Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1055774 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #135 на: 07 Декември 2012, 09:18:28 am »
Техничко решение или марифет/ мајсторл`к во штелување?

па и двете друже...мајсторлак во техничкото решение...
на првиот го сопираш вентилот скоро до крај,со малку пропустливост,
на вториот малку повеќе од првиот и така  
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #136 на: 07 Декември 2012, 09:33:11 am »
така некако, ама не баш сосема.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #137 на: 07 Декември 2012, 10:48:51 am »
зависи од вентилот,ако е поквалитетен со точна регулација ќе биде супер :)
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #138 на: 07 Декември 2012, 11:54:33 am »
With all due respect, ама ни случајно не смее да има толкава температура подот. Ни приближно. Ни, приближно.

ај кажи ми зошто жити се? јас работам термика 12 години и мислм дека е време да научам нешто... зашто не повеке од 26 степени? те молам дај ми факти, објаснувања, докази, примери...

Овде 100% морам да се согласам со Дени, подното греење не смее да има повисока температура од 29 степени.
Во греење и климатизација прво што го научив е тоа, а е заради следниве 2 основи работи:
1. Услови на комфор - кои го дефинираат субјективното доживување на греењето а не само мерените вредности на температурата - види табела
2. Заради штетноста од високата температура врз крвотокот во стапала и нозете при подолга изложеност кое предизвикува проширени вени и пукање на капилари.
И ова не се нови истражувања туку постојат од пред 50-60 години со оглед дека беа валидни уште во времето кога јас студирав.


Друга работа е дека со толку мала потенцијална разлика не е можно постигање оптимална температура среде зима, но никој пак не вика дека подното греење е доволно за наши климатски услови. Затоа за наши климатски услови секогаш се препорачува комбинација на подно со панелно, ѕидно, канално ...


Edit1: Еве каква температура сакаат клиентите во Англија:

Q: Will my floor get too hot?

A: The thermostats come supplied with a floor probe that will continuously monitor your floor temperature. The required temperature can be easily adjusted. Most of our customers like a floor temperature between 22 and 27°C.

@Онак - Очигледно си на голема мака кога некој сака температура на подното од 40 степени. Лугето еднаш мора да сватат дека ПОВЕЌЕ - НЕ Е СЕКОГАШ И ПОДОБРО .
« Последно менување: 07 Декември 2012, 12:49:33 pm ZokiPet »

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1815
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #139 на: 08 Декември 2012, 13:35:09 pm »
Сака еден пријател да  купува оне што се за греење панелите или  електричен радиатор, прашувал за панелите му рекле ако немаш изолација џабе е таква,он сега се грее на термо печка али ич не е стоплено ладно е во собата а сметката е огин,според вас и ако има некој искуство со панелите и радиаторите нека каже што е подобро да земе?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #140 на: 08 Декември 2012, 13:38:34 pm »
Ако нема изолација  - џабе му е со било што. Квалитетните Панелни греалки се доста ефикасни, но термо печката има предност да акумулира топлина од ефтина струја. Било кој друг тип на греење ја нема таа предност.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #141 на: 08 Декември 2012, 14:27:24 pm »
Термо печка е поефикасно решение од конвектор. Иако зборот „поефикасно“ не е правилен на ова место, ќе се осудам да го употребам. Тоа е највеќе заради термичката акумулација на печката која со соодветен тајминг може да доведе до привидна поголема ефикасност. Имено, ако печката се пушти на ефтина струја да акумулира топлина на 2.5, и во текот на денот се чува на 2ка (рецимо) ќе се добие помала сметка за струја отколку ако печката стои постојано на 2.2 пуштена. Ова зборуваме ако не се пушта да дува печката, туку се користи со цел заштеда на енергија.

Панелите од друга страна загреваат, но немаат акумулаторска топлина. Од тие причини тие црпат од електричната енергија постојано - и на скапа струја. Со тоа се привидно понеефикасни од термоакумулационите печки.

Не велам дека термо не користи струја на скапа тарифа, туку само дека односот на потрошена струја е различен. Панел би трошел 20% во ефтина и 80% во скапа, а термопечка би трошела 45% во ефтина и 55% во скапа тарифа.

Термоакумулациона печка е најефикасно решение за загревање на домашни простории со струја - во рамки на ефтина и скапа тарифа. Подното греење може да се користи како акумулатор исто така, па да постигне поголема ефикасност во поглед на висина на сметките.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #142 на: 13 Декември 2012, 22:14:26 pm »
каде се продава кај нас термостат кој се монтира на цефките од парното,да ми ја гаси пумпата навечер за да не ми се лади водата во бољерот


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4971
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #143 на: 13 Декември 2012, 22:19:40 pm »
Мислам дека тоа чудо се вика диференцијален термостат? Види го и ова
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3368
можно е да е поевтина варијанта

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #144 на: 13 Декември 2012, 22:23:53 pm »
Кар клуб - форум за автомобили, море форум за сеее  ;D
Алал да ви е   :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #145 на: 13 Декември 2012, 22:26:37 pm »
каде се продава кај нас термостат кој се монтира на цефките од парното,да ми ја гаси пумпата навечер за да не ми се лади водата во бољерот

Искрено по мене ова е најголема глупост што сум ја виде...Ја пре би ставил вентил, а ако баш сакаш само навечер, стави си електромагнетен вентил и тајмер и ај здраво
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #146 на: 13 Декември 2012, 23:11:47 pm »
кај мене со вентили е решено тоа

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #147 на: 13 Декември 2012, 23:15:32 pm »
некако не ми се мења сега вентили и слично,ова ми е по просто,ја мери температурата на цефката кај пумпата и кога таа че падне да речеме под 15 степени ја гаси пумпата за да не го лади бољерот,синоќа баш пробав ја исклучив и сабајле имаше топла вода во бољерот

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #148 на: 13 Декември 2012, 23:21:29 pm »
Во принцип парнаџиите препорачуваат пумпата цело време да работи, ако и` праиш пали/гаси многу побрзо ќе се растропа и ќе отиде (ова е и мое лично искуство). Може Онак да каже дали е така или не, ама јас би барал друго чаре, а не гасење на пумпата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #149 на: 13 Декември 2012, 23:26:11 pm »
ајде ќе почекаме одговор од специјалистот онак :D  најверојатно вакви вентили на бољерот ќе ми завршат работа

http://www.metacon.rs/katalog.php?prodID=516&catID=40