Нека не ми замерува членот ОНАК не се обидувам да ги промовирам ДАИКИН, верувам дека и неговите системи се исто ефикасни, чисто сакав да дадам еден практичен пример за подното греење со топлинска пумпа за сите оние кои што би биле во дилема дали да го поставуваат.
Поздрав
Зашто би ти замерувал, споделуваш информации општо корисни за сите. Би те замолил, да постираш тука доколку имаш фотографија од цевките во подот пред да се излие кошулицата и една од конекцијата на пумпата со инсталцијата. доколку имаш сликано... 
Повели друже од цевките во подот.
https://ibb.co/jYGFqx
Конекција на пумпата со внатрешната единица немам сликано пред кошулицата, ако сакаш ќе ја сликам после дома и ќе ти ја пратам. Таа е поставена на висина од околу 1,5метра така да конекцијата се гледа целосно.
Поздрав
алупласт Ф16, стандарден орман. малку се густи цевките кај орманот, ама така е секогаш околу орманот. ќе видиш подоле и кај мене е така, нема друг начин. на тоа место подот ке биде драстично по топол, ама тебе ти е кец на десетка бидејки орманов ти е до тераса, така да таман ке биде. и јас кога преокетирам инсталација, поготово подно греење, секогаш бирам или до влезна врата орманот да биде или во ходник или евентуално како кај тебе на ходниче до тераса, према двор ако е на приземје итн итн, начелно места каде што има поголеми оддавања т.е. губитоци на топлинска енергија.
Не е лошо сработено (не отценувам, само коментирам), ако е вака цела инсталација низ дома, само да ти кажам дека “рефлектирачката“ фолија што ја туриле, нема никаква улога. за тоа служи стиропорот одоздола, и “рефлектирачка“ (намерно во наводници двапати зборот рефлектирачка, бидејки ништо не рефлектира освен зраци), е добра ако ете баш се сака подно, а нема место за стиропор, па тогаш таа фолија се тура, едвај некој милиметар е дебела. во последно време ги гледам се нешто се запнуваат луѓево за таа фолија, се разбира, јасно ми е дека секој кој ја турил нејзе, мислел на најдобро што може да добие, т.е. нели тоа е инвестиција која треба следниве неколку децении да штеди пари, сепак, неправилно е употребена ако одоздола има стриопор или стиродур.
таа фолија е добра, да се намести на зид кај што е радијаторот, значи да на некој занич заштеди топлинската енергија да не ја фпива зидот во себе, туку да се емитира во воздухот, но и тоа важи само за зидови без изолација. ако е со термо фасада, или сендвич зид, ни тогаш нема ефект од нејзе... она што го зачуле а не го дочуле луѓето е дека се става АЛУМИНИУМСКА фолија под цевките, како ИЗЕДНАЧУВАЧ НА ТЕМПЕРАТУРАТА НА КОШУЛИЦАТА, а поентата е да не се осеќаат цевките каде се, туку цела кошулица да биде еднакво загреана. тоа е екстра луксуз, но народов (а не ретко и самонаречени стручњаци), успеаја тоа да го преправат во рефлектирачка фолија, веројатно затоа што цената на алу фолијата е три пати поголема од оваа рефлектирачкава.
за крај, ова е мојот фејс за КАНО системи:
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi ,
или
https://www.facebook.com/KANO-EKO-SISTEMI-za-ekonomichno-greenje-147756003789/едното е профил другото е пејџ, врзани се меѓусебе. има таму еден куп слики и ивдеа, и еве јас како проектирам и сработувам по прашање подно греење:
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1791202617557003/ова е во стан, мала зграда со 4 станови, сите исто сработени
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi/videos/1808413979169200/а ова е во индивидуална куќа, три вакви куќи направив една до друга, на тројца браќа, они
инсистираа на рефлектирачка фолија, а одоздола е стиродур ОД ДУРИ 8 САНТИМЕТРИ, без оглед колку ги убедував дека се тоа џабе фрлени пари. Апсолутно беспотребна е таа фолија, ама нејсе, запнаа луѓето дека ја сакаат да ја има и тоа е тоа.
п.с. да, ако може, сликни го целиот дел што на поголеми згради би се нарекол подстаница, чисто ме интересира мерната опрема и дебелина на проток да видам, не за да наоѓам замерки, сепак, пофалив она погоре што го видов.

позз.