Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1285410 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2756
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6420 на: 17 Октомври 2025, 12:16:25 pm »
Мала консултација, се работи за ГРЕЕ инвертер на моите, не дува топло, денеска да пуштат да затопли воопшто не сака да дува топло. Можно ли е кога е правено детално чистење  со дезинфекција пред летната сезона мајсторот да откачил нешто или слично. Компресорот си работи, врти перката, барем така ми кажаа. Некоја сугестија

Прво провери, да не им е уклучено рециркулација на воздух. Ако не е, викни мајстор. Или ќе ги пертлува цевките, или ќе ги завари. (Ако е до нив)
Само да пишам повратно, немало доволно фреон, сепак климата е 10+ години
Своерачен потпис ;)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2076
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6421 на: 17 Октомври 2025, 12:22:28 pm »
Климата ја очистив те викнав да ја операт од внатре тоа што излезе се запрепастив катран црна вода, во станов активно 3 години се живее нит пушачи нит ништо, се чисти све редовно али внатре перката од кондензадии си лепела прашина што не ја гледаме ние а на крај ја дишеме затоа редовно чистење барем еднаш или на 2 години ке практикувам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8216
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6422 на: 17 Октомври 2025, 13:46:30 pm »
Еднаш годишно е обавезно чистење. Дури и ако грееш со неа и на 6 месеци си има потреба да се чисти.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1566
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6423 на: 18 Октомври 2025, 14:09:47 pm »
Пушти видео/аудио да чуеме какво е тоа чудно брчење, вака на памет само може да збориме.
https://imgur.com/a/IlEC9Ky

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1566
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6424 на: 20 Октомври 2025, 16:59:26 pm »
^^
Се отвара видеото ?

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6425 на: 22 Октомври 2025, 11:56:13 am »
Дали овој модул би одговарал и на Вивакс Аеми?

https://m.tehnomarket.com.mk/product/741095/vivax-cool-wifi-modul-aevi-aeri

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6426 на: 27 Ноември 2025, 13:00:45 pm »
Ми треба помош околу избор на клими кои моментално се на добар попуст поради B.F. Изборот се сведува во главно на следното:

Midea Extreme Lite Nordic Second generation SMART - 22.000 MKD



MIDEA FOREST Second generation - 18.000 MKD

Читав на форумот на benchmark дека Extreme моделите имаат некој софтверски баг и често влегуваат во DF без потреба.

Ми треба за греење 30кв, топол стан на јужна страна.

Отсутен slavkovskim

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 1
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6427 на: 12 Декември 2025, 12:17:49 pm »
Здраво на сите. Ми се допаѓа што во carclub форум, има и дел каде што би зборувале за греењето по дома.
Па овака, ова е мојата приказна и одлука.
Живеам на спрат од куќа (изградена 2022 година), истата има термоцигла 25цм + 8цм стиропор. Плочата под мене и над мене има стиропорни монти и стиродур на подот помеѓу паркет и кошулица. На спратот под мене (фактички ќе му дојде само под дневната, бидејќи таа е површината на приземје, живеат баба ми), на таван-поткровјето над мене нема ништо. Имам околу 95м2 површина со некои 2.6м висина на плафон. Прозорците ми се Рехау со 2-стакла, мислам некои 5-коморни (не се најпремиум и немаат највисока изолација).
Поминав две зими со греењето со Hyundai 5.5Kw инвертер, која што се наоѓа во дневната и ги "затоплував" уште спалната и уште една соба која ја користам за работа. Дневната е некои 32-33 м2, спалните некои 12м2 по спална, и заедно со ходникот од некои 7-8м2. Вршеше работа и доста евтино, но греењето не е тоа тоа, посебно со една клима не можеш да затоплиш повеќе простории. Исто така и ВЦ-то од 8м2 беше многу ладно и морав да ставам греалка што дува за да ја одбегнам потенцијалната мувла и влага. Од аспект на цена, само климата сама по себе немаше потрошено над 4000 денари во месец, што воопшто не е скапо за во куќа.
Кога беше изведена куќата, ставена беше инсталација за парно + радијатори (имам некои 100-105 ребра). Многу, многу се мислев дали да ставам топлинска пумпа, или котел на пелети бидејќи и двете опции ми беа возможни, со исклучок дека топлинската пумпа ќе беше некои 2-2.5х поскапа (премиум бренд). Многу бев скептик бидејќи имам поврзано радијатори, кои што би барале над 50*ц температура на вода за да бидат топли и загреваат, а за тоа се намалува драстично SCOP и потрошувачката би била доста поголема во струја.
Јас се одлучив за котел на пелети - Термофлукс Интерио 18, што можеби е малку предимензиониран за мојата квадратура и изолација, но немаше ништо од Термофлукс котлите што е послабо. Порано имало и Интерио 15, но сега по ново има само 18 и 25. Јас планирам да го користам само во поладните денови(кога температурите се под 10*ц преку ден и околу 0 или под 0 преку ноќ) - што не би претставувало проблем за јачината. Котелот секако работи со модулација на некои 5kw, што е доволно за оваа површина. Котелот е поврзан со бежичен WiFi термостат ENGO E20i, и истиот е подесен со хистериза од 1*ц. Климата планирам да ја користам преку ноќ, за да одржува некоја температура од 21-22*ц, додека пак котелот за преку ден каде што дневната температура е околу 24*ц.
Во реален ден на греење со него, котелот работи некои 2-3 часа, влегува во модулација, и се исклучува бидејќи постигнува 0.5*ц над зададената температура. Дури по тоа откако ќе се симне температурата за 1-1.5*ц од зададената, а тоа е тек по 2-3 часа, повторно се вклучува. Температурата на вода е подесена на 60*ц. Користам Шишарка А1 пелети и можам да кажам дека апсолутно никакво ѓубре и пепел не се прави од нив. А топлината, 23*ц со радијатори ми е приближно како 25*ц со клима.
Во врска со потрошувачката, рано е да се каже, се надевам дека би било некој просек од околу 1 вреќа на ден (од 7-8 наутро па се до 10-11 вечер). Во врска со цената на пелети - купување само во мај, јуни месец и раат да не биде како годинава.
Поздрав
« Последно менување: 12 Декември 2025, 12:28:26 pm slavkovskim »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4517
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6428 на: 12 Декември 2025, 12:47:21 pm »
^ дали опцијата со топлинска пумпа вклучуваше и buffer tank од 200-300 литри? У таков случај веројатно може да се искористи ефтината струја за загревање на водата, па да се користи преку ден.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6221
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6429 на: 16 Декември 2025, 01:11:22 am »
Супер работа си завршил со котелот,топлотна пумпа и радијатори според мене е но го,види на поврат на котел та немаш пониска температура од 60 степени за да избегнеш кондезација на котелот и ќумците.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6430 на: 09 Февруари 2026, 20:49:40 pm »
Имам вивакс аери 3.5ка и во последно време внатрешната единица почна да биде погласна. Најверојатено лагерите се отидени. Нејќам со монтери да се бркам па се мислам сам да ги менувам.
Дали некој случајно знае димензија на лагери?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6431 на: 09 Февруари 2026, 21:09:53 pm »
Ти требаар два лагери со ознака 608.
Ако си за најквалитетна опција земи СКФ од увозникот од Прилеп - SKF 608-2RSH/C3GJN, 8x22x7 (mm)

Тој уред го користи моторот WZDK20-38G, се најдува на алиекспрес цел мотор за 20-30€.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6432 на: 09 Февруари 2026, 21:15:48 pm »
ЕјАј не дава точна информација. Најдобро да се расклопи и да се извадат и со мустра по нови. Тамам да можи и  прописно да се исчисти вентилаторот.

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6433 на: 11 Февруари 2026, 10:46:27 am »
Здраво,
Ме интересира колку од прилика би ме коштало само работна рака за подно греење за стан од 120 м2. Материјалите знам од прилика. Подно за греење и 4-5 фенкојлери за ладење по собите. Колку би било некој да дојде и да ја постави инсталацијата.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #6434 на: 11 Февруари 2026, 19:12:53 pm »
ЕјАј не дава точна информација. Најдобро да се расклопи и да се извадат и со мустра по нови. Тамам да можи и  прописно да се исчисти вентилаторот.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
99% се 608 лагери.
Отвори го капакот и сликни го десно моторот (се гледа налепницата).