ма да има начин ама се комплицира многу изведбата.
Од старт да кажам дека не деградирам ниеден бренд, но сепак, прескапа верзија е со рехау цевки и елементи. да не речам двојно повеќе ќе иде, а ефектот на греење е ист.
и јас имам местено со рехау стиропорни плочи, цевки и опрема. според цените, рехау треба да е она што е ролс ројс во автомобилизмот, и за такви и се претставуваат и рекламираат, а дали се, секој индивидуално нека си процени, јас нема да коментирам или отценувам, бидејки мислењата на корисниците се различни. јас ке потврдам само дека станува збор за ДОБАР квалитет, не е воопшто прашање дали се или не се квалитетни. скоро во секој сегмент од рехау понудата, се дикутира за квалитет.
оваква комбинација со контрола на протоци и температури се поставува кога ИЗВОРОТ НА ЕНЕРГИЈА СЕ ДВОИ КАЈ ПОВЕЌЕ ПОТРОШУВАЧИ, односно, каде што се бира да речеме меѓу подно и радијаторско и бојлер на пример. мора тогаш да има контроли на температури за секој потрошач, вклучително може да се иде и до контрола на секоја “змија“ посебно со проток и загревање. кога пак е со контрола само на змиите, а нема втор потрошач, тогаш, тоа се прави само кога змиите не се со иста должина.
како и да е, и самиот рече дека “естетски“ поубаво. и поубаво е додека не се стави кошулица, после тоа ништо не се гледа, освен вака на слики. 
AUUUU, не сватив, ова е кај тебе дома или ова го изведувате вие?
Камо среќа да е кај мене дома Онак, ама за жал не е, фирмата во која што работев ја продаде опремата, а изведбата е на Панде инженеринг од Велес.
Еве како изгледаше поставувањето на греењето:
- Прво се поставуваше стиропор па врз него пластична плоча за поставување на цревата за подно греење. Под пластичните плочи се поставува стиропор до дебелина од 2цм за изолација и порамнување на површината

- Инсталација за фенкојлер кој служи за ладење/догревање

- Поставување на самите црева, на сликата може да се примети и една спојница која не е препорачливо да биде во кошулица, тука производителеот гарантираше дека нема да дојде до протекување, се работи за Раупласт црева од Рехау (и после 5 години уште не протекло...).

- Изглед на завршена инсталација на која е спремно да се постави кошулица. Цевките се поставувани на специјални пластични плочи кои имаат вдлабнатини за цевките со дијаметар од 16мм и испупчувања преку кои се пренесува притисокот на подот за да не дојде до оштетување на самото црево. Поставувањето е на 10цм со цел да се добие поголемо оддавање на топлината кон просторот.

- Изглед на кутиите со поставени разделници за фенкојлери од (лева страна) и за подното греење (од десно). На разделникот за подното покасно се поставени и електровентили за контрола на секој сегмент од подното греење одделно преку термостат. Разделникот за фенкојлери е целосно изолиран за да не дојде до кондензација при ладење.

- Разделници во подрумските простории со инсталирани ел. вентили за контрола на подното во секоја просторија, не се изолирани бидејќи се користат само за греење.

- Термостат за контрола на подно греење.

- Изглед на инсталацијата во подрум, со инсталиран трокрак мешачки вентил за контрола температурата на водата во подното греење. И во самата машина може да се намести температурата на водата, ама бидејќи се користат и фенкојлери па температурата е сетирана повисока.

- Поставен фенкојлер.

- Топлинскиот капацитет на топлинската пумпа е 12 kW на надворешна температура од 7°С додека на температура од -15°С е помал и изнесува околу 6 kW. Минималната надворешна температура на работа е -20°С.
