Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1105040 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #75 на: 14 Ноември 2012, 10:39:18 am »
Па тогаш незнам зошто се прави проблем околу нивното погонување! Ако може со UPS. :)

Баш сега гледав за тајмери за греалка, и се окозив за да најдам. И нема. А за мотор па уште повеќе. :)

Ако некој има тајмер ставено на греалка нека ми каже каков ставил. Овие обичниве тајмери цркаат и се топат, иако се декларирани за 3500w. Треба да склапам сам со реле - а нит имам време, нит ми е сигурно.





Имам дома еден тајмер уште не е отворен.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #76 на: 14 Ноември 2012, 10:40:16 am »
Колку KW? :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43918
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #77 на: 14 Ноември 2012, 10:42:50 am »
@Deni, Со реле ти е сигурно :D Јас имам едно реле трофазно што (треба да) тера 18KW конвектори, врзано на дигитален програматор. Сега моментално тера 12kw максимум (толку конвектори во истовремено користам максимално сега за сега)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #78 на: 14 Ноември 2012, 10:58:50 am »
3 kw


Али не би требало да имаат проблем.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #79 на: 14 Ноември 2012, 11:04:22 am »
@Deni, Со реле ти е сигурно :D Јас имам едно реле трофазно што (треба да) тера 18KW конвектори, врзано на дигитален програматор. Сега моментално тера 12kw максимум (толку конвектори во истовремено користам максимално сега за сега)
Од каде е програматорот?

3 kw
Али не би требало да имаат проблем.
Слично е на оние од 600 денари по дуќаниве? Го шиткаш или? :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #80 на: 14 Ноември 2012, 11:12:08 am »
Не не, ќе го тестирам викендов да видам дали се топат.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #81 на: 14 Ноември 2012, 11:17:32 am »
Е вака...

Бидејќи и јас сум директно инволвиран во машинството и работа во фирма која е застапник за "CLIVET" www.clivet.it топлински пумпи, рекуператори, клима комори .... итд. Не би сакал да ме разберете дека правам реклама за себе туку само да дадам објаснување и да го споделам моето искуство. Сите топлотни пумпи било да се вода-воздух, мулти сплит или вода-вода од било кој производител (Daikin, Carrier, CLIVET, REHAU, Vaillant...) работат на ист принцип (+/- понекоја ситница) така да се што е кажано за едните се однесува и за останатите.

Прво мора да се сложам со „онак“ околу објаснувањето за централното греење и споредбата со греење на клима. Значи не постои клима која ќе загрее простор од 50м2 на -10 или -15°С како што тоа ќе го направи радијаторот или некој друг индивидуален систем на греење. За добивање на пристојна температура од 21-22°С во СИТЕ соби на станот, куќата... се потребни посебни топлотни пумпи (сплит системи) и грејни тела распоредени во секоја просторија.
Како главен недостаток на најраспространетиот систем на греење барем во Скопје е немањето на адекватен начин на наплата по потрошена енергија, односно мерач на секој стан посебно. Со ова би се овозможила заштеда како кај оснатаите индивидуални системи и намалување на трошоците (пр. зошто би го греел цел стан/куќа на температура од 21-22°С кога од 8 до 16ч нема никој дома).
Второ е, како што веќе спомена онак, 24ч греење. Значи зошто топлификација би си земала за право да одлучува кога јас треба да спијам, а кога треба да работам... Едноставно некој работи втора смена па кога ќе си дојде дома во 22ч нема ни Т од топла вода во радијатор, искача дека плаќа греење на празен стан, а ако сака да се стопли пак пали клима или грееалка и прави уште поголем трошок!
Доколку би се вовел систем за наплата по поторошена енергија по единица корисник (а не масовно на цело село/зграда...), што е нормално во цел НОРМАЛЕН свет, сметките би ни биле далеку помали и корисниците позадоволни... ама..... „ово је овде Балкан...“

Верувам дека поголемиот дел од корисниците се незадоволни од условите кои ни ги нуди Топлификација, па мислам дека е корисно за сите да направиме преглед кои системи ни се достапни и колку е инвестицијата за истите.

Прво што е потребно да направиме е да ја разгледаме поставеноста на мрежата/цевките за парно во нашиот стан. Доколку се врзани со вертикали (класика во сите постари згради) не ни преостанува ништо освен исклучување на секој радијатор посебно од страна на Топлификација и:

1. поставување на грејачи во самиот радијатор како најефтина алтерернатива
+индивидуална контрола на секој радијатор/просторија
+поголема инертност во однос на електричните греалки/конвектори
+ниски инвестициски трошоци
+можност за поставување на тајмер на секое грејно тело
+искористување на постоечките грејни тела/радијатори

2. набавка на електрични конвектори наместо радијатори
+индивидуална контрола на секој радијатор/просторија
+брзо загревање на самата просторија
+можност за поставување на тајмер на секое грејно тело
-инвестициски трошоци (од 3500 ден до 6500ден за ел.конвектор од 2,5 kW)

3. поставување на нова цевна мрежа во станот и користење на еден од системите кои ги наброја „онак“ во совојот пост (ел. котел, „подморница“, онак-кано систем....)
+поголема безбедност
+централизирана команда на системот
+искористување на постоечките грејни тела
-поголема инвестиција поради поставувањето на цевна мрежа и набавка на еден од системите

Наведените системи под 1, 2 и 3 препорачливо е да се комбинираат со клима уред кој би ги задоволил потребите за греење во меѓусезоните (заштеда поради помалата потрошувачка на ел. енергија) и секако потребите за разладување во летниот период.

Втор случај е дека станот е од поново производство и дека секој од становите е опремен со своја разводна мрежа односно има само една вертикала во влезот а сите стнови преку свој разделник на топлина се врзуваат на неа. Во овој случај можете многу полесно и со многу помали инвестициски трошоци да инсталирате еден од системите за индивидуално греење (ел. котел, „подморница“, онак-кано систем....). Потребно е само набавка на опремата и нејзино поставувавање и .... со 500-1000 € сте завршиле работа.

Ако се работи за куќа тогаш имате уште повеќе опции: котел на нафта, гас, пропан-бутан, пелети, овошни семки, дрва итд....

Сите претходно наведени системи служат само за греење, а за ладење потребно е да се набавуваат клима уреди што претставува дополнителен трошок. Јасно е дека една клима не може да ги задоволи потребите за ладење во целиот стан/куќа така да доколку навистина сакате комфорт во вашиот дом Ви преостанува некој од следниве системи:

4. Топлотна пумпа воздух-вода и фенкојлери како грејни тела во секоја просторија
+ладење и греење во секоја просторија
+греење до -15°С, а со користење на вградени ел.грејачи - неограничено!
+далеку помала потрошувачка на електрична енергија во однос на ел.котел (за 1kW електрична енергија добивате до 3kW топлинска) за споредба кај системите за греење на струја (ел.котел и слично) овој однос е 1 спрема 1!
+можност за поединечна контрола на секој фенкојлер
+загревање на регистри во WC
+можност за производство на топла санитарна вода
+можност за изведба со подно греење
-високи инвестициски трошоци
-опаѓање на степенот на искористување зависност од надворешните услови



5. Топлотна пумпа вода-вода (отворен систем) во комбинација фенкојлери и/или подно греење
+ладење и греење во секоја просторија
+непроменет степен на искористување во сите годишни периоди поради постојаната температура на водата во бунарот. Не зависи од надворешната температура, се движи од 10 до 14°С преку целата година
+најмала потрошувачка на електрична енергија (за 1kW електрична енергија добивате до 5kW топлинска) за споредба кај системите за греење на струја (ел.котел и слично) овој однос е 1 спрема 1!
+можност за поединечна контрола на секој фенкојлер
+загревање на регистри во WC
+можност за производство на топла санитарна вода
-високи инвестициски трошоци
-потребна достапност на проточна вода или бунар
-трошоци за бушење и поставување на цевки и инсталација






6. Топлотна пумпа вода/фреон-вода (затворен систем) во комбинација фенкојлери и/или подно греење
+ладење и греење во секоја просторија
+непроменет степен на искористување во сите годишни периоди поради постојаната температура на водата во бунарот. Не зависи од надворешната температура, се движи од 10 до 14°С преку целата година
+најмала потрошувачка на електрична енергија (за 1kW електрична енергија добивате до 3,5kW топлинска) за споредба кај системите за греење на струја (ел.котел и слично) овој однос е 1 спрема 1!
+можност за поединечна контрола на секој фенкојлер
+загревање на регистри во WC
+можност за користење и во повисоки предели без достапна вода
+можност за производство на топла санитарна вода
-високи инвестициски трошоци
-трошоци за бушење и поставување на цевки и инсталација




7. Топлотна пумпа мулти сплит систем во комбинација на внатрешни испарувачки единици (најслично на малите сплит системи само со повеќе внатрешни единици)
+ладење и греење во секоја просторија
+греење до -15°С, а со користење на вградени ел.грејачи - неограничено!
+помала потрошувачка на електрична енергија (за 1kW електрична енергија добивате до 3kW топлинска)
+можност за поединечна контрола на секоја внатрешна едниница
-не може да се комбинира со подно греење
-нема можност за производство на топла санитарна вода (или е доста скапа инвестицијата)
-високи инвестициски трошоци
-зависност од надворешните услови - температури



За сега толку од мене...
За сите прашања стојам на располагање.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43918
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #82 на: 14 Ноември 2012, 11:31:34 am »
@Deni, Со реле ти е сигурно :D Јас имам едно реле трофазно што (треба да) тера 18KW конвектори, врзано на дигитален програматор. Сега моментално тера 12kw максимум (толку конвектори во истовремено користам максимално сега за сега)
Од каде е програматорот?


Одамна го имам, тој се користеше за парното греење, со 3 различни програми, секоја индивидуално може да се штела. А инаку за кај моите за електричното парно има нов земено од Електрометал. Цена да не ти кажувам пошто пред 3 или 4 години е купуван... Брат ми зема многу фенси програматор од Логинг Електроника, провери дали има (се гаси плавото светло):






Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #83 на: 14 Ноември 2012, 14:18:14 pm »
Е вака...
.......

ке беше глупо цел пост да го квотирам...
начелно се сложувам со скоро се со тебе, освен со топлинската искористливост во однос на елкетричен систем. значи кај електричните котли, добиената топлинска енергија е за 1 киловат 0,5 киловати топлинска енергија односно 1:0,5. кај кано системот е 1 киловат за 1 киловат однсно гледано према котлите 1:2.

за топлинските пумпи имам неколку замерки за нивото функционирање но не би сакал да го рушам интегритетот твој а пак уште помалку на фирмата во која работиш. една мала заебанција е да се направи мал кикс при правење бушотина ке се заебе се. вториот момент е дека со топлинските пумпи вода-воздух и вода-вода. и последниот момент е инвестицијата. поставување на фенкојлери е страшно јака инвестиција, но и комодитетна во секој случај. не за џабе рекол народот уште од памтивек.. АКО НЕЗНАЕШ ШТО Е ПОДОБРО, ПРАШАЈ ШТО Е ПОСКАПО... мада на денешно време тоа нетреба да се земе здраво за готово, меѓутоа, тука дискутираме за техника т.е. технологија, а за нејзе богами итекако сеуште важи. заебот моѓе да биде само при бирање на добавувач-монтер на конкретна технологија

кано систем-електричен котел-руски подморници-топлинска пумпа (геотермална)-котел на плин-котел на нафта... се тоа се РАЗЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ на добивање исти продукт т.е. топлина. и секоја технологија си има своја цена.

топлински пумпи (геотермални) не се баш евтинки, ама секако се поисплатливи од било што друго. ама за куќа од 150 квадрати ти треба одприлика...? колку...? 10-15.000 евра за цел зафат со се фенкојлери и слично... јас знам дека во следната куќа што ке ја правам ке ставам ИСЛУЧИВО ПОДНО ГРЕЕЊЕ со геотермална пумпа, а ке имам и радијаторско ама само со кано систем...

тебе ке те контактирам, за да ти кркнам форумџиски попуст :) инаку, ајде колега и по струка и форумџиски колега, објасни им на лугево зашто јас како термичар би одлучил да ставам само подно греење со геотермална пумпа....? и тоа би ја предимензонирал малку... што мислиш зашто?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #84 на: 14 Ноември 2012, 15:54:42 pm »
Сигурно од истите причини зошто јас ставив подно греење и планирам да го врзам на геотермална пумпа...

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7119
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #85 на: 15 Ноември 2012, 12:03:06 pm »
Онак ваљда од следниве неколку причини:

1. Рамномерно загревање, секогаш топол под и најпријатно чувство




2. Најголем степен на искористување на топлинската пумпа бидејќи работи на многу пониска температура од радијатори (60°С) /фенкојлери (45°С), подно 35°С.
За температура од 35°С, COP (степен на искористување е над 5) или за 1kW електрична - 5kW топлинска




3. Температурата на водата во земја никогаш не е под 10°С, значи троши помалку енергија од топлотната пумпа воздух-вода која треба да работи со медиум воздух на пр. -10°С.




ЕДИТ: 4. Да не се плашиш секој месец кога ќе го правиш ова:



Ако сум пропуштил нешто слободно пиши...
« Последно менување: 15 Ноември 2012, 12:15:39 pm AUUU »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #86 на: 15 Ноември 2012, 12:25:10 pm »
Првата слика што си ја ставил е најбитна во светот. Баш од таму доаѓа заштедата, и убавото чувство!!!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10987
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #87 на: 15 Ноември 2012, 12:29:54 pm »
Само да не се претерува па да ти отекуваат нозете :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #88 на: 15 Ноември 2012, 12:30:36 pm »
Се знае која е дозволена температура за подно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #89 на: 16 Ноември 2012, 00:54:41 am »
Онак ваљда од следниве неколку причини:

1. Рамномерно загревање, секогаш топол под и најпријатно чувство

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


2. Најголем степен на искористување на топлинската пумпа бидејќи работи на многу пониска температура од радијатори (60°С) /фенкојлери (45°С), подно 35°С.
За температура од 35°С, COP (степен на искористување е над 5) или за 1kW електрична - 5kW топлинска

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


3. Температурата на водата во земја никогаш не е под 10°С, значи троши помалку енергија од топлотната пумпа воздух-вода која треба да работи со медиум воздух на пр. -10°С.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


ЕДИТ: 4. Да не се плашиш секој месец кога ќе го правиш ова:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ако сум пропуштил нешто слободно пиши...

апсолутно се точно.. освен фактот дека фенкојлер на 45 степени е слаб загревател... имав јас и фенкојлери и сум местел... во принцип фенкојлер треба да го ојачаш повеке од радијатор за да осетиш топлина, затоа што првичната и базична замисла на фенкојлер е брзо загревање на простор. а тоа со 45 степени тешко, поготово со тавански фенкојлери... туку батали тоа...

искористливоста на топлинската енергија на подно греење од дадената за потрошената струја НА ТОПЛИНСКИТЕ ГЕОТЕРМАЛНИ ПУМПИ е нај голема...или, што би се рекло со режим на греење од 24 часа со подно греење ке потрошам потполно исто како 12-14 саати со радијаторско греење. од проста причина што подното греење исто како и радијаторското ке работи 12-14 саати, затоа што е инертно. само иницијалното загревање до 35-38 степени е “машко“ повлекување на енергија, после одржавањето е со понизок фактор на потрошувачка.

и на крај, како што реков, допуна со радијаторско греење за оние црни зимски денови ама исклучиво со кано систем, не со топлинска пумпа.

п.с. веке 4-5 години барам квалитетен модус со избор на квалитетни изменувачи на топлина (пред се мала количина на течност да имаат) за да можам да вградам кано систем како електрична допуна на геотермална пумпа. најдов некои решениа, ама инвестицијата е сериозно машка... да не кажам дека еден изменувач кошта околју 1400 евра без додатните глупости за приклучување... кога на тоа ке ги додадеш нив и цената на кано системот, сериозно се качува цената на целиот систем со геотермална...

п.п.с. ако не си проверил, провери дека сум во право. на ниво на македонија 10 степени под земја е реткост... просчено се движи околу 8 т.е. од 7 до 9 степени... за разлика од норвешка и шведска на пример, каде што просечната температура под земја е околу 14-16 степени. ама па они имаат друг проблем, на 5-6 метра под земја им се карпи претежно...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време